Незнам зашто ама ич немам желба за играње на играва
Порано киснев ама у буквална смисла, ја играв од 2000/2001 (тогашна Championship Manager)
Некое чаре како да и се вратам бар по еден натпревар дневно да играм?
Се посрање и посрање станува серијалов.
Ептен им удира во глава фактот што немаат конкуренција на пазарот.
Ставаат бескорисни и избагувани додатоци како правење муабет со играчите и агентите, а забораваат дека АИ-то е катастрофално.
Компјутерските менаџери нема да купат нов централен дефанзивец, ќе купат седми напаѓач кој најверојатно цел договор ќе го помине во резервите.
Талентите им скапуваат, а играат 35 годишни играчи во прва постава.
Тактиките им се убиј боже, им играш со 4-5-1, они ти играат со 3-5-2, по крилата им се шеташ како по дома.
Премногу е лесна играта, дури и за почетници. Можеби првата сезона е проблематична, додека експериментираш со тактики и додека не изградиш дрим-тим, што е премногу лесно да се направи.
После тоа, е премногу лесно.
Можеш да играш со англиски седмо-лигаш, но нема да ти биде потешко, туку само е прашање на време пред да освоиш ЛШ 5 пати по ред.
И не гледам волја кај СИ да се подобрат.
Единственото нешто за кое ја имам играва на хард дискот е едиторот, си правам фиктивни супер лиги и се обидувам колку толку да ја направам играта интересна.