Вардар оди напред, но со многу пречки
Во Вардар не цутат рози како што навидум изгледа, а главниот проблем се бирократските пречки во работењето на најтрофејниот македонски клуб. Иако имаат убав буџет за наши услови, вреден точно 59 милиони денари или нешто под еден милион евра, „црвено-црните“ се заглавени во бирократските лавиринти.
- Не сме доволно мобилни во работењето, разноразните процедури прават одлуките да ги носиме пребавно. Наскоро веројатно ќе треба да објавиме конкурс за позиција шеф на стручниот штаб. Ние и за избор на фудбалери сме принудени да објавуваме конкурс во најмалку два весника. Што треба да напишеме во нив? Kаков опис на фудбалер бараме? Висок и брз, низок и силен или с` заедно. Фудбалот е динамичен спорт, честопати бара да се дејствува брзо и ефикасно. Мора да се приспособи работењето во Вардар да биде како за фудбалски клуб, а не за трговско друштво – вели извршниот директор Горан Митев. И навистина, откако Градот Скопје го презеде Вардар, клубот покажа подобри резултати. Играчите се пријавени, редовно добиваат рати, плати и премии, но има и аномалии што треба да се исправат. Kлубот се трансформира во акционерско друштво, а се финансира исклучиво од државни средства. Таква практика, АД со 100 отсто државен капитал не постои никаде во светот. На домашен терен аномалиите не се толку видливи, арно ама БАТЕ Борисов во првиот европски тест потврди дека македонскиот шампион е зелен за пробив во луксузната Лига на шампионите.
- Во Минск, каде што БАТЕ ги игра натпреварите од ЛШ, има 14-15 прекрасни фудбалски игралишта. Ние за тренинг немаме ниту едно. Секојдневно ме прашуваат родителите на децата што тренираат кај нас до каде сме со реновирањето на помошните игралишта – вели Митев. Од клубот одамна најавија дека постигнале договор со ЕВН, со кој енергетскиот гигант се нафатил да ги реновира двете помошни игралишта зад арената „Филип Втори“ што му припаѓаат на Вардар. Засега нема ништо од потфатот, па „вардарци“ секојдневно патуваат по десетина километри за да тренираат во населбата Ѓорче Петров. Наскоро ќе има и конкурс за нов тренер, на местото на Илчо Ѓорѓиоски, кој заминува во фудбалската федерација како нов претседател. Така е според законите, конкурс мора да има, но таквиот развој на настаните е смешен. Никој во фудбалскиот свет не избира тренер на конкурс.
- Јас се залагам за континуитет во работењето и затоа сакам Боби Милевски да биде нов тренер. Тој му беше помошник на Ѓорѓиоски, ги познава играчите, кои патем многу го ценат и сметам дека би бил вистинско решение - вели Митев.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6E655C9B6BECD74D9328F2884AF9F159
Чим најавува Митев дека сакал Милевски да биде тренр, така и ќе биде...
Што ќе очекуваме од Милевски жити се
Дефанзива на кило
Со Благојче Гешовски го комплетиравме составот за годинава. Нападот за Македонска лига не е лош, фактички имаме најдобар напад...
Костовски-Маневски-Гешовски е одлично трио за наши услови, ама за нешто поголемо потешко...
Значи составот отприлика е следниот:
ГОЛМАНИ: Захов, Симов
ОДБРАНА:Илиевски, Бојовиќ, Вајс, Таневски, Цикарски, Бошкоски, Алеченву
СРЕДИНА:Ранѓеловиќ, Темелков, Стјепановиќ, Ацевски, Петров, Хименез, Георгиев, Стојаковиќ
НАПАД: Костовски, Маневски, Гешоски
Се освен титула за мене ќе биде големо разочарување.
Ќе видиме кој од младите би добил шанса... Ѓурчиновски и Нелоски се пратени на позајмица, да видиме дали Митев и Муртиќ ќе добијат некоја минута...
Што стана со Колеќевски?
Не ми се допаѓа само што немаме замена за десен бек... Незнам што мислат, зар пак ќе се потпреме само на Мичка и неговите 36 години (незнам точно дали се 36...)? Требаше да најдат некоја алтернатива за него...
Или па ќе комбинираме со Бошкоски на десно. Исто како што Цикарски на пример покрај лев бек сигурно ќе игра и како лево крило.
--- надополнето: 30 јули 2012 во 13:59 ---
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&list=UUxeeEYWYFsjpPYi8a21PvSA&v=xSkWnTsOFb0
--- надополнето: 30 јули 2012 во 14:01 ---