Банкарските провизии ги налутија граѓаните. Данок на шалтер - 10 ден.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
БАНKАРСKИТЕ ПРОВИЗИИ ГИ НАЛУТИЈА ГРАЃАНИТЕ
Данок на шалтер - 10 денари

За доброутро на шалтер во банка мора да ~ оставите 10 денари на службеничката. Ова не е шега, туку вака реагираат граѓаните на провизиите што ги наплаќаат банките за услугите. Така, за да подигнете плата на шалтер во голем дел од деловните банки ќе мора да платите провизија од 10 денари. Kолку пати во месецот да тропнете на шалтерот за да подигате пари, ќе мора да платите за оваа услуга по десет денари без разлика дали ви требаат 500 денари или 5.000 денари.

Новиот тарифник на Kомерцијална банка, кој почна да се применува од април, ги испровоцира граѓаните. Реагираа до нашата редакција револтирани од зголемените провизии. Според новиот тарифник, за водење трансакциска сметка наместо досегашните 10 денари, од овој месец Kомерцијална банка ќе наплаќа 15 денари. Но, и со оваа цена Kомерцијална е поевтина од другите банки, кои за истата услуга наплаќаат и по 20 денари.

Kога се обидовме да истражуваме која банка колкави провизии наплаќа, излезе дека Kомерцијална направила само приспособување на тарифникот за провизии кој во споредба со другите комерцијални банки во земјава бил и понизок.

Впрочем, банките лани наплатија 70 милиони евра од провизии од граѓаните и од компаниите. Банкарите коментираат дека правило е дека со провизиите треба да се намират платите на вработените. Но, секоја промена на цената на услугите предизвикува револт кај граѓаните. Велат дека с` поскапува, па дури и банкарските провизии што и онака беа високи.

- Бев да подигнам плата од шалтер. Се изненадив кога службеникот ми побара 10 денари провизија. Тоа никогаш не ми се случило – вели Бранко Т. од Скопје, кој се јави во нашата редакција. Тој објасни дека го упатиле да извади пари од банкомат.

- Парите ми требаа итно, и морав да извадам над 30.000 денари. Но за подигнување на оваа сума мора да трошам и мобилен телефон и да се јавувам во централата на банката за да ги известам. Значи с` е трошок - вели тој.

- Во изминатиот период Kомерцијална банка, како и голем број други банки во земјава добија дополнителни обврски за наплата на услуги кои исклучиво се вршат преку шалтерите на банките или поштата (административни такси, радиодифузна такса и слично), со што се зголеми бројот на корисници на готовински трансакции на шалтерите на банките. Тоа придонесе за зголемување на бројот на поплаки на корисниците, што и покрај реорганизацијата и другите мерки што банките ги презедоа тешко можеше да се надмине. Од почетокот на април, воведовме провизија за подигнување готовина од трансакциска сметка на шалтер, со цел за готовински трансакции да се стимулираат клиентите за користење на широката мрежа на банкомати на банката, каде што подигнувањето готовина со дебитна картичка е без надомест. Секако, од наплаќањето на оваа провизија се исклучени пензионерите и клиентите што примаат надомест врз основа на технолошки вишок - објаснуваат од Kомерцијална.

„Дневник“ истражуваше и дојде до следните податоци. За подигање готовина од шалтер по 10 денари, освен Kомерцијална, досега наплаќала и Тутунска банка. Охридска банка по 5 денари ако подигате до 6.000 денари, а по 10 денари, ако износот е над 6.000 денари. Стопанска банка и Алфа банка не наплаќаат ваква провизија. За водење трансакциска сметка провизија наплаќаат речиси сите банки што ги прашавме. Така, новиот износ во Kомерцијална банка е 15 денари месечно, Тутунска банка и Стопанска банка за оваа услуга наплаќаат 20 денари, Охридска банка 15 денари, а Алфа банка 10 денари за износ над 10.000 денари, а под тој износ нема провизија.
Александра Филиповска

Минимум 2 евра месечно за трансакциска
Трансакциската сметка чини пари, пресметале дури и самите банкари. Нивните математики покажуваат дека секој клиент што поседува трансакциска сметка месечно ќе им остави по минимум 2 евра. Тие пресметале дека наплаќаат просечно по 15 денари за водење трансакциска сметка месечно, по 40 денари во просек од клиентите кои минимум четири пати месечно ќе подигнат пари од шалтер и по 60 денари во просек секој граѓанин ако плаќа некоја сметка за школо, градинка, радиодифузна сметка и слично. Овие 115 денари се минимално загарантирани приходи на банките од секој граѓанин што поседува трансакциска сметка и ги користи шалтерските услуги. Банките пресметале дека ако се користат банкомати и електронски услуги, граѓаните ќе платат само 27 денари за истите услуги.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=596D2F88ADDB1347A98482C9B8AE59A0
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
бре бре , овие суви ќе не исцицат ... данот за трошење О2 очекувам скоро ..
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Како си го пишал насловот со големи букви, помислив дека проработела свеста на македончето па својата лутина масовно ја покажува по скопските улици.

Ќе им пројде лутината, не се секирај. Таман работа да протестираат :pipi:
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Тамн ќе помислам дека во Македонија е достигнато највисокото ниво на ДЕБИЛИТЕТ, и баш во тој момент ке се појави нов рекорд.
:facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
А кога носам дневен промет ќе ми бараат + 10 денари ? или само коа им земаш бараат
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Леле и за ова ли!?
Малку им беше што ги качија провизиите за уплаќање, сега и за вадење пари, па дури и за сметката да поседуваш ќе ги качат. Ништо, од сега парите под душек ќе ги чуваме. :icon_lol:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Како си го пишал насловот со големи букви, помислив дека проработела свеста на македончето па својата лутина масовно ја покажува по скопските улици.

Ќе им пројде лутината, не се секирај. Таман работа да протестираат :pipi:
Ништо немам пишано јас сето копирано ми е :icon_lol:.
 
F

FARANG

Гостин
Sosema normalna rabota e ova be luge. Pa sekade vo svet e taka. Ako sakas da im go gubis vremeto i vadis pari od salter mesto od bankomat normalno e da platis za uslugata.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ако е нешто позитивно од ова тоа е што нема да има гужви од пензионери на шалтер кои денгубат со саати в банка оневозможувајќи им на другите на време да си завршат работа.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ако е нешто позитивно од ова тоа е што нема да има гужви од пензионери на шалтер кои денгубат со саати в банка оневозможувајќи им на другите на време да си завршат работа.
Да и одма ќе научат пари од банкомат да вадат? Ни им се гледа ни им се слуша за нив банкоматот е вселенска програма. Пак ќе си чекаат ред на шалтер само ќе има бричење банкарско.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Нека направат лесно да се плаќаат сметки преку нет и никој жив нема да им припари во банка.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Ако е нешто позитивно од ова тоа е што нема да има гужви од пензионери на шалтер кои денгубат со саати в банка оневозможувајќи им на другите на време да си завршат работа.
Баш напротив....пензионерите имаат најмногу слободно време....прават најмногу гужва....а усугите на шалтер им се бесплатни
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Нека направат лесно да се плаќаат сметки преку нет и никој жив нема да им припари во банка.
Става ако плакаш на фирма, ако ти требват пари в брои?
Во Бг до 5000лв/150000ден/ от гише нема такса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom