Ќе им дозволуваше да се сликаат голи за цел свет да ги гледа додека ти правиш пари од тоа? Навистина интелегентно!Ако жените беа сапиосексуалци, јас ќе бев Хју Хефнер...
Интелигенцијата е исто одлика на добра генетска позадина. А да си фит, не мора да значи и дека имаш добро гени .Јас сум против сапиосексуалците. Не е природно. Се знае, природата го направила човекот да бара единка за секс со најдобри перформанси кои ќе ги пренесе на потомството и ќе овозможи адаптирани и вклопени индивидуалци. А не, како овие трчаат кон некој кој е паметен, а тоа не значи дека е и генетски способен, адаптиран и фит, всушност поголема е шансата да не е, оти ако бил таков не би се свртил на нердување.
По ова следува дека јас сум сапиосексуалец.А секогаш се сметав за фрикЌе бидам искрен, за терминот и самиот слушнав пред само неколку дена, откако една другарка ме нарече така... Во почетокот не знаев дали да го сфатам како навреда или комплимент, но потоа ми објасни што се подразбира под тој термин.
Раскажував за една девојка која според мене беше само една од многуте (руса коса, сини очи, тренди, манекенски став, или обична шмизла, според мојот жаргон), но пред неколку недели имав шанса да ја запознаам малку подобро, почнав да ја гледам со други очи.
Причина? Па, ме изненади со нејзините сфаќања за светот и начинот на размислување. Иако сè надворешно кај неа укажуваше на шмизла, нејзините карактерни особини вреска: NERD!
И ми стана мнооооогу попривлечна од порано.
Значи, сапиосексуалност (како што ми објасни другарката која моментално пишува труд на тема „Човечка сексуалност“) е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација?
А, да не си била шмизла со плави очи, коса ќе те фател само ради муабетот? Не си ласкајте дека праите добар муабет пошто сапиосексуалци не постојат, мора прво нешто да те привлече за да го почнеш муабетот.Многу интересно. Дечко ми на таа карта ме фати, јас надворешно сум му изгледала таканаречена шмизла без мозок (плави очи, коса итн...) а уствари кога виде каков муабет има во мене одма друг филм ми сврте и за озбилно се фативме нормално .
Не се согласувам со тебе. Порано и јас мислев исто, но сепак не било така. Ако некој навистина сака да те запознае и внатрешно ќе најде начин, а ако те маргинализира како помалку интелигентна само поради некои стереотипи значи и кај него нешто не е во ред со неговата ментална свест. Доколку јас не сум знаела да сврзам паметна реченица, секако дека секое паметно машко нема да ме сака за долги стази така? Или можеби грешам ?А, да не си била шмизла со плави очи, коса ќе те фател само ради муабетот? Не си ласкајте дека праите добар муабет пошто сапиосексуалци не постојат, мора прво нешто да те привлече за да го почнеш муабетот.
Доколку ти си му била ружна и на тебе ништо физички не го привлекувало немал да ти биде дечко сигурно па ти ако сакаш откривај му квантни физики со муабетот. Ќе си му била само другарка со која ќе си праи муабет пошо му се свиѓа муабетот, нели.Не се согласувам со тебе. Порано и јас мислев исто, но сепак не било така. Ако некој навистина сака да те запознае и внатрешно ќе најде начин, а ако те маргинализира како помалку интелигентна само поради некои стереотипи значи и кај него нешто не е во ред со неговата ментална свест. Доколку јас не сум знаела да сврзам паметна реченица, секако дека секое паметно машко нема да ме сака за долги стази така? Или можеби грешам ?
Не мора да значи, има исклучоци во се па и во ова горенаведеното од твоја страна... ваљда (пошо не сум јас у тие исклучоци не можам да тврдам со сигурност)Доколку ти си му била ружна и на тебе ништо физички не го привлекувало немал да ти биде дечко сигурно па ти ако сакаш откривај му квантни физики со муабетот. Ќе си му била само другарка со која ќе си праи муабет пошо му се свиѓа муабетот, нели.
Ова е поинаква ситуација...ти сама кажа дека си згодна и убава, но твојот лајф-стајл е како на девојка која што не изгледа многу бистра и твојот сегашен дечко имал проблем само со тоа, не со твојот изглед кога на пример би облекла нешто друго, или пак подобро кажано кога не би носела ништо.Не мора да значи, има исклучоци во се па и во ова горенаведеното од твоја страна... ваљда (пошо не сум јас у тие исклучоци не можам да тврдам со сигурност)