Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Rumeni obrafcinja
Jas si nosam sekoj den
Site deca malecki
Gi sakam so obrafcinja

Koga jas ke porasnam
Crveno ke nosam znam
Da mi se poznavaat
Rumenite obrafcinja

Oooobrafcinja, mali moi rumeni
sminki jas ne koristam, prirodni se crveni

Za neekolku godini
Golema ke bidam jas
Ama bez obrafcinja
Nigde ne zaminuvam

Golema devojka
Sto mnogu ke ja stipkaat
Maskite so prstinja
Za rumenite obrafcinja

Ooobrafcinja, mali moi rumeni
Sminki jas ne koristam, prirodni se crveni
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
И тоа ти викам Драга, не ми се прави муабет.
Се нервирам ефтината струја ја нема, сеа ќе треба на раце да перам алишта....
Ни правосмукалка нема да можам да уклучам.... А таман купив нова, на вода демек по најнов терк.
Па ко за беља сеа и немам пиво веќе у гајбата.... :notworthy:
Баш и си размишљам, па шо ќе биде и пивото ако го поскапат ?! Народов има да шизне скроз. А од вода не се живее само бе . :tapp:

:свиркам:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
К,
Зошто ли само се обидувам да „дремнам“ после работа... Јас не знам ко човек да дремнам 1 саат, јас спијам по 5 саати... Долга ноќ ми претстои...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Е баш ми е рамно се до Јапонија и назад. Ич уво не ми чуе за било што. И подобро е така. Многу подобро.
Уште розеви очила да си најдам... :unsure:

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Не е секира за секого! Во 14 часот се разбудив од звукот на цепење дрва. Очигледно некој долу се заиграл во гаражата. Се симнав долу, го најдов татко ми па решив да му помогнам демек. Барем ги средивме, но крајот немаше да биди така ,,добар" ако нешто лево не се случеше , па така сетив само дека нешто на палецот ме клука., погледнав и забележав дека ми фали еден добар дел на длабински отстранета кожа.. Ракијата да си ја сакате деца, не е само за пиење, како некоја билка е пустата.
Решив малку да дремнам бидејќи требаше да слезам до чаршија да купам нови патики, па така си пуштив Godspeed you! Black Eperor! и во таа ,,магична" состојба останав да уживам. Потстанав околу 19, но без размислување се вратив назад во креветот, се чувствував прекрасно лежејќи и слушајќи музика која ме однесе на највисоката планина со видик кон силни водопади. Батали патики кога водопадите изгледаат прекрасно и звучат уште попрекрасно.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Сонив многу лошо и два дена снагата ми се тресе, самата помисла на тоа ми е застрашувачка и чувствувам физичка болка во градиве, ме боли до срж. Но, она што ме вознемири повеќе од содржината на сонот е пораката што потсвеста ми ја испрати, ми разбуди минати бури, а зениците носат тага и неспокој, иако видикот кон Шар Планина е кристален. И се прашувам дали навистина ѕвездите ни се водилки или само си поигруваат со нас. Не знам, оддамна беше кога последен пат ги гледав, бидејќи сакам следниот пат кога ќе погледнам нагоре очите да не ми се насолзат. И поразително ми е тоа што сета храброст и сила што животот ми ја подарил во моето магично стапче е бесполезна. Можам само да ги отворам дланките и да се препуштам на судбината, иднината нека одлучи наместо мене, што ќе биде, ќе помине.

Во овој ден летен се` е како сон,
`ко сонот што го ветила Делфина,
`ко сказна од една љубов силна,
што нема крај, ниту почеток има.

 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
:pos: Не, али затоа ќе има пуно стикери, само да најдам време да појдам до џамбо :)

Ваков :rolleyes:

Како и да е драга, ќе си пукнам од среќа, уште да средам денес интернетот и да ти пишам ко за прв пат од мојот сопствен лап топ :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
:pos: Не, али затоа ќе има пуно стикери, само да најдам време да појдам до џамбо :)

Ваков :rolleyes:

Како и да е драга, ќе си пукнам од среќа, уште да средам денес интернетот и да ти пишам ко за прв пат од мојот сопствен лап топ :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom