Мурињо и Санчез на теренот разговараа за трансферите
Жозе Мурињо и генералниот директор на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез за време на натпреварот што се одвиваше помеѓу првиот тим и тимот на Кастиља на Валдебебас разговараа за трансфер новостите.
Голем број на прашања беа дискутирани, вклучувајќи ја и претстојната турнеја, состојбата на Модрич, кој одбивал да патува со Тотенхем во Сад и разни други нерешени прашања.
Исто така на тревникот беше и бразилецот Фабињо, кој игра феноменално како десен бек па затоа се говореше дека има шанси да пристигне на Сантијаго Бернабеу пред да се затвори трансфер периодот, иако има и други кандидати за десната страна во одбраната.
Лука Модрич е прва цел во клубот, па доколку Реал Мадрид успее да го донесе овој играч, Рикардо Кака највероватно ќе замине од тимот.