Општи дискусии за ТВ серии

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.572
Ја изгледав првата сезона од Луи и не ми се допадна премногу, ептен ја исфорсиравте :) А втора не можам да најдам торент да ја симнам(мислам дајте ми :) )
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Аууу не се согласувам ич, :(

Louiе e најдобрата комедија во моментов за мене, го има оној допир со реалност, што е најбитен, и многу down to earth хумор.. згора на се Loius, си се вметнува самиот во серијата т.е. неговиот приватен живот е раскажан во сегменти од серијата.

Другите комедии ми се massively over-done, со претеран сарказам, и глумење демек истиот е нормален во секојдевниот живот на актерите во серијата, и тоа константно се случува...досадни се веќе, такви моменти нема во Louie.

Едниствена замерка за серијава од моја страна се претераните ментални блокови кои му се случуваат кога се девојки/односи во прашање, само таа замерка ја имам, ама сепак иритира далеку помалце од секојдневиот сарказам и претерани "wannabee funny" моменти кои се повеќе ги има....
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.043
Meне пак не ми се допадна многу дека пола од шегите ги имаше во стенд ап настапите, а јас ги имав изгледано сите..
Ама all in all, добра е.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Ептен е грдо тоа. Јас повеќе интервјуа имам изгледано со него и сега кога гледам епизода не знам дали тоа го кажал во некој стенд ап или во некое интервју. Тоа со ќерка му и како му кажала виц го одрве веќе. Мислам дека и во интервју и во стенд ап и во епизода го вметна. Убаво тоа што секоја година иде со нов материјал на стенд ап настапите, ама за време на таа година тој материјал го повторува каде и да оди.

Серијата си е супер, реална и смешна.


А Curb Your Enthusiasm е подобра бидејќи е пореална (заради импровизацијата) и има повеќе хејтање од Лери Дејвид
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Тоа со вицот и јас го заприметив. Ептен ми беше познато, а јас не сум толку паметен да измислам шега, така да сигурно го имав слушнато во некое интервју или стенд ап.

Како и да е, Луи е една од најдобрите серии (да се надоврзам на постот на Psyside) затоа што во исто време може да те насмее ама и да те разочара. Јас баш го сакам тоа "разочарување" и колку Луи е генијалец во создавање на чудни моменти.
Сетете се на една сцена од првата сезона (или втора, не е битно) кога го викаат во една продуцентска куќа да направи сценарио, и кога ќе седне на ручек со директорката за да и пласира идеја, тој кажува за некој човек на кој му се случува се лошо, раскинува со девојката, го бркаат од работа, нема пари да плати кирија и никогаш не му се случило ни една добра работа.
Епа мислам дека тука Луи се опиша себе си затоа што гледаме дека ништо не може да му тргне од рака.

Од новава сезона само првата епизода не ми се свиѓаше и можам да кажам дека е и најслабата епизода воопшто во цела серија. Ама сите други епизоди навака се супер. Особено последнава - перфекција. Монологот во книжарата ме потсети на монологот што го направи исто со Памела Адлер додека шетаа по пазарите во втората сезона.
А кога сме кај втората сезона - крајот!
Wave to me.
What?
Wait for you?
What?
You said wait for you.
Yes. Wave to me.

:cuc:

Се на се, серијата е одлична. Една од најдобрите кои моментално играат. Само неа и Breaking Bad со душа ги чекам да излезат.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Сетете се на една сцена од првата сезона (или втора, не е битно) кога го викаат во една продуцентска куќа да направи сценарио, и кога ќе седне на ручек со директорката за да и пласира идеја, тој кажува за некој човек на кој му се случува се лошо, раскинува со девојката, го бркаат од работа, нема пари да плати кирија и никогаш не му се случило ни една добра работа.
Овој момент е оној кој одамна чекам да влезе во филмската индустрија, преку таково веќе од хепи енд и розеви слончиња, уствари во денешно време "сериозните" филмови/серии треба да се класифицираат под жарнот SF не драми :icon_lol:

Ова е за мене перфектно сценарио, а за истово мрачно-но реално сценарио, сум му зборел на Анон уште пред години, и ми викаше дека сум луд :pos:поготово за делот место да му станува подобро на главниот лик, се подлабоко да тоне! :D

Louie ми краде идеи? :(
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Јас би отишол до таму што Louie би ја класифицирал како нешто помеѓу комедија и драма, т.е. драмедија. Финтата кај серијата е што, за разлика од ликовите во повеќето серии, Луи не е совршен тип, како што и неговиот живот не е совршен. Постојано запаѓа во некакви чудни ситуации, особено кога е во потрага по жена, сродна душа, секс за една вечер, you name it. Затоа и ретко која епизода завршува со хепи енд. Она кое серијата ја прави толку добра е пристапноста кон публиката, фактот што повеќето од нас можат да се стават во кожата на Луи. Поради тоа велам дека Louie за мене е полу-драма. Има нешто толку опипливо во животот на Луи, што со секоја нова епизода, врската гледач - измислен лик станува многу пореална и поинтимна.

Еве да земам само еден пример, повраќаницата од зборови од последната епизода. Секој од нас се е нашол во таква језива ситуација пред некоја на која сме и' фрлиле око. Тука нема никакво клише, ниту пак има нешто чудно во повремениот недостаток на самодоверба. Louie само ни покажува како луѓето се однесуваат нормално во ненормални ситуации.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Кога сме кај Луи, не го спорам квалитетот на серијата, но не можам да ја гледам. Толку депресивна серија јас немам гледано досега.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Сакам да почнам да гледам Стар Трек.
Гледам на имдб од 1966 година е првата...

Да почнам од неа интересна е? Или да почнам со нешто понови Војаџер мислам 95 година е.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Во моментов ја следам серијата The Newsroom, симпатична приказна (микс на комедија и драма) за проблемите и случувањата во една новинска информативна редакција која се обидува да прикажува објективни вести базирани на факти. Продолжувам да ја следам, со надеж дека ќе го задржи квалитетот и понатаму.

Истовремено пред крај сум на првата сезона од Boss, исто така интересна серија за реал-политиката која се води во кабинетот на градоначалникот на Чикаго. Гледлива драма, која иако како идеја е „дежа ву“, сепак успеа да ме задржи со неколку интересни мотиви и непредвидливи дејствиа.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Во моментов ја следам серијата The Newsroom, симпатична приказна (микс на комедија и драма) за проблемите и случувањата во една новинска информативна редакција која се обидува да прикажува објективни вести базирани на факти. Продолжувам да ја следам, со надеж дека ќе го задржи квалитетот и понатаму.

Истовремено пред крај сум на првата сезона од Boss, исто така интересна серија за реал-политиката која се води во кабинетот на градоначалникот на Чикаго. Гледлива драма, која иако како идеја е „дежа ву“, сепак успеа да ме задржи со неколку интересни мотиви и непредвидливи дејствиа.
Boss е одлична, за мене е подобра од Newsroom точно заради тоа што Newsroom е дефиниција за overdone хумор и сценарио во една серија, феномен за којшто говорев неколку поста погоре :)
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Boss е одлична, за мене е подобра од Newsroom точно заради тоа што Newsroom е дефиниција за overdone хумор и сценарио во една серија, феномен за којшто говорев неколку поста погоре :)
Мене ми се допаѓа и Newsroom. Се сложувам дека хуморот е overdone, но сметам дека намерно е направена во таков стил (кој не дека ме одушевува, ама некако ми е ок). Плус серијата ми се прилепи за срце и поради личната слабост кон „вистинското“ новинарство и редакциската хемија. Најпосле има многу подобри филмови за новинарството, има и многу подобри комедии со новинарска содржина, но како нова серија јас и давам шанса и мислам дека е една од подобрите од тоа што се нуди на ТВ во моментов...
П.С. 5-тава епизода беше сосема на место...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Ако сакате да видите сите актери од драмскиве серии на едно место, опуштено - ова е тоа. Малце е долго но вреди.

П.С. Може и го ставиле веќе, but whatever...
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Да не знае некој каде можам да ја најдам Hawaii Five-O(оригиналната од 1968 година), а не Five-0(моменталната). Имам исто мислење како колегата од најгоре на оваа страна.:)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ако не си свиѓа Louie, тапа смисла за хумор имате. Шмрц шмрц, share Seme sinapovo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom