Имам расекотина над левото око( не е на очниот капак) која ми мине преку веѓа. Одделената кожа т.е. парче цело ми беше вратено назад, зашиено со конци. Докторот што ја правеше операцијата (зафатот) беше пластичен хирург. Сега ме интересира која е најдобрата опција за да остане што помалку лузна. Дали гелови некои, маст, кантарион или камилица. Дали може да се топи местото, да се бањам на море , и како треба да се штитам од сонце(да се изложувам или не). Би се советувал со докторот кој ме ,,закрпи,, али тоа се случи во Турција додека бев на одмор така да неможам да контактирам со него. Ако некој знае или има некој совет или има поминато низ исто нека ми помогне.