The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.037
- Поени од реакции
- 3.623
Western & Southern Open е турнир кој се одржува во Синсинати уште од 1899тата година и е најстариот турнир во Соединетите Американски Држави кој денес се игра на исто место. Еден е од турнирите во Мастерс серијата кај мажите и Премиер 5 сериите во женска конкуренција.
Турнирот започна како Синсинати Опен, покасно бил познат под неколку различни имиња, вклучувајќи ги Tri-State Tennis Tournament и ATP Championships. Турнирот прво бил одржуван на терените на Avondale Ahtletic Club, но покасно ќе биде преместен на неколку различни локации поради промената на управата и поради промената на подлогата.
Првиот турнир е одигран на земја и воглавно бил игран на земја се до 1979. година кога засекогаш премина на тврда подлога. Во 1903. година турнирот е преместен во Cincinnati Tennis Club и тука е одржуван до 1972. година. Во 1974. година е префрлен во Cincinnati Convention Center и се играше во сала. Во 1979. година турнирот е преместен во Mason каде што и денеска се одржува, изграден е стадион и од земја преминува на тврда подлога. Покасно се изградени уште два стадиони. Трите стадиони од комплексот : Center Court, Grandstand Court и Court 3.
Оваа година и машки и женски турнир ќе биде одигран во истата седмица. Па со таа цел се доби моментално име на турнирот со комбинација од имињата : Western & Southern Financial Group Masters и Women's Open, се доби конечното и моменталното име - Western & Southern Open.
Center Court има капацитет од 11400 места, Grandstand има капацитет од 5000 места, а Court 3 од 2000 места.
Машките финални натпревари до 2010, минатата година Енди Мареј го доби финалето откако Новак Ѓоковиќ го предаде во средината на вториот сет при негатива од сет и брејк.
Женските финални натпревари до 2010, минатата година Марија Шарапова беше поуспешна од Јелена Јанковиќ во финалето во 3 сета (4-6 7-6 6-3)
Рекорди
Турнирот почнува веќе денеска, се очекува одличен тенис и покрај тоа што нема некои играчи од топ 10. Учеството го откажа Тсонга поради сообраќајна незгода во Торонто, а Рафаел Надал поради повреда на коленото.
Во машка конкуренција титулата ќе ја брани носителот на златото од Лондон 2012, Енди Мареј. Кај жените, исто така носителка на медал од овогодинашните олимписки игри, но сребрен, Марија Шарапова.
Победниците од 2011. преку слики :
Како најголем фаворит за освојување на турнирот е секако Ѓоковиќ, во одлична форма е после освојувањето на Торонто кој заврши денес, но сите знаеме за брзината на подлогата во Синсинати и токму поради тоа Роџер Федерер ќе е исклучително опасен за сите, впрочем и многу е нормално тоа да е така, сепак тој е првиот носител и прв светски рекет моментално.
Доколку помине турнирот без изненадувања, т.е. сите највисоко рангирани носители се пласираат до предвиденото коло, тогаш во полуфиналето би ги гледале овие мечеви :
Федерер - Ферер
Ѓоковиќ - Мареј
Потенцијални четвртфинални двојки :
Федерер - Монако
Ферер - Бердих
Дел Потро - Мареј
Типсаревиќ - Ѓоковиќ
За жените нема да пишувам многу бидејќи и не се дискутира премногу за нив, само целосниот жреб ќе биде прикажан преку линк.
Целосниот жреб во машка конкуренција ќе може да го погледните на линкот долу :
http://www.atpworldtour.com/Share/Event-Draws.aspx?Year=2012&EventId=422&Draw=ms
Целосниот жреб кај жените :
http://www.wtatennis.com/SEWTATour-Archive/posting/2012/1017/MDS.pdf
Официјалниот сајт на турнирот :
http://www.cincytennis.com/
Пренос ќе се врши на каналите на СпортКлуб за машка конкуренција, и стандардно женскиот дел од турнирот ќе оди на Еуроспорт 1 и 2.
Се надевам ви се допадна отворањето. Одговорете на анкетата и да видиме дали ќе сте успешни