Сапиосексуалност

N

Nessa Alcarin

Гостин
Ако жените беа сапиосексуалци, јас ќе бев Хју Хефнер...

:pos:
Ќе им дозволуваше да се сликаат голи за цел свет да ги гледа додека ти правиш пари од тоа? Навистина интелегентно! :P
п.с Довлечкај се до Скопје де.. еве го кај е..
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас сум против сапиосексуалците. Не е природно. Се знае, природата го направила човекот да бара единка за секс со најдобри перформанси кои ќе ги пренесе на потомството и ќе овозможи адаптирани и вклопени индивидуалци. А не, како овие трчаат кон некој кој е паметен, а тоа не значи дека е и генетски способен, адаптиран и фит, всушност поголема е шансата да не е, оти ако бил таков не би се свртил на нердување.
Интелигенцијата е исто одлика на добра генетска позадина. А да си фит, не мора да значи и дека имаш добро гени :).
edit leandra
 
M

Muranyi

Гостин
Ќе бидам искрен, за терминот и самиот слушнав пред само неколку дена, откако една другарка ме нарече така... Во почетокот не знаев дали да го сфатам како навреда или комплимент, но потоа ми објасни што се подразбира под тој термин.
Раскажував за една девојка која според мене беше само една од многуте (руса коса, сини очи, тренди, манекенски став, или обична шмизла, според мојот жаргон), но пред неколку недели имав шанса да ја запознаам малку подобро, почнав да ја гледам со други очи.
Причина? Па, ме изненади со нејзините сфаќања за светот и начинот на размислување. Иако сè надворешно кај неа укажуваше на шмизла, нејзините карактерни особини вреска: NERD!
И ми стана мнооооогу попривлечна од порано.
Значи, сапиосексуалност (како што ми објасни другарката која моментално пишува труд на тема „Човечка сексуалност“) е однесување при кое индивидуата е привлечена или се возбудува од интелигенцијата и употребата на истата, и ја наоѓа интелигенцијата како најсексуална особина. Односно, на сапиосексуалците не им е важен толку многу изгледот, туку колку нивниот партнер е паметен и интелигентен.
Што мислите вие за оваа (така да ја наречеме) сексуална ориентација? :D
По ова следува дека јас сум сапиосексуалец.А секогаш се сметав за фрик:D
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Кога ке ми текне на темана дека мажите преферираат глупави жени, и дека повеќето меѓуредови и така се изјаснија, се ми се чини дека темава треба да биде сапиосексуалки.
Најверојатно, жените сакаат паметни мажи. Не знам некоја што ке рече, или барем ке изрази двоумење за тоа дали сака глуп маж. Сите ние сакаме паменти мажи. Интелегентни. Мажи што се способни да живеат самостојно. Мажи кои ке знаат за што зборуваме.
Од друга страна пак, сметам дека треба да се однесуваме онака како што сакаме да се однесуваат кон нас. Јас сигурно не би сакала некој да биде со мене заради физичкиот изглед. А секако и се сомневам во тоа дека заради мојот физикус(што би рекол Зафирчев) некој би бил со мене. Глуп маж, слеп маж, маж кој не знае дека жените се менуваат, стареат, огрдуваат. Шансата да стане грда и стара е многу поголема од шансата да стане сенилна. Оттука, знаејќи дека мажите не биле со мене заради физичкиот изглед, туку најмногу заради забавата и удобноста и поддршката, и јас не би била со маж заради тоа што е убав.Како што не сакам маж да биде со мене заради образованието, не сакам ни јас да бидам со него оти е д-р на науки. Туку заради тоа што е способен со две реченици да ме плесне на земја, да ми го заврти светот. Оти знае да ми го направи интересен денот. Дали ова мене ме става во групата сапиосексуалци, кој термин претпоставувам е измисле од грдите за да се тешат дека има такви кои би ги сакале?
А ако ме става, дали фактот дека ако мажот кој би ми бил партнер, ке мора да има одредени физички предиспозиции, да речеме дека сакам брада, убави раце, симпатична насмевка, убави очи, цврт газ....ме оддалечува од сапиосексуланоста?
Дали сум била само баксуз или е коинциденција кога сум излегувала со манекени, модели и спортисти кои биле занесно убави, излегувале неограничено глупави?
И така, горенаведеното се сведува на само еден заклучок. Партнерите ги бираме да бидат убави. Уставри, не убави, туку секси, похотни, партнери со кои ке сакаме секс. И со кои ке имаме муабет. Оти подеднакво може да запали допир во кревет колку и совршена реченица. И што правиме сега? Нормални сме или не сме дури ни обични сапиосексуалци?
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
читам шо напишал авторот на темата, прогуглав и открив - јас сум сапиосексуалец :)
... btw пошо најголем секс орган е мозокот - сите сме по малку :P зависи од нивото на интелегенција :D

Јас уствари и така се вљубив по втор пат во дечко ми :) ради интелектот негов :love:
дечко ми не е грд ( не дека ми е дечко, па го бранам) и физички ми се допаѓа{(ше) и првпат кога го видов}

...незнам зашо муабетиве се свртиле ако е паметен/а и ненако ве реченицата, муабеот има грд/а . . . па убаво си кажа човекот шо ја отвори темата . . . другарка му била права плавуша на излгед, а устави nerd во душа :)
Шо значи клишињата паѓаат во вода.
Глупо е да се верува и води човек според клишињата... уствари бесмиселно,
... а и убавината е варијабилна категорија... за вкус не се расправа... тоа што за некого е убаво за друг е грдо и обранто...
...исто и со интелектот... секој има свои граници- што за него е паметен човек, што не - тоа е индивидуална проценка :)

...
некого го привлекува физикото кај луѓето, некого интелекотот, некого и двете особини, трет нешто друго . . . се’ тоа е нормално :)секој си знае за себе :)
 

Peterson15

A TryHard
Член од
20 мај 2012
Мислења
169
Поени од реакции
188
Секако да пали интелигенцијата, бидејќи паметен човек во склоп со улична школа и добри социјални способности кај повеќе би запалил од манекен којшо нема став, ни посебни способности да води разговор во права смисла на зборот - да знае поткрепено за точно што се работи и да неговото мислење не произлегува само бидејќи мнозинството така мисли. Но, на крај сапиосексуалност не би рекол да постои. Интелигенцијата само ја надополнува или дава втора шанса на личноста којашо јас би требало да ја сметам бар просечно атрактивна (лице, тело) за потоа да осетам многу посилен магнет. Сепак, површниот физички изглед и атракција на овој долу секогаш е на прво место, бидејќи не верувам да некој способен за сексуален однос го бира партнерот единствено да расправаат со години различни општествени, политички и научни теми дур не си умрат.
 
D

dirty angel

Гостин
Многу интересно. Дечко ми на таа карта ме фати, јас надворешно сум му изгледала таканаречена шмизла без мозок (плави очи, коса итн...) а уствари кога виде каков муабет има во мене одма друг филм ми сврте и за озбилно се фативме нормално :).
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Многу интересно. Дечко ми на таа карта ме фати, јас надворешно сум му изгледала таканаречена шмизла без мозок (плави очи, коса итн...) а уствари кога виде каков муабет има во мене одма друг филм ми сврте и за озбилно се фативме нормално :).
А, да не си била шмизла со плави очи, коса ќе те фател само ради муабетот? Не си ласкајте дека праите добар муабет пошто сапиосексуалци не постојат, мора прво нешто да те привлече за да го почнеш муабетот.
 
D

dirty angel

Гостин
А, да не си била шмизла со плави очи, коса ќе те фател само ради муабетот? Не си ласкајте дека праите добар муабет пошто сапиосексуалци не постојат, мора прво нешто да те привлече за да го почнеш муабетот.
Не се согласувам со тебе. Порано и јас мислев исто, но сепак не било така. Ако некој навистина сака да те запознае и внатрешно ќе најде начин, а ако те маргинализира како помалку интелигентна само поради некои стереотипи значи и кај него нешто не е во ред со неговата ментална свест. Доколку јас не сум знаела да сврзам паметна реченица, секако дека секое паметно машко нема да ме сака за долги стази така? Или можеби грешам :sneaky: ?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Не се согласувам со тебе. Порано и јас мислев исто, но сепак не било така. Ако некој навистина сака да те запознае и внатрешно ќе најде начин, а ако те маргинализира како помалку интелигентна само поради некои стереотипи значи и кај него нешто не е во ред со неговата ментална свест. Доколку јас не сум знаела да сврзам паметна реченица, секако дека секое паметно машко нема да ме сака за долги стази така? Или можеби грешам :sneaky: ?
Доколку ти си му била ружна и на тебе ништо физички не го привлекувало немал да ти биде дечко сигурно па ти ако сакаш откривај му квантни физики со муабетот. Ќе си му била само другарка со која ќе си праи муабет пошо му се свиѓа муабетот, нели.
 
D

dirty angel

Гостин
Доколку ти си му била ружна и на тебе ништо физички не го привлекувало немал да ти биде дечко сигурно па ти ако сакаш откривај му квантни физики со муабетот. Ќе си му била само другарка со која ќе си праи муабет пошо му се свиѓа муабетот, нели.
Не мора да значи, има исклучоци во се па и во ова горенаведеното од твоја страна... ваљда :) (пошо не сум јас у тие исклучоци не можам да тврдам со сигурност)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не мора да значи, има исклучоци во се па и во ова горенаведеното од твоја страна... ваљда :) (пошо не сум јас у тие исклучоци не можам да тврдам со сигурност)
Ова е поинаква ситуација...ти сама кажа дека си згодна и убава, но твојот лајф-стајл е како на девојка која што не изгледа многу бистра и твојот сегашен дечко имал проблем само со тоа, не со твојот изглед кога на пример би облекла нешто друго, или пак подобро кажано кога не би носела ништо.
Дечкото кај тебе е стереотипсексуалец, не е сапиосексуалец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom