И јас имав некој модел на тоа што за мене би било совршено машко.
Површната страна моја гледаше на крупни, развиени, згодни момци, со црна коса, брадиче и сиви/зелени/плави очи како епитом на физичко совршенство. До душа се уште такви појави ми го придвижуваат крвотокот кон југ, но други работи се променети.
Карактерно сакав некој созреан, кој знае што сака од животот, и (веќе некој дел постигнал од тоа или) работи кон остварување на тие цели. Некој кој знае да цени лојалност и нема да се глупира наоколу со други, со смисла за хумор (да знае да ме насмее, да ужива кога јас би го засмејувал, да прифати шала на негова сметка а и да се изглупира понекогаш), но да е сериозен кога е потребно, што е најважно, да препознае во која ситуација е баш тоа потребно. Некој со изграден карактер, слични погледи кон светот, слични навики и горе доле на иста бранова должина да сме. Не мора сличноста да е кој знае колкава, туку доволна една сериозна врска да може да се тера (инаку уживам во различностите, кои според мене исто така треба да ги има во доволна мера). Некој мил, кој ќе те замолчи и ќе те ислуша кога е потребно, а и ќе те замолчи и ќе те натера ти да го ислушаш, во зависност од ситуацијата. Да не претера со љубомора, и да е отворен емоционално во оптимална мера. Не мора се да изналистам, отприлика ова се најважните карактеристики.
И иако тоа што го имаме во глава како совршенство, ретко кој го добива ..... Јас ете лани налетав на господинот Совршен. Крупен, развиен, со зелени очи, брадиче, и убиствена насмевка. Мил, мил .... Абе да земеш да го изгушкаш, кислородот да му го исцицаш. Карактерно собра 95% од тоа што го барам кај некој партнер. И како тешка тролејада, испаднав голема будала која потроши 10 месеци за ништо. Бидејќи на крај, тоа и испадна - ништо. Останав само јас во состојба на емоционална депонија. Толку влијаеше на мене тоа искуство што сега не можам да пробам со некој "по-не-совршен", а веројатно далеку подобар кандидат e за significant other. А пробав, не иде. Ја нема таа конекција, и тие чувства. Едноставно не е исто. Да не зборам па за проблеми со доверба. Тоа е посебна приказна.
Поуката од сето ова? Кога ќе видите некој/а кој/а како од калап на вашите соништа е извајан/а? ... RUN ... LIKE ... HELL ...
Можно е да е самиот ѓавол кој ве заведува.
Јас си ја научив лекцијата на потешкиот начин - Thank you very much for that, universe .... -__-