Неможеме да ги знаеме мотивите поради кои го направил тоа. Може било закана, може било добра сума, ама што и да било па еве дури и закана можеби преќутел зошто не му изгледала голема работава па и да ја наместеле утакмицата ке си отидел на крај на годината од Сиена и ке завршел со тоа. Значи само нагаѓам од информациите што . . . .
Не можам да верувам дека постојат т.н. Фанови кои застануваат на страната на Федерацијата без разлика дали таа е во право или не се со цел да добијат поени во очите на останатите.
Дали застануваш во редот на оние кои што ја прифатија инволвираноста на Јувентус во "Фарсата 2006"? Фарсата од која Јувентус излезе со најтешка казна, а другите инволвирани добија "укор" или намалено поведение.
Истата таа т.н. Федерација сега ги обвинува дел од членовите на Јувентус за корупција и спортски криминал 6 години после првата титула. 6 години откако клубот прв пат застанува на нозе и има огромен потенцијал да се врати на врвот. Во ситуација кога целата лига оди надоле Јувентус без поголем напор да доминира во наредните 3-4 години. Во ситуација кога клубот е финансиски и играчки е најмокен и е единствениот што е во состојба да донесе играч од светски калибар. Единствениот што масивно се засилува во Италија и ЌЕ продолжи да се засилува во иднина. Единствениот што од изминатава сезона има свој сопствен стадион и кој ке трошоците од тој стадион ке ги врати во рекордно време.
Зарем тајмингот на се ова не ти изгледа премногу прикладен ?
Корупцијата и криминалот се огромен проблем на денешницава а тој проблем го имаат и директорите, тренерите и играчите на Јувентус затоа што местат натпревари, прикриваат криминал, се коцкаат. . .
Со оглед на фактот дека криминалот и корупцијата на Јувентус се коси со твоите високи морални вредности, ти предлагам да престанеш да го подржуваш Јувентус. Очигледно тоа е премногу за тебе и не си комотен во својата улога.