Ај да е една утакмица,ами 4 се каде што противниците се буквално здробени.Победуваат со просечна разлика 8,5 голови и тоа пази кого тепаат Данска,Србија,Маџарска......ете и Кореа,али тие и онака не се нешто.Против европскиот првак и вицепрвак имаат разлика +19.
Да е само една утамица..........овој тим на Хрватска го следам веќе 8 години,од кои последните 4 детално.Никогаш не биле подобри од сега.Да има уште до крај,но ова што го играат сега е совршенство.Подобро од ова што го игра Хрватска овие утакмици не може да се игра,веројатно тоа е лимитот на спортот.Ни Франција кога ги освои сите свои медали не газела вака јаки противници.Е сега друга работа е до колку ќе ги држи ова.1/4 финалето ќе биде клучно,ако го пројдат мислам дека ќе осовојат злато.Само да не се сопнат таму.Една утакмица е,еден лош ден и адио.
Ај што се однесува до Балиќ.
А што е тоа него подредување на екипата чим не зима веќе да солира сам,а ? Балиќ од чист офанзивец и труп во одбрана стана во доста добар играч за во одбрана.И не му е проблем да го фати Хансен на фластер и овој да не може ни да прдне.Балиќ уште може да биде корисен во тесни ситуации,знае човекот кога треба да земе работите во свои раце.
Вори како сам на пикер е совршено дозиран.Не го троши до маскимум.На пример со Кореа добар дел од времето и беше на клупа.Сега на само подолгите напади влегуваше во напад,а повеќе од пола од времето не играше во одбрана.Гојун покрива често на пикер и во напад и во одбрана.
Ќе биде голема беља ако го повредат,но сега за сега Голужа одлично балансира со него.
Кој го спореди Дувњак со Балиќ ?Реков дека тек сега е на возраст кај што Балиќ се проби....читај малце.Комплетно различни играчи,во моментов Дувњак далеку подобар.Дечкото игра врвен ракомет и прерасна во светска класа играч.Во ХСВ кој што ептен потфрли минатата сезона една од ретките светли точки им беше.
Игра напад игра и одбрана,има шут,знае да асистира (мислам дека е прв во комбинација асистенции и голови на турниров),доста брз играч,добри физички предиспозиции има......
Алиловиќ и онака не брани ништо посебно.На него му лесно,има гранитна одбрана пред себе.Види како ни Хансен ни Маркусен,ни Наџ,ни Илиќ,ни Вујин не можат ни до шут да дојдат.А ако некако се кренат имаш блок кај што просечна висина е преку 2 метра.Алиловиќ брани само тоа што мора.
Одбраната е совршена (имаш планини кои се и големи и доста подвижни и гинат во одбрана) и контрата и полуконтрата се одлично извежбани.
Ако продолжат вака никој нема да ги сопре,само се надеваме дека нема да им се погоди некоја црна дупка како што често знае.