Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.172
- Поени од реакции
- 18.235
Требаше во Март да е готов...Во мојот случај, јас навистина не користам премногу автопат... Регионалните јас повеќе ги возам, и оној делот Д. Капија - Неготино... тој дел барем десет пати годишно.
Многу ретко Велес- Скопје, 2-3 пати во годината.
Дардан гледам поставил слика од Штип - Кочани патот...
Струмица - Радовиш еден дел е сеуште коцка (калдрма), ама ај...велат дека сега ќе го направиле оној паралелно со стариот пат што се гради, демек поништувале тендери, активирале банкарски гаранции... ова она... не се разбирам јас многу во тоа...
Да не должам... можеби во мојот случај Груевски е во право.
Но, дали тоа значи дека на пр. јас не треба да патувам по некаков автопат (да се изгради сакам да кажам) од Струмица до Штип на пр. па да се поврзе на Велес, или пак од Струмица да се поврзе на Удово?
Новиот пат Радовиш – Струмица ќе биде готов до март
Пуштањето во употреба на регионалниот пат помеѓу Радовиш и Струмица доцни 5 месеци поради незавршените градежните работи на 10 километри долгата делница помеѓу селата Сурдулци и Радичево. Од Агенцијата за државни патишта за „Билд“ објаснуваат дека првичниот рок од септември 2011 година е пробиен поради недоволниот интензитет на работа од страна на хрватската компанија „Ингра“, која како изведувач плаќа пенали поради незавршените работи. „Досега е поставен прв слој на асфалт на 7 километри од делницата, додека на останатите 3 километри на делови е поставен тампон и се изведуваат земјени работи. Инаку според договорот предвидено е проектот да биде завршен во месец март 2012 година“, истакнуваат од агенцијата.
* коцката од патот Радовиш – Струмица треба да биде минато од март 2012 година
Изградбата на регионалниот пат помеѓу Штип и Струмица започна уште во далечната 1992 година. Во изминативе 20 години се изградија неколку делници, но целосно истиот не се доврши и беше проследен со низа прекини на работите. Со завршувањето на сегментот од Сурдулци до Радичево, коцката од сегашниот дотраен пат помеѓу Радовиш и Струмица треба конечно да замине во историјата. Владата од државниот буџет за овој проект издвои 424 милиони денари, односно околу 7 милиони евра, а изградбата на делницата започна во 2009 година. На оваа делница е предвидено да се изградат две клучки кај Калуѓерица и Радичево, 6 мостови, 2 потпатници, натпатник, како и канали и објекти за наводнување.
Бојан Блажевски
Срамота е за нецели 80 км. пат 20 години заебанции.20 години градат 28 километри делница, од кои 10 километри ги градат 3,5 години.
За споредба, обиколницата околу Скопје 20-25 км. ја изградија за пократко време иако е далеку помалку фрекфентна.
Интересно, во 1998 година Струмица - Радовиш (3.500 возила дневно) и Радовиш - Штип (~5000 возила) е со поголема средна фрекфенција (ако земиме целосно Струмица - Штип ~ 4.250) на возила од делницата Табановце - Куманово (околу 3.400 возила дневно).
Во 2011 ПДС изнесувал 2.923 возила, значи добри 45% послаби бројките на ДЗС, не ќе да е на добро таков податок.
Сигурно возачите беа криви за двата превртени автобуси на Струмица Експрес пред десетина дена со 20+ повредени војници на АРМ и загинати во џипот.Исто и огромен број редовни сообраќајки годишно, мислам дека е една од делниците со најголем процент сообраќајки и смртни случаи.
А лани во Јули рокот наводно беше Септември 2011.
Според манифестот во 100 чекори (страница 74), Октомври 2011.
Плус бонус заебавање...
Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Манифест за реформи и развој“ е предвидено не само довршување на патот Струмица-Радовиш, туку и изградба на нов експресен пат меѓу Струмица и Штип кој ќе има четири ленти, од кои две побрзи со по 3,75 метри и две побавни со широчина од по 2,5 метри. За овој проект ќе бидат инвестирани околу 250 милиони евра, а со оглед на тоа што се предвидува и изградба на автопат меѓу Штип и Скопје, значително ќе биде скратено растојанието и времето на пристигнување од Струмица и другите градови во југоисточна Македонија до метрополата и обратно, изјави Ставрески.
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/29584-Ke-se-gradi-ekspresen-pat-megu-Strumica-i-StipБонус видео... освен тргни застани на Струмица - Штип и М.Брод - Скопје, ниту една од овие најави не е почната ниту па е распишан тендер ...
Според манифестот,
Автопат СКОПЈЕ- Миладиновци - ШТИП е планирана за почеток во 2012 година (страница 65).Не е уште распишан тендер, во моментов работат некоја студија за влијанието врз животната средина бла бла.Вредност 250 милиони евра.АМА:
Доколку постапката за концесија на наведените делници не биде успешна т.е. не се добијат добри финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.
Автопат КЛУЧКА РОМАНОВЦЕ - Страцин - КРИВА ПАЛАНКА (273 милиони евра, отприлика 60 км. само за споредба Куманово - КП е 65, со ова е предвидено скратување за транзит возила)
Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија која е во тек да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа потребата за прилагоду-вање на проектот во насока на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување, при што
вредноста на зафатот се планира да биде околу 35 милиони евра.
Р о к з а и з г р а д б а п р е к у к о н ц е с и о н и р а њ е : 2 0 1 3 - 2 0 1 8 .
Р о к з а р е х а б и л и т а ц и ј а , н а д р г а р д б а и п р о ш и р у в а њ е : 2 0 1 4 - 2 0 1 5 .
Автопат КОЧАНИ - ШТИП(39 км.), почеток 2013 година.АМА:
Вредноста на проектот е близу 56 милиони евра. Изградбата на овој патен правец на ниво на автопат е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Во случај во постапката за концесија која е во тек да не се добијат прифатливи финансиски понуди, ќе се разгледа потребата за прилагодување на проектот во насока на рехабилитација на коловозната конструкција со надградба и проширување, при што вредноста на зафатот се планира да биде околу 15 милиони евра.
Автопат ГОСТИВАР - Кичево - ОХРИД / + крак Требеништа - Аеродром Охрид - Струга - ГП ЌАФАСАН
Вредност:490 милиони евра, околу 140 км. и почеток на 2013 година.АМА:
Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под
концесија. Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат прифатливи финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.Притоа, ќе се изработи нова динамика за постапна доизградба на западниот дел од Коридорот 8, почнувајќи
со делници на југозападниот дел.
Автопат Клучка СКОПСКА ОБИКОЛНИЦА - ГП БЛАЦЕ (13 км. / 69 милиони евра!!!)
Почеток 2013.АМА:
Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат добри финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(Дел од) експресен пат (2 ленти х 3,75м. и 2 х 2,5 за побавни возила) ГРАДСКО- ПРИЛЕП во должина од 26 км.Значи околу пола од целиот пат Градско - Прилеп.Вредност:80 милиони евра, почеток 2012 година.
Експресен пат ШТИП - Радовиш - СТРУМИЦА (75 км./250 милиони еври) (страница 66)
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните
финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к з а и з г р а д б а : о д 2 0 1 4 - 2 0 2 0 г о д и н а .
Велес - Штип реновирање на 40 км. пат со дури 5 милиони евра, период 2014-2015 (страница 66)
КОЧАНИ- Виница - Македонска Каменица - Делчево - ГП ДЕЛЧЕВО / реновирање на околу 75 км. со 10 милиони евра Почеток : 2012 година
КИЧЕВО - Извор - Јама - Гари - Лазарополе - Бошков Мост - ДЕБАР (53 км./20 милиони евра).
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к : и з г р а д б а 2 0 1 2 – 2 0 1 5 г о д и н а .
Со оглед каков е теренот на таа делница, тешко дека и 50 милиони евра ќе им стигнат.
Магистрален пат БИТОЛА - Маково - Чаниште - Конопиште - Мушов Гроб - ГЕВГЕЛИЈА (17 мил. евра за реновирање на дел од делниците во Мариово)
Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к з а и з г р а д б а : 2 0 1 2 - 2 0 1 5 г о д и н а .
НОВ!!! Магистрален пат КОСЕЛ - Пештани - СВЕТИ НАУМ (39 км./70 мил. евра) со обиколница над Охрид.
Овој патен правец е сосема нов паралелен пат на постојниот покрај плажите, а во понатамошниот период ќе бидат меѓусебно поврзани со попречни локални патишта. Вкупната должина на новиот пат ќе биде 39 км, а широчината на коловоз од две ленти од по 3,75 м. Патот е од особено значење за развој на туризмот во Охрид. Со изградбата на оваа делница значително ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места Косел, Лескоец, Скребатно, Велгошти, Охрид, Рамне, Велестово, Коњско, Елшани, туристичката населба Горица, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Свети Наум, а преку Галичица и кон Преспанскиот регион, особено во летните месеци во годината. Вредноста на проектот се проценува на 70 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.
Р о к : в т о р а п о л о в и н а 2 0 1 3 - 2 0 1 9 г о д и н а .
Ова со роков е многу битно, очекувам да им е главна финта во настапите за локалните избори 2013!
итн.