Вчера дебитирав на играва
Досега само Фифа сум играл од 98 па навака, а менаџер никогаш. После 16 саати и 45 минути се симнувам од играва и горе-долу ја научив.
Играм со Болоња.
Е сега, имам неколку прашања.
1. Дали може Processing-от да биде пократок, т.е. да не чекам толку долго за да помине симулацијата на деновите?
2. Како можам да ја одржам низата добри натпревари. Се нервирам кога ваѓам добар резултат против Милан и Јувентус, а следниот натпревар губам од Чезена.
3. Дали да обрнам внимание на прес конференциите и мотивирањето на играчите пред натпревар? Затоа што често кликам на send assistant.
Инаку засега сум 9то место, месец декември. Не е лошо, ама пак можев и подобро... Шо знам.
п.с. гледам по скриншотовите визуелно подобра ви е играта, гледам црни позадини а у нешо, а кај мене е обична некоја. Или бладам вака.
п.п.с. Како да ја исклучам од full screen туку да си ја играм отворена во прозорец така?