Еден сончев колектор може да заштеди 8.400 денари за струја

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Еден сончев колектор може да заштеди 8.400 денари за струја

Катерина Попоска


Со поставување соларен колектор во домот едно домаќинство годишно може да заштеди 2.400 киловат/часови струја, односно 8.400 денари. Ако сите 600.000 домаќинства во Македонија инсталираат соларен термален колектор годишно ќе се заштедат 144.000 мегатавт/часови струја, односно 82 милиони евра.
Владата се уште нема прецизна програма дали догодина ќе дава субвенции за домаќинставата кои на својот покрив ќе постават сончеви колектори за затоплување вода. Од Министерство за економија велат дека дури во декември ќе објават дали и во 2013 година ќе ги стимулираат домаќинствата со по 300 евра да вградат сончев колектор и со тоа да ги намалат трошоците за топлинска и електрична енергија, користејќи го сонцето како бесплатен и еколошки извор.
Од Министерството признаваат дека Македонија недоволно ги користи потенцијалите на сонцето за производство на енергија.
“Употребата на соларната енергија е ограничена на многу мал број системи за загревање вода. Според енергетскиот биланс, учеството на енергијата произведена од сонце во вкупната потрошувачка изнесува 7,4 гигават/часови, што е 0,04%. Во земјава има околу 16.000 метри квадратни вкупно инсталирана сончева површина за греење вода“, велат од Министерството.
Досега Владата субвенционираше 1.420 домаќинства, за што од буџетот одвои околу 450.000 евра. Придобивките од производството на струја од сонце и користењето на сончевите колектори во домаќинствата и фирмите Македонија ги согледа од неодмна. Граѓаните полека сфаќаат дека трошоците за енергија може драстично да се намалат со поставување сончев колектор од кој ќе добиваат санитарна топла вода и вода за затоплување речиси осум месеци во годината. Според проценките на познавачите, со поставувањето соларен термален колектор едно домаќинство годишно може да заштеди 2.400 киловат/часови струја, односно 8.400 денари. Ако сите домаќинства во Македонија, околу 600.000, инсталираат соларен термален колектор во свoјот дом, годишно ќе заштедат 144.000 мегатавт/часови струја (82 милиони евра).
Тоа веќе го прават некои домаќинства. Шестчленото семејство Хуна од населбата Лисиче, кое доби 300 евра од Владата за инсталирање сончев колектор на покривот од куќата, со едократна инвестиција од 500 евра неколку години целосно ја задоволува потребата од топла, санитарна вода и приклучок на дел од апартите за домаќинството.
“Причината поради која ставив сончев колектор беше поскапувањето на струјата и на парното. Го одбрав најевтиниот начин, со 500 евра, добив бојлер од 160 литри, а на него ја приклучив и машината за перење. Со тоа плаќам и помала сметка за струја”, вели Себастијан Хуна.
Едно четиричлено семејство годишно троши најмалку по 400 евра за топла вода и најмалку 700 евра за затоплување на просторот. Ако 1.200 евра се вложат во квалитетен соларен систем, за четири години инвестицијата ќе се врати, а останатите 25 години домаќинството бесплатно ќе ги ужива придобивките од соларниот колектор.
Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност покажува дека 42% од потрошената електрична енергија е за домашните апарати, 28% за греење, 18% за топла вода, а 12% за осветлување. Токму струјата за топлење вода, за машините за перење алишта и садови, и за греење може да се надомести преку инсталација на различни соларни системи. Тие може да се применат и во фабриките, млекарниците, хотелиерството... Млекарниците и прехранбените погони дневно трошат најмалку 20 тона топла вода при производството, што на годишно ниво е над 100.000 евра.
„Доколку толку пари се вложат во соларен систем за затоплување вода, инвестицијата ќе се врати за 2-3 години, а потоа инвеститорот ќе има бесплатна енергија за загревање вода. Во светот соларни системи се инсталираат во хотели, болници, базени, спортски сали...”, вели Илија Насов, претседател на Соларната асоцијација на Македонија.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86745/eden_sonchev_kolektor_mozhe_da_zashtedi_8_400_denari_za_struja.aspx
Извор
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
И соларниот полнач од VIP доста може да заштеди струја полнеќи ги телефоните на него а не дома.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
реално гледано инвестицијата со оглед на сеашните цени на енергијата не се враќа баш за 2-3 години , туку за 5-6 години (кога станува збор за инвестирање во енергија и ова е добро) и со оглед на тоа што периодот на користење е од 10-15 години (зависно од системот) оваа инвестиција е одлична.
но со оглед на тоа што цената на енергијата и понатаму ќе расте во наредниот периот за неколку години се надевам дека народот ќе се освести и ќе почне да инвестира во сончеви колектори и нема да преставуваат никаков луксуз туку потреба да се користат колекторите сепак Македонија има во просек околу 280 сончеви денови :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Луѓето немаат леб да јадат овај сончеви колектори :tapp:.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
За месец-два ќе се појави фирма СОНЦЕ ФАЛАНГА ДООЕЛ и ќе нуди инсталирање сончеви колектори, субвенционирани од владата.
Mark my words. ;)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас опнав онвестиција во сончев колектор, ама не опнав барање за субвенција...
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Што пари е еден сончев колектор?
Инаку може да изработите и сами... од стар бојлер, се отстранува лимот и тервотлот, се фарба црн за да привлекува повеќе сончева енергија, се поврзува со цефки и имате проточен бојлер... а најнова "домашна технологија" е со поврзување на цевки кои се обложени со 0,5 лименки само што не го знам целиот процес на изработка :cool:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Што пари е еден сончев колектор?
Инаку може да изработите и сами... од стар бојлер, се отстранува лимот и тервотлот, се фарба црн за да привлекува повеќе сончева енергија, се поврзува со цефки и имате проточен бојлер... а најнова "домашна технологија" е со поврзување на цевки кои се обложени со 0,5 лименки само што не го знам целиот процес на изработка :cool:

Има и најнова технологија, ставаш вода во 5 литарски шишиња на тераса, се грејат цел ден и ете ти топла вода ;)
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Има и најнова технологија, ставаш вода во 5 литарски шишиња на тераса, се грејат цел ден и ете ти топла вода ;)
Има и поинтересна. Ќумбето за печење пиперки на тераса, казанот над него и ете ти топла вода.:cuc:
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Има и најнова технологија, ставаш вода во 5 литарски шишиња на тераса, се грејат цел ден и ете ти топла вода ;)
А најпаметно, и најекономично да се бањаш со ладна вода? Или па ич да не се бањаш (y)
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Абе се убаво... ама еве пр.. живееш на 3ти спрат во зграда ... и шо праиме?? како јас да го инсталирам тоа?
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Абе се убаво... ама еве пр.. живееш на 3ти спрат во зграда ... и шо праиме?? како јас да го инсталирам тоа?
Отвараш рупа на зидот кон комшијата, и му ја протнуваш боријата во соба. Ептен лесно.:icon_mrgr:
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Отвараш рупа на зидот кон комшијата, и му ја протнуваш боријата во соба. Ептен лесно.:icon_mrgr:
абе сеа.. за заебанции и ја знам.. али најозбилно прашав.. како би се средило тоа доколку не живееш на последен спрат или во куќа, затоа што јас моментално не можам на дрва да се греам.. нити пак имаме плин...се ни е на струја... а сакам да пробам да земам такво нешто...

ах бе грујо :mad: црни грујо..... мамичето твое ..
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Мислам дека е добра работа, плус и некое агреаготрче или како се вика за складирање на струја :) Гледав во Македонија незнам во кој град беше човеков има 3 колектори 1 за користење 2 за складирање, и не ни плаќа струја на државата, секогаш има :) Плус има и систем ако опадне напонот да земе струја како и сите други од далеководи или трансворматори :) Не ме фаќајте за збор незнам тоно како му одеше процесот но ног пари заштедуваше со тоа колекторите :)
--- надополнето: 3 август 2012 во 00:18 ---
абе сеа.. за заебанции и ја знам.. али најозбилно прашав.. како би се средило тоа доколку не живееш на последен спрат или во куќа, затоа што јас моментално не можам на дрва да се греам.. нити пак имаме плин...се ни е на струја... а сакам да пробам да земам такво нешто...

ах бе грујо :mad: црни грујо..... мамичето твое ..
Брат на покриовот на зградата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom