Мазда!

  • Креатор на темата Креатор на темата Spong
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
Никогаш во животот не сме имале јапонска кола... Татко ми секогаш велеше само германско возило, ама сега сакам моја сопствена кола и се мислам за мазда. Зборев со татко ми и прашува за мазда и прашува како е со деловите, дали лесно се наоѓаат, како е со потрошната, дали е нежна кола или... Споделете ваши искуства во врска со мазда.. Инаку планирав да земам мазда 626 2.0 Дизел.
 
јапонските и корејските коли се мноооогу издржливи... за потрошња неможе така да прашаш зашто секоја кола индивидуално троши... зависи од моторот колку кубика е коклу киловати тешка/лесна кола и ред други заебанции... делови за нив има - немој да не веруваш ако ти речат дека нема.. а всушност и нема да ти требаат многу делови зашто едноставно не се расипуваат! само одржавај ја како што треба, менувај уље каиши свекици и др потрошен материјал во предвидениот рок и ке се убиеш од возење!

од лично искуство ти го кажувам ова - ние имаме нисан сани 1.6 бензинец, 7ма година веќе како што го имаме ние земено и тоа половен - освен уље филтри гуртни и плочки до сега ама баш ниеден друг дел немаме сменето а колата веќе има 200 000 поминато и си функционира беспрекорно.
 
немаш гајле , за одржување тоа загарантирано, многу јасно.... како ќе го чуваш така ќе го имаш. Па бог да чува каков и да е може да се расипе, па прашувам за делови дали се наога, а и го кажав моделот- Мазда 626 2.0 Дизел од 95, толку пари иам за сеа, колку да не идам со автобус до факултет :D
 
порано одев секојдневно во Бугарија.Почесто со едно тахи таму
со Мазда.Го прашуваме кога ќе го менуваш (почнаа да носат од запад)
- кога ќе направи милионче,ни вика пријателот.800.000 поминато имаше.
И за делови да не му ја мислиш.Има сигурно и овдека,но близу е и Солун и Софија,каде имаш само за јапонски возила магазини и сервиси.
Со потрошња,сигурно некое шпоретче од 950 кубици помалку ќе троши.
 
аха, епа значи да зимам, да не се мислам многу, како и да е јас од Гевгелија , многу поблизу ми е Солун отколку Скопје :) Фала многу за инфо.
 
аха, епа значи да зимам, да не се мислам многу, како и да е јас од Гевгелија , многу поблизу ми е Солун отколку Скопје :) Фала многу за инфо.
Абе пријател,ако не си знаел Мазда ти е Форд во друго пакување.
Јапонска кола ти е Тојота или Хонда.
ПС: Нисан ти е 50% Рено.
 
Одлично искуство со мазда, сум имал 323 и мазда 5 и само најдобри зборови имам
 
Абе пријател,ако не си знаел Мазда ти е Форд во друго пакување.
Јапонска кола ти е Тојота или Хонда.
ПС: Нисан ти е 50% Рено.
па за мене форд е срање од кола...
 
Абе пријател,ако не си знаел Мазда ти е Форд во друго пакување.
Јапонска кола ти е Тојота или Хонда.
ПС: Нисан ти е 50% Рено.
па за мене форд е срање од кола...
Мазда од Форд го има само подвозјето, а Форд во тоа се едни од најдобрите.
 
За сите шо викат оти Форд не е кола, за вас само Гољф Кец со истечени амортизери за да ја осеќате подлогата максимално и да си кршете каменчијна у бубрезите....
Детешки маабети...

Мазда ти е форд со јапонска изработка.. .со други зборове, ного здрава и непретенциозна кола...
 
Сакате да кажете мазда 626 и форд ескорт се скоро исти ?? ....
 
Сакате да кажете мазда 626 и форд ескорт се скоро исти ?? ....

Мазда 626 и Форд Ескорт са две различни коли од две различни класи, наменени за различен тип на купувачи.... Не мешај баби и жаби...
Ескорт ти е мала фамилијарна кола, мазда 626 голема фамилијарна кола.. Сега кај нас шо не знаат која за шо е, по свето не е баш така..
 
И електрониката им е заедничка...
Како и да е, Мазда се постојано при врвот на листата по најмал број на дефекти (додека Форд, за волја на вистината, се доста подолу). Така да, муабетот дека не се „прави Јапонци“ не држи вода, барем не во однос на доверливоста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom