Western & Southern Open - Cincinnati 2012

Кој ќе го освои Синсинати кај мажите?

  • Федерер

    Гласови: 9 37,5%
  • Ѓоковиќ

    Гласови: 10 41,7%
  • Мареј

    Гласови: 2 8,3%
  • Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Дел Потро

    Гласови: 1 4,2%
  • Типсаревиќ

    Гласови: 0 0,0%
  • Монако

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг (ќе наведам во мислење)

    Гласови: 2 8,3%

  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Western & Southern Open е турнир кој се одржува во Синсинати уште од 1899тата година и е најстариот турнир во Соединетите Американски Држави кој денес се игра на исто место. Еден е од турнирите во Мастерс серијата кај мажите и Премиер 5 сериите во женска конкуренција.


Турнирот започна како Синсинати Опен, покасно бил познат под неколку различни имиња, вклучувајќи ги Tri-State Tennis Tournament и ATP Championships. Турнирот прво бил одржуван на терените на Avondale Ahtletic Club, но покасно ќе биде преместен на неколку различни локации поради промената на управата и поради промената на подлогата.
Првиот турнир е одигран на земја и воглавно бил игран на земја се до 1979. година кога засекогаш премина на тврда подлога. Во 1903. година турнирот е преместен во Cincinnati Tennis Club и тука е одржуван до 1972. година. Во 1974. година е префрлен во Cincinnati Convention Center и се играше во сала. Во 1979. година турнирот е преместен во Mason каде што и денеска се одржува, изграден е стадион и од земја преминува на тврда подлога. Покасно се изградени уште два стадиони. Трите стадиони од комплексот : Center Court, Grandstand Court и Court 3.

Оваа година и машки и женски турнир ќе биде одигран во истата седмица. Па со таа цел се доби моментално име на турнирот со комбинација од имињата : Western & Southern Financial Group Masters и Women's Open, се доби конечното и моменталното име - Western & Southern Open.

Center Court има капацитет од 11400 места, Grandstand има капацитет од 5000 места, а Court 3 од 2000 места.

Машките финални натпревари до 2010, минатата година Енди Мареј го доби финалето откако Новак Ѓоковиќ го предаде во средината на вториот сет при негатива од сет и брејк.







Женските финални натпревари до 2010, минатата година Марија Шарапова беше поуспешна од Јелена Јанковиќ во финалето во 3 сета (4-6 7-6 6-3)





Рекорди



Турнирот почнува веќе денеска, се очекува одличен тенис и покрај тоа што нема некои играчи од топ 10. Учеството го откажа Тсонга поради сообраќајна незгода во Торонто, а Рафаел Надал поради повреда на коленото.

Во машка конкуренција титулата ќе ја брани носителот на златото од Лондон 2012, Енди Мареј. Кај жените, исто така носителка на медал од овогодинашните олимписки игри, но сребрен, Марија Шарапова.

Победниците од 2011. преку слики :


Како најголем фаворит за освојување на турнирот е секако Ѓоковиќ, во одлична форма е после освојувањето на Торонто кој заврши денес, но сите знаеме за брзината на подлогата во Синсинати и токму поради тоа Роџер Федерер ќе е исклучително опасен за сите, впрочем и многу е нормално тоа да е така, сепак тој е првиот носител и прв светски рекет моментално.

Доколку помине турнирот без изненадувања, т.е. сите највисоко рангирани носители се пласираат до предвиденото коло, тогаш во полуфиналето би ги гледале овие мечеви :

Федерер - Ферер
Ѓоковиќ - Мареј

Потенцијални четвртфинални двојки :
Федерер - Монако
Ферер - Бердих
Дел Потро - Мареј
Типсаревиќ - Ѓоковиќ

За жените нема да пишувам многу бидејќи и не се дискутира премногу за нив, само целосниот жреб ќе биде прикажан преку линк.

Целосниот жреб во машка конкуренција ќе може да го погледните на линкот долу :
http://www.atpworldtour.com/Share/Event-Draws.aspx?Year=2012&EventId=422&Draw=ms
Целосниот жреб кај жените :
http://www.wtatennis.com/SEWTATour-Archive/posting/2012/1017/MDS.pdf
Официјалниот сајт на турнирот :
http://www.cincytennis.com/

Пренос ќе се врши на каналите на СпортКлуб за машка конкуренција, и стандардно женскиот дел од турнирот ќе оди на Еуроспорт 1 и 2.

Се надевам ви се допадна отворањето. Одговорете на анкетата и да видиме дали ќе сте успешни :)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Ноле го нема освоено овој турнир, а убаво би било со два Мастерса во серија да стартува на УС Опен и атак кон 6-ти Гренд Слем... Ме радува играта од Торонто, ќе видиме како ќе изигра тука, во присуство плус на Федерер, ДелПо, Мареј...

Колку за инфо, да го постирам распоредот на Ноле до евентуално финале... Има против него некоја "теорија на заговор" :cautious: :)

Прво коло: Слободен
Второ коло: Андреас Сепи / Робин Хасе
Трето коло: Александар Долгополов, Николај Давиденко, Флоријан Маер...
1/4 финале: Јанко Типсаревиќ, Марин Чилиќ, Пабло Андухар...
1/2 финале: Енди Мареј, Хуан Мартин Дел Потро, Џон Изнер, Енди Родик...
Финале: Роџер Федерер, Давид Ферер, Томаш Бердих, Хуан Монако, Марди Фиш, Жил Симон, Кеи Нишикори, Филип Колшрајбер, Ришард Гаске, Милош Раониќ...
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
ne e zavera,ta javna tajna e ,,srekata,, na Federer vo zdrebovite.
Za turnirot..dokolku Novak odigra kako shto znae teshko deka nekoj ke mu parira,no vo posledno vreme mnogu oscilira,se primetuva balkanskiot mentalitet,no mislam deka ke se vraka na lanskata forma,posebno sega,koga se igra na beton
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.442
Поени од реакции
5.567
Си ја врати Ноле самодовербата против Гаске во финалето,ми се чини дека од сега натаму ке го гледаме оној Ноле од АО лани па се до УС Опен :)
--- надополнето: 13 август 2012 во 11:50 ---
Инаку Џон Изнер го откажал учеството на Синсинати,на негово место ке влезе хрватот Иван Додиг.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Нешто нејасно? o_O
Не е нејасно, и те како е јасно. Дали навистина очекуваш пласман на Андухар во четвртфинале, па и крај на светот да е, невозможно е тоа покрај Чилиќ и Типсаревиќ.

Андухар ќе биде елиминиран уште во првото коло, од Матошевиќ ;)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Не е нејасно, и те како е јасно. Дали навистина очекуваш пласман на Андухар во четвртфинале, па и крај на светот да е, невозможно е тоа покрај Чилиќ и Типсаревиќ.

Андухар ќе биде елиминиран уште во првото коло, од Матошевиќ ;)
Затоа ме реплицираше и прсна од смеа?
Па тоа се можни противници, никаде нема 100% сигурност... Зошто да не? Спорт е, се е можно...
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Затоа ме реплицираше и прсна од смеа?
Па тоа се можни противници, никаде нема 100% сигурност... Зошто да не? Спорт е, се е можно...
Да, затоа.
Спорт е, ама ова е навистина невозможно. Значи ќе биде преголемо изненадување да го помине Матошевиќ, а да не зборуваме за Типса или Чилич.

Долгополов пак изгуби ептен брзо, овојпат 6-1 6-1 од Давиденко.
 
L

Löwe

Гостин
Да, затоа.
Спорт е, ама ова е навистина невозможно. Значи ќе биде преголемо изненадување да го помине Матошевиќ, а да не зборуваме за Типса или Чилич.

Долгополов пак изгуби ептен брзо, овојпат 6-1 6-1 од Давиденко.
Давиденко е закон бе, само што не тренира се заебава. Најголем талент е тој, на ранг на топ 3 а може и поголем. Само што се заебава сега... Игра онака, и често мести утакмици. Губи од некој со 1000+ ранг.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Ќе го наведам Брајан Бекер ,го среди Колшрајбер :icon_lol:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.919
Поени од реакции
16.189
Давиденко ќе го лапне наредно коло, ако не наредно, по наредно од Новак, ама по се изгледа од некој тапа тенисер попрво ќе му се деси поразот.
А и овој Долгополов, да му се мочам на тенисерот кој алудира на висок ранкинг, а губи од Давиденко, човек за во пензија.
Андухар го победил Матошевиќ :icon_lol:
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Давиденко ќе го лапне наредно коло, ако не наредно, по наредно од Новак, ама по се изгледа од некој тапа тенисер попрво ќе му се деси поразот.
А и овој Долгополов, да му се мочам на тенисерот кој алудира на висок ранкинг, а губи од Давиденко, човек за во пензија.
Андухар го победил Матошевиќ :icon_lol:
Давиденко следново игра во Мајер, пониска квота ќе е на Германецот така да ќе може да се очекува победа на Давиденко повторно. Во трето коло игра против Новак, и тука ќе заврши со настапот.

Долгополов и минатата недела многу лесно изгуби, од Штепанек 6-3 6-1.

Јас лично мислев дека уште против Матошевиќ ќе си го заврши настапот, ама следнава нема кај да бега, во 2 сета како маче ќе е скротен, од Типса. :)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Јас лично мислев дека уште против Матошевиќ ќе си го заврши настапот, ама следнава нема кај да бега, во 2 сета како маче ќе е скротен, од Типса. :)
Ај види, до трета мајка, ваљда ќе погодиш... (y)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Ај види, до трета мајка, ваљда ќе погодиш... (y)
Ако го споредуваш Матошевиќ со Типса алал да ти е. Е гледај вечер или утре кога играат па јави ми се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom