Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.587
Само толку од навивањето? :( Едвај првите 20-тина минути ги има фатено :(
Неможе да му се најде крај на стадионов, ако пееш јако од ехово ништо не се слуша, попуштиш ли малку звучници ќе ти експлодираат :D
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Гешоски последно засилување за Вардар летово

Досегашниот напаѓач на 11 Октомври, Благоја Гешоски е последното засилување за Вардар во летниот преоден рок пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Во финишот на преодниот рок двете страни официјално се договорија за идна соработка, а денеска останува единствено да биде потпишан договор со кој 31-годишниот офанзивец ќе се обврзе на верност во следната една година. Благоја Гешоски, кој претходно има настапувано и за Победа, Металург и Милано, е шесто ново име во црвено-црните редови ова лето, по Маневски, Темелков, Хименез, Алечену и Ѓоргиев.

Вардар новата сезона ќе ја дочека и со нов тренер, откако досегашниот Илчо Ѓорѓиоски вчера беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Како што претходно објавија од раководството на клубот, в.д тренер наредниот период ќе биде досегашниот прв асистент на Ѓорѓиоски, Боби Милевски се до моментов на официјален избор на нов шеф на стручниот штаб.

Најголеми шанси официјално да биде назначен за шеф на стручниот штаб има Боби Милевски, кој е избор на извршниот директор на Вардар, Горан Митев, и покрај тоа што јавноста шпекулира и со имињата на Чеде Јаневски и Ѓоре Јовановски.
--- надополнето: 30 јули 2012 во 12:12 ---
Арпаџиков ли го земавте бе ццц :D !?!!
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
Јбг тоа е :D Ке се кара со судии од клупа ко што правеше во 11ти :pos:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.643
Поени од реакции
4.248
Не треба да играме финале супер-куп со Ренова? Или тоа само еднаш лани беше за проверка, па сега го откажаа?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.057

Требаше ама неспособниве го закажаа собранието за вчера така да пошо несе спосбни не може да организираат и пропадна идеата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.587
Вардар оди напред, но со многу пречки
Во Вардар не цутат рози како што навидум изгледа, а главниот проблем се бирократските пречки во работењето на најтрофејниот македонски клуб. Иако имаат убав буџет за наши услови, вреден точно 59 милиони денари или нешто под еден милион евра, „црвено-црните“ се заглавени во бирократските лавиринти.

- Не сме доволно мобилни во работењето, разноразните процедури прават одлуките да ги носиме пребавно. Наскоро веројатно ќе треба да објавиме конкурс за позиција шеф на стручниот штаб. Ние и за избор на фудбалери сме принудени да објавуваме конкурс во најмалку два весника. Што треба да напишеме во нив? Kаков опис на фудбалер бараме? Висок и брз, низок и силен или с` заедно. Фудбалот е динамичен спорт, честопати бара да се дејствува брзо и ефикасно. Мора да се приспособи работењето во Вардар да биде како за фудбалски клуб, а не за трговско друштво – вели извршниот директор Горан Митев. И навистина, откако Градот Скопје го презеде Вардар, клубот покажа подобри резултати. Играчите се пријавени, редовно добиваат рати, плати и премии, но има и аномалии што треба да се исправат. Kлубот се трансформира во акционерско друштво, а се финансира исклучиво од државни средства. Таква практика, АД со 100 отсто државен капитал не постои никаде во светот. На домашен терен аномалиите не се толку видливи, арно ама БАТЕ Борисов во првиот европски тест потврди дека македонскиот шампион е зелен за пробив во луксузната Лига на шампионите.

- Во Минск, каде што БАТЕ ги игра натпреварите од ЛШ, има 14-15 прекрасни фудбалски игралишта. Ние за тренинг немаме ниту едно. Секојдневно ме прашуваат родителите на децата што тренираат кај нас до каде сме со реновирањето на помошните игралишта – вели Митев. Од клубот одамна најавија дека постигнале договор со ЕВН, со кој енергетскиот гигант се нафатил да ги реновира двете помошни игралишта зад арената „Филип Втори“ што му припаѓаат на Вардар. Засега нема ништо од потфатот, па „вардарци“ секојдневно патуваат по десетина километри за да тренираат во населбата Ѓорче Петров. Наскоро ќе има и конкурс за нов тренер, на местото на Илчо Ѓорѓиоски, кој заминува во фудбалската федерација како нов претседател. Така е според законите, конкурс мора да има, но таквиот развој на настаните е смешен. Никој во фудбалскиот свет не избира тренер на конкурс.

- Јас се залагам за континуитет во работењето и затоа сакам Боби Милевски да биде нов тренер. Тој му беше помошник на Ѓорѓиоски, ги познава играчите, кои патем многу го ценат и сметам дека би бил вистинско решение - вели Митев.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6E655C9B6BECD74D9328F2884AF9F159

Чим најавува Митев дека сакал Милевски да биде тренр, така и ќе биде...
Што ќе очекуваме од Милевски жити се :unsure:
Дефанзива на кило :icon_mrgr:

Со Благојче Гешовски го комплетиравме составот за годинава. Нападот за Македонска лига не е лош, фактички имаме најдобар напад...
Костовски-Маневски-Гешовски е одлично трио за наши услови, ама за нешто поголемо потешко...

Значи составот отприлика е следниот:
ГОЛМАНИ: Захов, Симов
ОДБРАНА:Илиевски, Бојовиќ, Вајс, Таневски, Цикарски, Бошкоски, Алеченву
СРЕДИНА:Ранѓеловиќ, Темелков, Стјепановиќ, Ацевски, Петров, Хименез, Георгиев, Стојаковиќ
НАПАД: Костовски, Маневски, Гешоски

Се освен титула за мене ќе биде големо разочарување.

Ќе видиме кој од младите би добил шанса... Ѓурчиновски и Нелоски се пратени на позајмица, да видиме дали Митев и Муртиќ ќе добијат некоја минута...
Што стана со Колеќевски?

Не ми се допаѓа само што немаме замена за десен бек... Незнам што мислат, зар пак ќе се потпреме само на Мичка и неговите 36 години (незнам точно дали се 36...)? Требаше да најдат некоја алтернатива за него...
Или па ќе комбинираме со Бошкоски на десно. Исто како што Цикарски на пример покрај лев бек сигурно ќе игра и како лево крило.

--- надополнето: 30 јули 2012 во 13:59 ---
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&list=UUxeeEYWYFsjpPYi8a21PvSA&v=xSkWnTsOFb0
--- надополнето: 30 јули 2012 во 14:01 ---
Фалат уште двајца и да имавме на сите позиции по двајца играчи ни фали замена за МИчка и уште еден централен дефанзивец вака само со тројца сме во екипата.
И јас мислам дека титулата треба уште поубедливо од лани да ја осовиме во далеку најслабото првеснтво ние го имаме далеку најдобриот состав за класа подобар од сите екипи.
Иначе Мичка има 29 години.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.057
Close enough, зашто мислев дека е старо аро блиску до крај на кариерата :pos:
И јас мислев на почетокот ,ама гледав нешто на траснфермаркет и видов колку години има а така делува како постар човек у години :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.941
Поени од реакции
73.587
И јас мислев на почетокот ,ама гледав нешто на траснфермаркет и видов колку години има а така делува како постар човек у години :pos:
Сега проверив, 82 бил роден :D
Па имал уште многу за играње, јас се мислевдека има над 34 години ама незнаев колку точно.
Треба да работи на брзината, млад е уште, досега не му замерував пошто мислев дека е старо аро :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Стварно зезната работа ова со јавните набавки, може и за тоалетна хартија распишуваат тендер :pos:
 
Абе само нека биде спремен пак кондиционо како минтава сеозна и доста е од него и центаршутот да го подобри од 4 центаршутеви 5 му завршуваат во гол аут само тоа од него се бара.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Стварно зезната работа ова со јавните набавки, може и за тоалетна хартија распишуваат тендер :pos:
Не им треба тоалетна хартија, имаат нова трева :pos:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.057
Стварно зезната работа ова со јавните набавки, може и за тоалетна хартија распишуваат тендер :pos:
И играчи требало преку конкурс сеа ќе пуштаме во оглас бараме младо брзо набиено бекче за потребите на ФК Вардар.:pos:
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ич не ми е јасен трансферов на Ѓешоски. Да е играч што драстично ќе подигне квалитетот ајде да разберам, ама вака со 31 година да носиш некој што ќе дреме на клупа?!
Се надевам дека генијалциве нема да се изглупираат со Милевски. Па Милевски не е Тито Виланова за да го наследи Илчо ака Пеп Гвардиола. Он е помошник само затоа што му е кум на новиот претседник, а не од што е многу стручен. На Вардар му треба „цврста рака“ за тренер! Нешто како Ѓоре.
П.С. Сајбер, на Колеќевски му дадоа дозвола да бара клуб каде ќе игра како позајмен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom