Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга...

Мислам дека имам проблем, мислам дека мислам премногу.И неколкумина околу мене го имаат приметено ова, но не знам како да престанам или да се одвикнам од тие предолги разговори со самата себе.Мислам дека затоа и никогаш не сум се пожалила дека ми е досадно.:pipi:
 
Нека зборува песнава, таман си кажува ко шо треба.
 
Женско и почит, два различни поима. Жени научете се да почитувате некој работи што машките ги прават од срце и вложуваат голем труд, а не цело време у умот ви се врти као "Не можат без нас... ние одлучуваме шо ќе им прајме"
 
Д.
прекрасно си поминав вечерва.....екстра.....а се думав дали да појдам или не. најискрено ќе згрешев ако не појдев мајке ми.

п.с. имам мали последици од мешање разна храна и пијалаци ама ајт ќе помине :P
 
Драга,
Викендов сум живеел како цар, со другари сум влегол во филм, мојте се на виќенд а ја колата земав да ја крадам цигари да пушам алкохол да пијам.. Викендов е ептен за раскажување ама ај може некој друг пат..

п.с. ова се приказни што се раскажуваат на внуците ;)
 
ДК,

Поздрав од преку барата, уште еднаш.

На ова исто место почнав многу да те дружам. Фрштев по 20-тина мислења во една сесија, пред секој оброк. Темите не ти ги бирав, секаде сакав да напишам, секаде да бидам прочитан...

А сега, желбата за тоа е веќе одмината. Сега има некои нови момци и девојки, на коишто им е најважно истото тоа, коишто се желни да го освојат светот со своите реченици и идеи. Не дека сум бил нешто особено продуктивен како повеќето, но дефинитивно повеќе пишував мислења од сегашниов период.

Како и да е, после повеќе од 4 години, поздрав повторно од истото место. Сè уште се дружиме и сè уште не те заборавам :)


Чаос.
 
Вака кога си ја вклучувам самосвесноста ми се стемнува пред очи.
Јас барем се трудам да си потсредам нешто у животов.
Летото само по себе е болест. И животов.
Пу.

не сум нема,
не можам да бидам,
а и да сум
нужноста се гледа.

не мора се да е збор
или слика
-исто.

тоа што илјадници форми има
не може помалку да има....

.....светски по светот во светот.... “
 
Драга Кајгана,

Конечно ми се разбистри, пијам кафе, и мислам на тебе :)

Имаше на времето еден виц:
Прашуваат студент на Електро: Знаете ли што е тоа сајбер секс?
А тој одговара: Сајбер што?
Прашуваат студентка на Филолошки: Знаете ли што е тоа сајбер секс?
А таа одговара: Каков секс?

Вчера имав слична случка: ја читав темата и го прашувам мојто либе дали чул за сапиосексуалност, а тој вели: Каква сексуалност?

Лелееее! ! Фала Богу!!!:cuc::cuc:Те прогласувам за човек!!!!

:love:

Уште нешто имав да кажам, ама ќе наминам подоцна.
 
Кајгана, добро утро. Да ти кажам, научени сме да кукаме у животов како се ни фали, а никако да видиме што ни е арно. Ама затоа сме различни, затоа сме позитивни и негативни, сакаме и мразиме.
Не знам како може да иам толку глупави соништа кога ми е убаво на душата. Бегам од обврски како од ѓавол. Сум ослабела дуууури едно кило.
Ај да го стаам кафето и да почнам да вртам по телефони. Мразам да работам кога сум на одмор. Мир нема.
 
Понекогаш важи она - клин со клин се избива...Доколку го примениш можеш побезболно да поминеш во одредена ситуација...Токму јас го правам ова, заради нешто што ми се деси периодов и полесно ми е до одредена мера барем, ако не комплетно... :cenzura:
 
Драга,
Знаеш какво е чувството да молиш за сопствени пари во оваа држава? При тоа си свесен дека нема од каде да ти платат. Значи наплатава во Македонија е очајна и рамна на самоубиство. Но гледај на позитивната страна - немаш пари и цело време и тебе ти ѕвонат за пари. Ех каква светла иднина имаме, важно жив си и дишеш зарем не е тоа причина да се радуваш?
Ма нека иде се у бестрага.
 
К,
Моите менеџери се најдобри бе ... Ти даваат проект кој не е твој, за кој не си знаел дека постои, ти даваат задолжение за промени во тој проект, никој не ти објаснува како работи проектот и што треба да работи и ти велат, Ај чао на одмор сме... И пак ќе биде старата „Снајди се сама, Несо“, уште да најдам правник оти проектот е за Тужење и пола работа ми е завршена ... :D
wtf е УПДР број?
п.с. Само да се вратат од одмор, има се да им е средено сите забелешки сама ќе си ги завршам :)
 
Драга...велат малите нешта го прават животот убав, а човекот среќен, но исто толку можат да ти го направат животот мизерен, а тебе несреќен.А во позадина всушност и не се така „мали“ како што изгледаат.Воопшто не се драга.Затоа многу ме иритира некој кога ќе ми каже дека сум чувствителна.За „ништо“ сум се чувствувала навредена или повредена.Ех, да беше за ништо драга...
 
Дај кајги благослови некоја ретарда уште поретардирана тема да отвори и да ми го развесели денов и благослови ги админиве да не ја делитнат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom