Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Не беа исти понудите. Во понудата на Челзи имаше повеќе бонуси за агентот и Хазард и тоа ја одигра целата игра на крајот.
Исти беа понудите иако САФ јавно рече демек барал 6 милиони фунти агентот што нема врска, после тоа откако потпиша Хазард искочија податоците за понудите и тотално исти беа. Само Сити имаше помала понуда од нас и Челзи и тоа драстично помала.
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
ziak92
Па нема ни ПСЖ некој бош тренер.
Епа сега ако имаат пари, ај да не ги трошат? Се правиш како вашиот клуб, да не троши ич пари на трансфери.
Како не гледаш друга причина? Не мислиш дека ПСЖ може да му гарантира повеќе утакмици од Јунајтед? Не мислиш дека ПСЖ има потенцијал да стане најдобриот клуб на светот?
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.546
Поени од реакции
4.181

Хахаха баш ме насмеа со болдот .:LOL:
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
ziak92
Па нема ни ПСЖ некој бош тренер.
Епа сега ако имаат пари, ај да не ги трошат? Се правиш како вашиот клуб, да не троши ич пари на трансфери.
Како не гледаш друга причина? Не мислиш дека ПСЖ може да му гарантира повеќе утакмици од Јунајтед? Не мислиш дека ПСЖ има потенцијал да стане најдобриот клуб на светот?
Ги мешаш многу работите, Карло Анчелоти е добар тренер но ти објаснивме дека подобар човек од Фергусон за развивање таленти нема. Не сум баш сигурен дека таму ќе игра повеќе утакмици од во Јунајтед, сите добро ја знаеме познатата ротација на Ферги додека Лукас таму би требало да игра пред играчи што се платени колку него и повеќе. Друго е потенцијал а друго е да си меѓу најдобрите клубови во светот и Лукас е потенцијал голем но може да остане само потенцијал.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Не си во право и самиот го знаеш тоа,како прво никој не веруваше дека Лукас ќе го одбие Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед во светот значи голем клуб,клуб со богата историја и познати фудбалери што играле во него.Но, полека пополека ги губиме битките за некои фудбалери кои што се интересираме,поради пари!Кој би рекол дека еден клинец(во случајов Мура) повеќе има интерес за пари отколку за клубот во кој би настапувал е голем клуб кој што освојува трофеи и сл. Му понудиле висока плата,некојси "проект" и толку парите во глава го удрија.
Секако дека ние овде ќе бидеме револтирани кога одбива голем клуб каков што е Манчестер Јунајтед,поради некојси клуб што сега почна да дава "астрономски" плати и купува фудбалери по високи цени...
Во денешно време фудбалерите не ги интересираат трофеите,туку парите!

Јас би ти кажал една поговорка: ПАРИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ!
Епа брат јебига, убаво кажа. Парите го вртат светот. Башка тоа, незнам зошто толку нелогично гледате на самава ситуација што Лукас ни акна корпа. Па пичка му, не е емотивно поврзан со нас. Од сосема 5ти клуб е, и од кај знаеме кој му е него фејворит европски клуб. Можда како мал Реал го сакал. На крај краева, до некаде го оправдувам неговиот потег. Ќе лапне повеќе пари. Од љубов не се живее. Што му значи него мислењето на народот, наспрема милионите што ќе ги земе тој? Па овде колку сакаме моежеме да јадеме :гомце:, да го псуваме и мразиме и што фајде од тоа, он ќе си има повеќе $$.
Имаме среќа што во вакви луди времиња го имаме САФ кој знае од СИТЕ (кои просечни, кои надпросечни а кои подпросечни играчи) да го изваде максиумот. На гол разлика ја изгубивме титулата. Од кога ќе замине САФ, или ќе мораме да лупаме астрономски суми за играчи, успат и такви плати, или ќе лутаме како Ливерпул, да не го споменувам и Арсенал.
Тоа е суровата реалност.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
9.449
Исти беа понудите иако САФ јавно рече демек барал 6 милиони фунти агентот што нема врска, после тоа откако потпиша Хазард искочија податоците за понудите и тотално исти беа. Само Сити имаше помала понуда од нас и Челзи и тоа драстично помала.
САФ баш по преминот на Хазард во Челзи го изјави баш тоа, а за тоа со податоците не сум запознаен. Можеби грешам, али така мислам баш

ziak92
Па нема ни ПСЖ некој бош тренер.
Епа сега ако имаат пари, ај да не ги трошат? Се правиш како вашиот клуб, да не троши ич пари на трансфери.
Како не гледаш друга причина? Не мислиш дека ПСЖ може да му гарантира повеќе утакмици од Јунајтед? Не мислиш дека ПСЖ има потенцијал да стане најдобриот клуб на светот?
Немам ништо против Анчелоти другар, само ти го кажувам фактот за САФ. Секој кого би прашал би ти го кажал истото. САФ досега доста тинејџери ги претворил во играчишта, да не ти ги набројувам сега. Друга работа, не можеш да правиш споредба меѓу Јунајтед и ПСЖ. Клуб кој има голема традиција и кој во моментов е меѓу најдобрите во светот во споредба со проект наречен ПСЖ кој може да заврши како Малага. Не викам дека нашиот клуб не троши пари, ама тоа не го прави како последниве клубови кои од нигде никаде излегуваат со такви суми ради нивните шеици. Има голема разлика кога клубот со пари обезбедени од свои приходи прави трансфер и кога клуб со пари од газдите се расфрла по играчи. Е сега ако му гарантираше ПСЖ повеќе натпревари сигурно ќе го земеа од сега, а не ќе го оставеле во Сао Паоло па после во Јануари ќе го доведат...Едно е да се има потенцијал да се стане најдобар клуб, тоа не гарантира ништо...И јас имам потенцијал да сум милјардер ама не гарантира тоа ништо дека би станал. Наспроти тоа Јунајтед е клуб со традиција веќе долго време, па дури и кога би имал послаби резултати во некој период секогаш ќе биде над ПСЖ.
 
Vidic15

Капитенот
Член од
2 јули 2009
Мислења
596
Поени од реакции
495
Бидете сигурни дека доколку нашата понуда од 32 мил беше формулирана на друг начин односно 25 за клубот и 7 за агентот во интервјуто сега Лукас ке зборуваше како сака да игра во клуб со голема историја со најдобриот тренер итн. Агентот ја прави сета работа.
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Во ред е. Уживајте :)
Е сега ако му гарантираше ПСЖ повеќе натпревари сигурно ќе го земеа од сега, а не ќе го оставеле во Сао Паоло па после во Јануари ќе го доведат.
Ова мислам дека е барање на Сао Пауло, за да игра за нив до крајот на сезоната(декември завршува кај нив).

Иначе си/сте запнале со традиција, како тоа да е најбитно.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Бидете сигурни дека доколку нашата понуда од 32 мил беше формулирана на друг начин односно 25 за клубот и 7 за агентот во интервјуто сега Лукас ке зборуваше како сака да игра во клуб со голема историја со најдобриот тренер итн. Агентот ја прави сета работа.
Агентот има голем удел во се тоа е точно, но не можеш да ме убедиш дека ако играчот не сака да оди таму може со сила агентот да го убеди, има голем број случаеви каде што играчот едноставно не сака да игра таму и не може зборот на агентот да е појак од играчот, сепак играчот го најмува агентот не обратно. Играч > Агент
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Агентот има голем удел во се тоа е точно, но не можеш да ме убедиш дека ако играчот не сака да оди таму може со сила агентот да го убеди, има голем број случаеви каде што играчот едноставно не сака да игра таму и не може зборот на агентот да е појак од играчот, сепак играчот го најмува агентот не обратно. Играч > Агент
Друже значи ова е така, али во други случаеви. Валенсија му ги удри клоците на агентот, ама Тони има 27 години и знае да РАЗМИСЛИ што е ок, а што не е. Овај копиљов уште не знае да си го избриши гз-от. Нормално дека на 17години можат убаво умот да ти го исперат, особено агентите што нивното IQ е далеку поголемо наспрема играчот.
 
Да ова е така, но само ако играчот е цврсто решен да оди во некој клуб. А кога се мисли помеѓу повеке клубови и незнае каде сака да оди тогаш сигурно ке го слуша советот на својот агент кој ке му најде еден куп "аргументи" за да го убеди да оди во клубот кој дава највеке пари за него.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Друже значи ова е така, али во други случаеви. Валенсија му ги удри клоците на агентот, ама Тони има 27 години и знае да РАЗМИСЛИ што е ок, а што не е. Овај копиљов уште не знае да си го избриши гз-от. Нормално дека на 17години можат убаво умот да ти го исперат, особено агентите што нивното IQ е далеку поголемо наспрема играчот.
Кои 17 години, Лукас ќе напуни 20 за некој ден, чиста одлука на играчот е се во повеќето случаеви, па не е малоумен играчот чиста негова одлука е што сака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom