Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Денеска се заљубив. :love:
Тој е висок, црн и убав дечко. Се вика Налле (со меки „л“). На почеток не можев ни името да му го изговорам, но подоцна се навикнав. Ме бакна уште на првиот состанок. :icon_mrgr: Бевме на плажа, малиот фино си се избања... Сеуште смрдам на него. Мислам дека и тој ме засака, видете како фино ме гледаше110812-1659.jpg

Вреди да му посветам јавно еден пост. За момент ми беше потполнета празнината во срцево што ми се створи кога ми замина Џина моја, иако не престанав да ја споредувам со него и нон стоп ја спомнував. :/
 
Драга,
значи денеска како ми е тргнат денов на средување, ова небило.
Станав сабајле и прво шо направив го ставив месото да се одмрзнува за да можам да си направам еден фин ручек. ( лажам мајками ми пржеше), си се изнашетав со мачето, испазарив толку многу шо требаше да се враќам со такси. После тоа незнам шо ми текна бришев, метев, вецето, предсобјето и салоно сум ги напраила ЏАМ. Се свети. И за крај си напраив лиснати за награда.
Патем истура времево ( ова дека чистев не за друго).
Сеа си уживам со пивце и грицки на тераса, и си ја симнувам новата серија.




Сеа драга извини шо дојде ти на ред вакви муабети да слушаш од мене, ама на некој мора да му се кажи. Не дека сум домајчинка. Ама мора да се истера мрзава.
 
Драга Озогласена Friend Зона, се среќаваме повторно јас и ти .......






По не знам кој ебан пат.






Како бе не им текнува да ти кажат дека сакаат да им бидеш само пријател пред да те издупчат во задник? Зар толку ли провоцирам? Зар толку ли мојов задник ги буни дечкиве? Clouded judgment велиш Кајге, а? Абе постелата уште не олади човече, кога доенеле одлука јеботе.

Јас не знам што сум правел во претходниот живот, ама мора да сум бил некое тешко олицетворение на злото, за вака да јадам дебел кармички стап. Само тоа би ги објаснило срањата моментално.

Абе од толку коњи, еден принц качен на некој од нив да дојдеше. Too much to ask Кајги?








Ајде, до следниот коњ.





..... Или магаре.





..... Веќе не ме изненадува ништо следно. Мислам дека се искусив.
 
Ако ја вакуумирам реалноста од се' што ме опкружува, ќе си направам една совршена проекција на несознание.
Се што треба да вшмукам во просторот со вакуум се најверојатно моите грижи, неодговорени прашања и по некое чувство на вина.
Не знам дали ќе паднам у несознание, или у среќа.
Или пак несознанието ми е најголемата среќа у животов.
Си ги замислувам улиците у димензија по која лебдат пешаци што никогаш не поминале или никогаш повеќе нема да поминат тука.
Се виткаат у форма на ленти за коса кои штотуку не се претвориле у машна.
Калеидоскоп од очи плеткаат во чворот.


Бум
 
Пијан сум... Вака како шо ме гледаш со карираните боксериции бев на една (бивша мејби) на свадба... Најгласен бев да знаеш Кајгано...

Еве на држ...

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знеав како би умрел,
ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.


Никогаш не сум бил волку искрен како песнава шо ќе ти ја постирам....:place: Песна која секогаш ме потсеќа на солзите на мајка ми :place:


И го препрочитувам и препрочитувам постот и не можам да заспијам ако го оставам вака тужен затоа еден муабет од нашите интернет сајтови со сензационалистички вести:

" Боки 13 ќе се мажи за шеик! "

Мојот коментар на тоа: Е не, стара мома ќе оде!

п.с Кој го гледаше вчера масакрот на Есма во Тоа сум јас на Телма... ? "Кралицата" требаше да биде на местото на Фиби у Френдс, дефинитивно!
 
Цел сам такв изнервиран што ме испокрадесва у сн, да знам дека ке се врату па у исти сн, ке заспију па и ке се врату, и ке им ебу фамилију на сви.
Работа е тој што пола сн ја си пакују ранци за да отиду негде зашто у град нема да биде безбедно за неколко саата и сви ме правесва будалу, за накрај кд се укључива сирене да пиштив сви у панику и некој паметан се нашја да ми украде 2 торбе, мани ја нервозан пцују на сви стране и си гу тражу девојку низ некој си трговски центар куде што сви паничесва и трчесва лево-десно, па едн ми доваѓа и ме нуди да ми га направи послеѓно еспресо за да се смиру, да му ебу р’ѓу.
 
Драга ,
за сите има место под сонцето.
Утре одам на пракса. Се копа тумул. Најинтресно ќе биди .
 
Др.К,

Се вратив и и овде ќе се потсетам: Некој да ми залепи два шамара ако и догодина се нафатам на исто дереџе.

По 18 часа пат, мастиката и овчото сирење ми легнаа ептен!
Ај лавју ту :)
 
Вчерашниот ноќен живот...:) - не ми беше воопшто лош :) ...Кога идам во Коктел Бар секад си поминувам убаво...Интересно ми е тоа место ептен, а и фини луѓе искачаат таму...После тоа бев на уште едно место, па на уште едно и дома си дојдов во 3 и нешто...
Моментот кога требаше да станам во 7 сабајле беше ХОРОР во вистинска смисла на зборот...Ми се плачеше од што ми беше мачно...Целото тело мислам ми тежеше...
Ама затоа сеа уште малку ќе си легнам...
Без разлика каде сум била вчера, најбитно ми е што со мене беа луѓе што ги почитувам и што се позитивни и и искрени...Каде и да си со такви ликови - нема утка... :)
Едвај чекам пак да излезам... :)
 
Драга,

Конечно можам да дишам слободно, конечно.
Без никој да ми кажува како зашто и дали смеам да дишам. Дали дишам погрешно и како смеам да дишам сама, а да не помислам дека можеби и он би сакал да дишиме заедно секако ако му е воља. А пак сама не дај боже може ќе ми се уарни, и после што? Како тоа, смеам да дишам само толку колку што он ми дозволува и тоа исклучиво по негова техника или никако.:tapp:
 
Моментално ќе си го пуштам Grease. Кога и да го гледам филмот, насмевка имам до уши и ме држи позитивна енергија уште 3 дена.
Мх, баш тоа и ми треба.
 
Еј мала.

Знаеш, животот се менува, приоритетите, чудесии. Ко бродски дневник. Се нишаат мисли, се нишаат спомени, луѓето околу мене доаѓаат и си одат. А ја? Којзнае. Статус кво, дури и тажно е. Во чекалната на животот.

Не знам. Имам 25, вљубена сум и ништо друго изгледа не ми е важно.
Громови, и на душа и во срце.
Да ја издржиме и оваа година. Со многу сили, со многу отстапувања, со штедење емоции и средства.
Фак јеа, да растеш и те како боли.

Ама не сум тажна... Само, некако, што знам. Превише свесна за сите нешта.
Дај нека помине овој период, да си ја нацртам целта што ми значи!
Низок старт..

И, идеме!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom