Barclays Premier League Season 2012-2013

Кој ќе се пакува за у Европа?

  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Видете го овој на десна страна.

Се вика Kenneth McEvoy и игра за младинците на Тотенхем. Исти Бејл:cuc:
Само што се чешлаат на различна страна :D
 
S

Stivie G

Гостин
Во претходната тема шампион стана тимот кој беше 5ти во анкетата а истиот во последното коло играше против КПР. Ај видете кој тим е во таа позиција ова сезона:icon_lol:.
Исто така вториот според минатогодишната анкета имаше разочарувачка сезона :icon_lol:.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
Во претходната тема шампион стана тимот кој беше 5ти во анкетата а истиот во последното коло играше против КПР. Ај видете кој тим е во таа позиција ова сезона:icon_lol:.
Исто така вториот според минатогодишната анкета имаше разочарувачка сезона :icon_lol:.
А кој има најмнгоу гласови секоја година? :cool:
 
F

fantomX

Гостин
Значи 7 милиони фунти не се "мала вреќа ореви" за тоа време, а ни 25 годишни не се "деца". Пример, Овермарс на 24 години за 7 милиони фунти, Пети на 27 години, Леман на 34, Пирес на 27, Беркамп на 26 за 7,5 милиони, Вилторд на 26 за 11 милиони. Виеира и Анри се дојдени како доста млади, но претходно се флопнати во Милан и Јувентус. Постоеле и младинци како Анелка и Љунгберг и подоцна Фабрегас но тие биле во премал број и нормален за секој клуб. Значи Венгер никогаш не ни освојувал со деца. А се гледа дека такви деца зимале буквално сите клубови. Додека се имало услови со тогашните цени на фудбалерите се вложувало, а со промена на времето доаѓа и до трансформација. Промената ја прават Реал, Челзи, Јунајтед, а сега на тоа се надоврзуваат Сити и ПСЖ.
Е сеа, вториот дел ти беше наменет затоа што викаш дека Арсенал е едно од најголемите зла најверојатно затоа што прави пари од клубот. Епа како викаш, тоа е тоа, некој ќе има богати газди што ќе помогнат да се следат новите трендови на пазарот, некој ќе проба да најде начин да внесе пари од други извори.
А кој па тогаш одлучил дека Овермарс вреди 7 милиони фунти? Или Вилторд 11 милиони? Зошто да не за по 10000 фунти и по еден заеднички ручек? За огромен број на клубови тогаш тоа биле невозможни пари. И сега се. Правда и за нив да бараме? Нема такво нешто. Едноставно е: на некој му се може и тоа е тоа, за се во животот е така, фудбалот не е исклучок.
Во ред е Арсенал да прави пари од клубот, нема ништо ни лошо ни добро тука, едноставно то е начин на работа. Злото е, кога тие пари наголемо излегуваат од клубот во нефудбалски работи (дивиденди?).

И после тие 3-4 години излегоа Оскарци и Пасторовци по 40 мил?Ти го знаеш уствари Рио Фердинанд ?
Тотално неповрзан пост. Плус без поента.

Во основа, работата е многу едноставна: секој еден клуб како организација има свои однапред зацртани цели, во секој поглед, па така и за нови играчи - ако клубот ги има средствата, не ги жали за да го добие посакуваното (играчот во случајов). Толку е едноставно.

--- надополнето: 8 август 2012 во 02:13 ---

Партал е темава бре, лом. Ова ми падна в очи само:
А што ако утре падне цената на нафтата на 48 центи? Каде ќе проси шеикот од сити?
Шеикот од Сити веројатно ќе проси заедно со главниот спознор на Арсенал, авијацијата на Емиратите. Каде, па можат и пред стадионот на Арсенал, кој исто така се вика Емирати.

Неколку фанови на Арсенал покажуваат многу ограниченост овде, тие од Ливерпул бар историјата како непобитен факт ја имаат, овие од Арсенал се некои алхемии вртат.
 
F

fantomX

Гостин
....и коалицијата !

:vozbud:
--- надополнето: 8 август 2012 во 02:24 ---
Ме боли таквото колку троши Абрамовиќ и на каков начин преку-ноќ се збогатил во транзициона Русија.
Мило ми е што мојот омилен клуб, кој е во топ 6 најбогати клубови во светот, не ја следи најновата мода, а таа е расфрлање со пари и инфлација на цените за да се намали конкурентноста во трансферите. И кога некој ушлар како тебе ќе ја нападне таа политика нарекувајќи ја ‘зло‘, ми се повраќа.
Гајле ми е дали Челзи ќе дава по 50 милиона на психички нестабилни недоквакани напаѓачи, гајле ми е дали ќе дава по 40 милиона за извикани 19-годишњаци кои уште од пубертет не искочиле, ќе глумат супер-ѕвезди, ич не ми е гајле, ама Арсенал, единствениот клуб кој се додржа до достоинството и одби нафташи и милијардери да го купат клубот само заради својата визија во која не се даваат над 25 милиона фунти за играч, не ми го чепкај Арсенал.
Еве еден алхемичар.
Прва работа, која бре мода? Какво е тоа „расфрлање со пари и инфлација на цените за да се намали конкурентноста во трансферите“? Секој еден клуб си има листа со приоритетни играчи, секако најамбициозните клубови ги имаат најталентираните и најквалитетните играчи на листите. И прават се што можат за да ги ангажираат. То е то, џабе комплицираш.
Друга работа, продавање играчи за делење дивиденди е зло и паразитство.
Трета работа, како Арсенал додржал „да не го прими“? Со именување на стадионот - Емирати, пак нешто арапско? Уствари извини молим те, ова спонзорство е, вао. Не по врат по шија. Арсенал „го прими“, ама не цел емто со кондом, а?
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Колку ли само не сум бил во право кога мислев дека навивачите на Ман УТД се најголеми смрдежи од кога ја следам темава се уверив токму во спротивното.Ај овие од Челзи имаат некој аргумент колку толку бар од 2005 навака ама овие од Ливерпул како можат да коментираат не ми е јасно.

прашање до навивачите на Ливерпул
За кого навивате во ЛШ? Или поке сакате да гледате ЛЕ?
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Партал е темава бре, лом. Ова ми падна в очи само:

Шеикот од Сити веројатно ќе проси заедно со главниот спознор на Арсенал, авијацијата на Емиратите. Каде, па можат и пред стадионот на Арсенал, кој исто така се вика Емирати.

Неколку фанови на Арсенал покажуваат многу ограниченост овде, тие од Ливерпул бар историјата како непобитен факт ја имаат, овие од Арсенал се некои алхемии вртат.

Арсенал и пред емирати имал јаки спонзори како О2 или JVS, стадионот уште оваа сезона ќе го носи името емирати, потоа ќе се преименува во Ешбартон Гроув.

Кај и да е за неколку години бизнисот со нафта ќе доживее крах, неможе да се засити светот со тој енергенс, па како и секогаш човештвото ќе најде алтернатива.

Ќе просат сите шеици кога тогаш, бедуини биле и тоа ќе бидат за навек!

Огорченост немам, но ми смета што го поебаа фудбалов со астрономските цени на трансферите! Кого сакаш прашај, истово ќе ти го каже!
 
Точно така, парите вртат. Затоа не разбирам шо е проблемот.

Астрономски цени, за кого како.
Прашај кого сакаш кој е дел од фудбалскиот бизнис, никој не се буни ја мислам, за нив добро е шо се вртат пари - со 10 години макар и лоша кариера се обезбедуваш за цел живот финансиски. Лично мене на пример, не ме засега ни вака ни онака, т.е. никако.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Арсенал и пред емирати имал јаки спонзори како О2 или JVS, стадионот уште оваа сезона ќе го носи името емирати, потоа ќе се преименува во Ешбартон Гроув.

Кај и да е за неколку години бизнисот со нафта ќе доживее крах, неможе да се засити светот со тој енергенс, па како и секогаш човештвото ќе најде алтернатива.

Ќе просат сите шеици кога тогаш, бедуини биле и тоа ќе бидат за навек!

Огорченост немам, но ми смета што го поебаа фудбалов со астрономските цени на трансферите! Кого сакаш прашај, истово ќе ти го каже!

Here we go again.

Прво, нејќам да расправам ресурси и енергенси на оваа тема, јеби га, ама твојот феноменален заклучок за “крахот на бизнисот со нафта“ е далеку од добар.
Во блиска иднина твоето човештво нема шанси да пронајде ресурс што ќе ја замени нафтата, која како што викаш ја има се помалку.
А кога ја има помалку, и расте цената.
А кога и расте цената, им расте и богатството на нафташите.
А кога им расте богатството на нафташите, им расте и нивната куповна моќ
А кога им расте нивната куповна моќ, расте и моќта на нивните фудбалски тимови.
So, get over it.

и второ...

Пак оди кон верглање, ама „астрономските суми кои го расипале фудбалот“ пак не водат кон некој добар заклучок од твоја страна.

Мене ми се чини дека 11те милиони за Вилторд се претерано многу повеќе пари во споредба за неколку илјади германски марки кои биле уплатени за Кевин Киген, отколку денешните трансфери споредбено со парите за Вилторд.

напрај си една математика, равенка со една непозната, од оние линеарнине, и ќе видиш увидиш нешто. Можеби.

И уште фактот дека, се до доаѓањето на Џибрил Сисе во Ливерпул, во 2005 година (за 14 милиони фунти), најскап трансфер во историјата на црвените беше купувањето на Емил Хески од Лестер (2000 година, за 11 милиони фунти)

Емил Хески :)
 
F

fantomX

Гостин
Во блиска иднина твоето човештво нема шанси да пронајде ресурс што ќе ја замени нафтата, која како што викаш ја има се помалку.
Процедурален оф топик: има шанси.

Инаку валутите и нивната вредност, зезната работа. Удрете инфлација на 11те милиони за Вилторд ко е сте толку загреани, па да видиме колку фунти се по денешна пазарна вредност. Да не испадни после „пу пу не важи“.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Процедурален оф топик: има шанси.

Инаку валутите и нивната вредност, зезната работа. Удрете инфлација на 11те милиони за Вилторд ко е сте толку загреани, па да видиме колку фунти се по денешна пазарна вредност. Да не испадни после „пу пу не важи“.
За нафтата, нема шанси. бар не во скоро време. А скоро време значи: мој и твој животен век.
А и да има и мали шанси, ќе бидат згмечени од интересот на „таквите“ за да продолжи нивното богатење од “нешто што ќе го снема за 30 години“.
Секои 30 години, нафтата ја снемува за 30 години. Интересно.
Паранојата носи пари. И интерес.
Нема шанси, и за да не одиме оф д грид, мојме на друга тема за oil peak.

Него, за инфлацијата и остало околу вредноста на кешот, токму така.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Еве еден алхемичар.
Прва работа, која бре мода? Какво е тоа „расфрлање со пари и инфлација на цените за да се намали конкурентноста во трансферите“? Секој еден клуб си има листа со приоритетни играчи, секако најамбициозните клубови ги имаат најталентираните и најквалитетните играчи на листите. И прават се што можат за да ги ангажираат. То е то, џабе комплицираш.
Друга работа, продавање играчи за делење дивиденди е зло и паразитство.
Трета работа, како Арсенал додржал „да не го прими“? Со именување на стадионот - Емирати, пак нешто арапско? Уствари извини молим те, ова спонзорство е, вао. Не по врат по шија. Арсенал „го прими“, ама не цел емто со кондом, а?
Именувањето на стадионот не е перманентно. За мене 150 милиона за стадионот да ни се вика Емирати 7 години е добар бизнис.
Арсенал не продава играчи за дивиденди, туку нормално штедење на ресурси при инвестиција вредна 600 милиони фунти.
Нејсе, уште малку му остана на Арсенал да им отплаѓа долгови и камати на банките, потоа рацете на Венгер нема да му бидат врзани и одозгора имаме стадион кој ќе не служи во следните минимум 40 години.
Спонзор си е спонзор, дали шеик, дали транзиционен олигарх од Русија.
Sugar Daddy, тоа е веќе друг муабет, добро е додека го имаш, кога ќе му здосади или премногу зијан ќе му се фати и ќе фати магла, е тогаш клубот го јаде, го јаде дебело. А само прашање на време е тоа. И колку подолго трае летањево во облаци, толку потежок е падот.
 
F

fantomX

Гостин
За нафтата, нема шанси. бар не во скоро време. А скоро време значи: мој и твој животен век.
А и да има и мали шанси, ќе бидат згмечени од интересот на „таквите“ за да продолжи нивното богатење од “нешто што ќе го снема за 30 години“.
Секои 30 години, нафтата ја снемува за 30 години. Интересно.
Паранојата носи пари. И интерес.
Нема шанси, и за да не одиме оф д грид, мојме на друга тема за oil peak.

Него, за инфлацијата и остало околу вредноста на кешот, токму така.
Мислев од технолошки аспект, така гледано има. Ама ова болдираново, е то е реалноста, да.

Манчестер Јунајтед шампион инаку, на Манчини не можи два пати да му се посреќи, друг конкурент реално нема. Да почекаме до крај на преоден рок еве, ама ја не верувам во посериозни поместувања.
--- надополнето: 8 август 2012 во 03:00 ---
Именувањето на стадионот не е перманентно. За мене 150 милиона за стадионот да ни се вика Емирати 7 години е добар бизнис.

Арсенал не продава играчи за дивиденди, туку нормално штедење на ресурси при инвестиција вредна 600 милиони фунти.
Нејсе, уште малку му остана на Арсенал да им отплаѓа долгови и камати на банките, потоа рацете на Венгер нема да му бидат врзани и одозгора имаме стадион кој ќе не служи во следните минимум 40 години.

Спонзор си е спонзор, дали шеик, дали транзиционен олигарх од Русија.
Sugar Daddy, тоа е веќе друг муабет, добро е додека го имаш, кога ќе му здосади или премногу зијан ќе му се фати и ќе фати магла, е тогаш клубот го јаде, го јаде дебело. А само прашање на време е тоа. И колку подолго трае летањево во облаци, толку потежок е падот.
Добар бизнис бе, таман си реков, примен ама со кондом.

„Нормално штедење на ресурси“ ? Така нека биди.

Болдираното: тешка манипулација. Изворот на пари е нерелевантен ако е издржан. А ти со секое турање гориво во возилото и даваш тежина на платата на Агуеро на пример.
Подвлеченото: уште потешка манипулација. Сериозни луѓе прават сметки кога до каде можат да одат, ова ти шо си пишувал е твоја огорченост и желба, шо ти би сакал да се случи. Некогаш можи да биди, како не, ама се додека за се друго е криза а сите гордо возат автомобили на нафта, нема да се случи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom