Едно прашање до поискусните...
На официјалниот форум на априлиа пишува дека после вадење на рестрикции кај Априлиа СР 50 ка треба да се стави поголема дизна, тие советуваат 60 а стандардна кај пиаџо машините одела 53 или 56.
Е сега мене кога ми вадеа рестрикции никој не спомна дека менувале дизни така да не ни верувам дека се чепнати. Некој поискусен да ми каже мислење дали треба да се чепка/менува? Скутерот е цел стандард само тргнати рестрикции на вариатор и ауспух.
Чистав исто дека може да се оштети моторот ако се вози со погрешна големина на дизна.
На англиски ги викаат "Jet size" што најверојатно мислат на дизни....