- Член од
- 24 јануари 2008
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 140
Еден сончев колектор може да заштеди 8.400 денари за струја
Катерина Попоска
Со поставување соларен колектор во домот едно домаќинство годишно може да заштеди 2.400 киловат/часови струја, односно 8.400 денари. Ако сите 600.000 домаќинства во Македонија инсталираат соларен термален колектор годишно ќе се заштедат 144.000 мегатавт/часови струја, односно 82 милиони евра.
Владата се уште нема прецизна програма дали догодина ќе дава субвенции за домаќинставата кои на својот покрив ќе постават сончеви колектори за затоплување вода. Од Министерство за економија велат дека дури во декември ќе објават дали и во 2013 година ќе ги стимулираат домаќинствата со по 300 евра да вградат сончев колектор и со тоа да ги намалат трошоците за топлинска и електрична енергија, користејќи го сонцето како бесплатен и еколошки извор.
Од Министерството признаваат дека Македонија недоволно ги користи потенцијалите на сонцето за производство на енергија.
“Употребата на соларната енергија е ограничена на многу мал број системи за загревање вода. Според енергетскиот биланс, учеството на енергијата произведена од сонце во вкупната потрошувачка изнесува 7,4 гигават/часови, што е 0,04%. Во земјава има околу 16.000 метри квадратни вкупно инсталирана сончева површина за греење вода“, велат од Министерството.
Досега Владата субвенционираше 1.420 домаќинства, за што од буџетот одвои околу 450.000 евра. Придобивките од производството на струја од сонце и користењето на сончевите колектори во домаќинствата и фирмите Македонија ги согледа од неодмна. Граѓаните полека сфаќаат дека трошоците за енергија може драстично да се намалат со поставување сончев колектор од кој ќе добиваат санитарна топла вода и вода за затоплување речиси осум месеци во годината. Според проценките на познавачите, со поставувањето соларен термален колектор едно домаќинство годишно може да заштеди 2.400 киловат/часови струја, односно 8.400 денари. Ако сите домаќинства во Македонија, околу 600.000, инсталираат соларен термален колектор во свoјот дом, годишно ќе заштедат 144.000 мегатавт/часови струја (82 милиони евра).
Тоа веќе го прават некои домаќинства. Шестчленото семејство Хуна од населбата Лисиче, кое доби 300 евра од Владата за инсталирање сончев колектор на покривот од куќата, со едократна инвестиција од 500 евра неколку години целосно ја задоволува потребата од топла, санитарна вода и приклучок на дел од апартите за домаќинството.
“Причината поради која ставив сончев колектор беше поскапувањето на струјата и на парното. Го одбрав најевтиниот начин, со 500 евра, добив бојлер од 160 литри, а на него ја приклучив и машината за перење. Со тоа плаќам и помала сметка за струја”, вели Себастијан Хуна.
Едно четиричлено семејство годишно троши најмалку по 400 евра за топла вода и најмалку 700 евра за затоплување на просторот. Ако 1.200 евра се вложат во квалитетен соларен систем, за четири години инвестицијата ќе се врати, а останатите 25 години домаќинството бесплатно ќе ги ужива придобивките од соларниот колектор.
Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност покажува дека 42% од потрошената електрична енергија е за домашните апарати, 28% за греење, 18% за топла вода, а 12% за осветлување. Токму струјата за топлење вода, за машините за перење алишта и садови, и за греење може да се надомести преку инсталација на различни соларни системи. Тие може да се применат и во фабриките, млекарниците, хотелиерството... Млекарниците и прехранбените погони дневно трошат најмалку 20 тона топла вода при производството, што на годишно ниво е над 100.000 евра.
„Доколку толку пари се вложат во соларен систем за затоплување вода, инвестицијата ќе се врати за 2-3 години, а потоа инвеститорот ќе има бесплатна енергија за загревање вода. Во светот соларни системи се инсталираат во хотели, болници, базени, спортски сали...”, вели Илија Насов, претседател на Соларната асоцијација на Македонија.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86745/eden_sonchev_kolektor_mozhe_da_zashtedi_8_400_denari_za_struja.aspx
Извор