P
pepito*
Гостин
По тоа што го гледав досега од Исланд, мислам дека ќе ја тепа и Франција вечерва.
Полека, полека, тек сега почнува забавата...ќе изгледа човек еден натпревар и готово извади заклучок за се?Дали приметивте колку Балиќ и се има подредено на екипата?
Нешто неверојатно е тоа.Од играч кој што сите конци ги влечеше и цела игра ја диктираше сега се има толку внесено во една улога.
Тоа е тоа,прав мајстор.Свесен е за своите години и за тоа колку може да даде.Игра на таков начин да може се искористи максимумот од него.Сите го сметаа а себичњак,егоист,некој кој сака да игра за себе да се истакне,а ете го дојде ред да влегува само за во одбрана.Од чист офанзивец се претвори во играч што игра одбрана.Се гледа дека се права екипа и дека секој гине за секого таму и дека резултатот на екипата е најважен/
Тука секако и Голужа има огромна улога што има согледано кој колку може да даде и сите играчи правилно ги дозира.
И Вори сам што е на пикер соворшено е дозиран.
Ако некој се сомневал во Дувњак,нека размисли два пати после овие 2 години.Дечкото е тек сега на иста возраст како и Балиќ 2003 (кога и стана познат после СП) и доминира исто како него.Играчиште е станат.
Малку веројатно!По тоа што го гледав досега од Исланд, мислам дека ќе ја тепа и Франција вечерва.
Епа се оствари! Мислам дека Исланд ќе биде репрезентацијата што ќе изгуби во финалето од Хрватска. Поздрав до тогаш!--- надополнето: 4 август 2012 во 21:23 ---
Малку веројатно!
Well shit happens!Епа се оствари! Мислам дека Исланд ќе биде репрезентацијата што ќе изгуби во финалето од Хрватска. Поздрав до тогаш!
Ај Французиве да поминат некако.....ама кај ги најде овие двеве бе, немаат никакви шанси?Well shit happens!
Две топки на крај така им ги дадоа и овој Нарцис бе цело полувреме го нема и на крај во последна секунда му текна да шутира
Франција, Данска или Шпанија си одат со олимписко злато Хрватска тешко!
А ти си го видел ли наш Алушевски како трча а?Дали видовте дека нема ниту еден дебеч играч од овие што се на олимпијада? Дали видоевте како се трча од одбрана во напад без многу измени? Го видеовте тоа 22 годишното момче од исланд број 4 со црвени патики како растура? Тек сега гледам колку сме назад во ракоемтот.
Абе за еден играч не правам муабет, туку цел тим се како алушевски, што би рекол за нба играчите е како да играш против 10 мекелбовци, 5 у игра и 5 на клупа. Далеку сме ние светслосни години во екипен спорт.А ти си го видел ли наш Алушевски како трча а?
Ќе биде, ќе биде, дај им време они се како вино!Абе за еден играч не правам муабет, туку цел тим се како алушевски, што би рекол за нба играчите е како да играш против 10 мекелбовци, 5 у игра и 5 на клупа. Далеку сме ние светслосни години во екипен спорт.
Не знам какви се младинците ама мора да с еобрне внимание на телото да биде атлета. Не проаѓаат повеќе такви играчи коли личат на месари,Ќе биде, ќе биде, дај им време они се како вино!
Не знам, ќе се докаже кога ќе играме без публика како во ниш и белград, и во хрватска на светско кога се осеќавме како домаќини. Еве изгледа и србија поради домашниот терен стигна до сребро, еве овде на олимпијада не покажува ништо од квалитетот за една освоена медаља.Не сме толку назад ама некои луѓе не уназадуваат. Сигурни сме појаки од пола репрезентации што се во Лондон...
Ај да е една утакмица,ами 4 се каде што противниците се буквално здробени.Победуваат со просечна разлика 8,5 голови и тоа пази кого тепаат Данска,Србија,Маџарска......ете и Кореа,али тие и онака не се нешто.Против европскиот првак и вицепрвак имаат разлика +19.Полека, полека, тек сега почнува забавата...ќе изгледа човек еден натпревар и готово извади заклучок за се?
Па не се има Балиќ подредено на екипата туку моментално е дрво во напад па затоа и игра одбрана.
Вори е далеку од совршено дозиран веројатно ќе откаже кога најмногу ќе им треба.
Играта на Дувњак нема апсолутно никаква врска со играта на Балиќ и смешна е секоја споредба меѓу нив двајца.
Чисто сумјам дека Алиловиќ ќе продолжи да брани вака како до сега.
Ќе го видиме крајниот резултат.
!
Види вака горе доле се согласувам со твојот пост,само кажи ми дали ти сериозна ја споредуаш оваа игра на хрватска,со играта кога франција мелеше све пред себе?Ај да е една утакмица,ами 4 се каде што противниците се буквално здробени.Победуваат со просечна разлика 8,5 голови и тоа пази кого тепаат Данска,Србија,Маџарска......ете и Кореа,али тие и онака не се нешто.Против европскиот првак и вицепрвак имаат разлика +19.
Да е само една утамица..........овој тим на Хрватска го следам веќе 8 години,од кои последните 4 детално.Никогаш не биле подобри од сега.Да има уште до крај,но ова што го играат сега е совршенство.Подобро од ова што го игра Хрватска овие утакмици не може да се игра,веројатно тоа е лимитот на спортот.Ни Франција кога ги освои сите свои медали не газела вака јаки противници.Е сега друга работа е до колку ќе ги држи ова.1/4 финалето ќе биде клучно,ако го пројдат мислам дека ќе осовојат злато.Само да не се сопнат таму.Една утакмица е,еден лош ден и адио.
Ај што се однесува до Балиќ.
А што е тоа него подредување на екипата чим не зима веќе да солира сам,а ? Балиќ од чист офанзивец и труп во одбрана стана во доста добар играч за во одбрана.И не му е проблем да го фати Хансен на фластер и овој да не може ни да прдне.Балиќ уште може да биде корисен во тесни ситуации,знае човекот кога треба да земе работите во свои раце.
Вори како сам на пикер е совршено дозиран.Не го троши до маскимум.На пример со Кореа добар дел од времето и беше на клупа.Сега на само подолгите напади влегуваше во напад,а повеќе од пола од времето не играше во одбрана.Гојун покрива често на пикер и во напад и во одбрана.
Ќе биде голема беља ако го повредат,но сега за сега Голужа одлично балансира со него.
Кој го спореди Дувњак со Балиќ ?Реков дека тек сега е на возраст кај што Балиќ се проби....читај малце.Комплетно различни играчи,во моментов Дувњак далеку подобар.Дечкото игра врвен ракомет и прерасна во светска класа играч.Во ХСВ кој што ептен потфрли минатата сезона една од ретките светли точки им беше.
Игра напад игра и одбрана,има шут,знае да асистира (мислам дека е прв во комбинација асистенции и голови на турниров),доста брз играч,добри физички предиспозиции има......
Алиловиќ и онака не брани ништо посебно.На него му лесно,има гранитна одбрана пред себе.Види како ни Хансен ни Маркусен,ни Наџ,ни Илиќ,ни Вујин не можат ни до шут да дојдат.А ако некако се кренат имаш блок кај што просечна висина е преку 2 метра.Алиловиќ брани само тоа што мора.
Одбраната е совршена (имаш планини кои се и големи и доста подвижни и гинат во одбрана) и контрата и полуконтрата се одлично извежбани.
Ако продолжат вака никој нема да ги сопре,само се надеваме дека нема да им се погоди некоја црна дупка како што често знае.