Ако месец август и септември се чувствува толку силно поскапувањето тогаш кај ни е крајот! (да не испадне дека не сме се разбрале дека ја бранам повисокота цена, моето мислење го напишав погоре мислам на 28 страна) Зашто ги спомнувам овие месеци? Прво не се трошат пари на греење ( со исклучок на почеток на август кога во помала количина се троши за ладење) и другото уште побитно е што овие два месеци се месеци на трошење пари (курцање). Официјално македонската економија е најсилна тој период заради во помал дел странските туристи преку лето и клучното (кој не сфатил) е заради гастербајтерите, тие што работат во странство доаѓаат дома за одморите и праќаат пари на нивните семејства, па така се кречи се реновира по дома се купува нешто ново, се доправа куќа и сл. со тоа се стимулира целокупната економија има пари и за другите кои продаваат и сл. Но затоа ноември и првата половина на декември се месеци на македонскиот срвајвр па така ако социјалниот притисок сега е голем замислите како би било во овие месеци а ако на тоа се додаде дека сметките за август ќе стигнат во септември а ќе се платат (по нашата навика ) на крајот на месецот сеп накај октомври, кога и реално ќе треба од џеб да се дадат повеќе пари него вообичајно, тогаш ефектот на незадоволство и чувството на осиромашуање би бил поголем. Ова и како совет до организаторите на протестите да имате во предвид распоредот да ви биде таков да има почести протести кои би биле редовни, би се спроведувале подолг период и би кулминирале во тој период октмоври - ноември кога би дошле и поголем број луѓе и реално шансите да се издејствува нешто би биле поголеми, секако ја подржувам таа акција и сметам дека треба да се започне што побрзо. Јас најавувам дека ќе присуствувам утре на протестот. Поздрав и се надевам утре ќе се видиме во поголем број.