Се навлажнувам , затоа што до 2014 година Албанија ќе оствари големи проекти.
Ние ќе се навлажниме до 2014-та со нашиот центар на идолопоклонштво.
Само ти продолжи да се навлажнуваш, и во целата таа влажност припази да не има некоја нерамнина на патиштава.
Чисто да не испадне предвреме товаров којшто и онака ќе заврши некаде во Албанија, ама па штета да уништи некој нов автопат, магистрала или тунел.
Започнува увозот на европски отпад во Албанија
"Албанската влада ги утврди двете домашни компании кои ќе имаат право да увезуваат отпад од Европските земји и некои земји од регионот за рециклажа и покрај силните спротивставувања на невладиниот сектор и опозицијата
Околу 30 илјади тони отпад од полиетилен и метален алумински отпад ќе увезат компаниите „Еверест ИЕ“ и „Раметал“ со претходна контрола на Министерството за животна средина, шумарство и води на Албанија.
Полиетилански отпад ќе се увезува од земјите членки на ЕУ, додека пак металскиот алуминиумски отпад од земјите на ЕУ, како и од Македонија, Црна Гора , Косово и Србија.
Правото за увоз на полиетиленски отпад е 4.500 тони, додека правото за увоз на метален алумински отпад е 25.000 тони.
Одлуката на владата на Албанија, според наведеното Министерство е во согласност и со Базелската Конвенција за контрола на движењето на отпадот и неговото уништување.
Во Албанија по донесената одлука за увоз на странски отпад од страна на Владата на Бериша имаше силни спротивставувања од невладиниот сектор и од опозицијата.
Тие нагласуваат дека Албанија може да стане депонија и на опасен отпад кој ќе се носи од земјите на ЕУ."