Струјата поскапува за 10 отсто?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Темава ме натера да прочешлам по домашните “архиви“ , и најдов сметки за струја од 99/00 година

Најчестите сметки беа под 1000 денари.

киловат час по тарифи било

скапа 2,29 денари
евтина 1,14

Денеска без овие 10%

скапа 3,8 денари
евтина 1,9

Со новото покачување

4,18 денари
2,09 денари

=

Тоа што пред 12 години , па и пред 7 години беше скапа струја , денеска викаат дека е евтина.
За 12 години окулу 80% тоа е по окулу 5% годишно...Може малку над општата инфлација...
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
И плати кои немаат ни 20% пораснато во просек.:D
Толку се и платите од 12000 просек во 2000 година сега е 21000 исто колку и цената на струјата. Во МК платите само ја следат инфлацијата...
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Враќањето на ЕВН или ОКТА под државна капа ќе биди уште полошо решение бидејќи државата како „одличен„ менаџер само дополнително ќе ги упропасти овие монополисти - ќе ја држи цената на низок ниво само ради социјалниот мир, ќе ги се гомилаат загубите кои што пак ние ќе ги плаќаме преку зголемени даноци и ко ќе видиш исто ти се фаќа.

Да не бидам погрешно разбран ни ова денес шо го имаме не е идеална состојба - направивме грешка во продажба на дистрибутивната мрежа еден монопол (државен) сменат со приватен, можевме да продадеме неколки хидроцентрали на пример за кои немавме пари да ги модернизираме. Значи шо е проблемот? Се инсистира на пазарна цена на електричната енергија. ОК ама како да имаме пазарна цена кога немаме пазарни услови - имаме монопол! Монопол на страна на производство и монопол во дистрибуцијата (поточно олигопол).

Друго електричната енергија е специфичен производ, производ без кој шо не се можи. Дури и лебот има супститути но електричната енергија не ги има, барем не за сите денешни современи човечки потреби.

Ја имаме регулаторната комисија која што е посредник помеѓу купувачите и монополистите колку да го симулира пазарните услови. Кој ги штити купувачите? Неформално никој формално законот, организацијата на потрошувачи па и државата. Да ли се имаат огласено? Не немаат. Регулаторната комисија му има поверувано на монополистите дека имаат зголемени трошоци и одма кревај цена. Производната цена на електричната енергија во Македонија за жал не ја знаеме, поточно не знаеме да ли е таа како шо ни кажуваат од ЕЛЕМ. Да ли има премногу вработени, да ли има нерационални трошоци и еден куп други работи не ги знаеме а бидејќи е се уште државна компанија (ајде грубо да кажеме на граѓаните) државата има апсолутно право и моќ да му пратат една ревизорска комисија.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Барам да купам газиена ламба..понуди по ПП. Плаќам кеш.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Толку се и платите од 12000 просек во 2000 година сега е 21000 исто колку и цената на струјата. Во МК платите само ја следат инфлацијата...
Плата како работник или низок ешалон менаџери од 21 000 надвор од Скопје е фантазија.Дури и во Скопје плата од 21 000 е доста високо просекот е 18-20.

Само државна администрација цепаат со сигурност од 20 нагоре.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Не можеш така да рачунаш.
Тогаш беше плата 200 евра сега е 400 евра.
Мој братучед работи како касиер во КАМ маркет зема 500 евра плата.
Часна реч.
Испаѓа дека живееме како во 2000та , добро е , барем назад не одиме.
Платите го следат растот на цените. (но не и во некои сектори како што е земјоделството и преработувачката индустрија , каде растот на платите не е еднаков со растот на цените).

И уште нешто : Со социјалната помош која се даваше пред 12 години , си можел да платиш 1000 денари струја , 300 денари вода и што останува таму ... и едно 3000 денари да купиш брашно и сол за цел месец , барем леб и сол да јадеш.
Денеска социјалната помош е под 3000 денари , а само сметките за струја и вода се толку.
Нема пари ни за брашно и сол. (и цената на брашното е дуплирана).

Абе море , дај среди ми работа за во КАМ , имам факултетска диплома , не пијам , не пушам , не крадам , знам да работам на компјутер , можам да носам до 80кг без вилушкар , можам да услужам на неколку јазика и дијалекти. Ќе има и награда а :)
А ако може и за братучед ми , и тој ќе се откаже од државна плата.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Господарите на македонскиот пазар за струја за пола година свртеле над 50 милиони евра!


Кочо Анѓушев директорот на „ЕФТ Македонија“ успеал да продаде над 510.000 мегавати струја од увоз, а Ристо Павлов, претставникот на „ГЕН М“ продал над 371.000 мегавати.

Трговските фирми „ЕФТ Македонија“ и „ГЕН М“ се македонските господари на електричната енергија. Двете компании заедно за првите шест месеци годинава оствариле над 50 милиони евра промет од продажба на електрична енергија, покажуваат анализата на МКД.МК на официјалните достапни податоци. Кочо Анѓушев, директор на „ЕФТ Македонија“ за првите шест месеци годинава успеал да увезе и да продаде повеќе од 510.000 мегаватчасови електрична енергија, а неговиот најголем ривал Ристо Павлов, претставникот на словенечката компанија „ГЕН М“ продал над 371.000 мегават часови електрична енергија.
Анализата на МКД.МК покажува дека ЕФТ Македонија лани електричната енергија на клиентите во земјава ја продала за просечна цена од 60 евра за мегаватчас. Официјалните податоци покажуваат дека таа компанија лани во Македонија држела фантастични 66,25 отсто од целиот пазар со електрична енергија. Според нивните податоци доставени до Централниот регистар, кои ги обработи редакцијата „Капитал“ во нивната едиција 200 најголеми компании, ЕФТ Македонија остварила промет од речиси 106 милиони евра лани од продажба на електрична енергија во земјава. Според тоа просечната цена по мегаватчас изнесува 60 евра.
Официјалните податоци покажуваат дека „ЕФТ Македонија“ држи 39,2 отсто од македонскиот пазар на струја, а „ГЕН М“ контролира 28,5 отсто од пазарот. Сите други 10 компании заедно делат малку над 30 отсто од пазарот со електрична енергија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На Кочо и Ричко слаб профитот им е затоа поскапувања ќе има.
--- надополнето: 29 јули 2012 во 12:49 ---
Враќањето на ЕВН или ОКТА под државна капа ќе биди уште полошо решение бидејќи државата како „одличен„ менаџер само дополнително ќе ги упропасти овие монополисти - ќе ја држи цената на низок ниво само ради социјалниот мир, ќе ги се гомилаат загубите кои што пак ние ќе ги плаќаме преку зголемени даноци и ко ќе видиш исто ти се фаќа.
Со тие ниски цени профит ќе има разумен, а не 300 милионски на Телеком и сега ЕВН сака да го стигне.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.235
Поени од реакции
8.339
има ли некој што се разбира, одприлика 300литарски фрижидер за длабоко колку троши месечно?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
има ли некој што се разбира, одприлика 300литарски фрижидер за длабоко колку троши месечно?
Зависи од марката/моделот и која класа на енергетска ефикасност е. Грубо е 30-50 кWh месечно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
има ли некој што се разбира, одприлика 300литарски фрижидер за длабоко колку троши месечно?
Тие имаат машини од oколу 600 W, за еден месец одприлике тошат околу 150 KWh. можеби нешто повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom