Што читате во моментов? (со краток коментар)

L

Luki Junior

Гостин
Кафка - Процес..... (трет пат)...

И никако да разберам шо е целата работа... Ама инатлив сам....
Некои викат оти е некаква егзистенцијалистичка тешка книга, на мен ми изгледа како расказче за едно ногу познато реално општество.
На кратко: Они нешто како да сакат да го судат, а Јозеф К. нешто како мисле оти го зафркават, а живото и процесо си течат... И на крајо, смрт.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Кафка - Процес..... (трет пат)...

И никако да разберам шо е целата работа... Ама инатлив сам....
Ако разбереш, те молам кажи ми, јас два пати ја читав, плус и филм имаше, со Кyle McLachan. Што дека, пак несфатливо до даска:tapp:
Баш пред некој ден се помислив филмот да го изгледам, може ќе ме просветли нешто...ме мрзи пак да ја читам:D

Линк за филмот:http://www.imdb.com/title/tt0108388/
 
L

Luki Junior

Гостин
Ако разбереш, те молам кажи ми, јас два пати ја читав, плус и филм имаше, со Кyle McLachan. Што дека, пак несфатливо до даска:tapp:
Баш пред некој ден се помислив филмот да го изгледам, може ќе ме просветли нешто...ме мрзи пак да ја читам:D
Линк за филмот:http://www.imdb.com/title/tt0108388/
Јас ја читах прв пат у средно.. Оти мораах, а нејќеех, кажи речи ништо не разбрах.
Втор пат коа беех на факултет, оти сакаах да се праам паметен и начитан студент... Мислеех си оти се разбирам и на крајо испадна оти ништо не сам разбрал. :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Сега ја читам заради лично/фамилијарни причини од ногу поразлична перспектива и животно искуство. Разбирам ја горе доле... Само неам толку време за читајне колку шо сакам....

Ама ако не забравам и не ме мрзе, ќе напишам шо сам разбрал овај пат.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Дванаесет искушенија од Габриел Гарсија Маркес.

Збирка од 12 неповрзани раскази, во кои се зборува за животот на латиноамериканците во Европа. Маркес е генијален, пишува на едноставен начин со лесен стил, а сепак те задлабочува и тера да се преиспитуваш и поистоветуваш со ликовите. Атмосферата во расказите е темна, меланхолична и на моменти сурово реална. На книгава и давам чиста 10-ка.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Лолита од Владимир Набоков
Крајно језива и перверзна со оглед на тоа дека еден безобразен збор нема во книгата. Чудно ја доживувам некако - иако главниот лик е негативец (и тоа од најлош вид) на моменти се наоѓам како по малце да навивам за него. Претпоставувам дека тоа се должи на стилот на писателот кој е неверојатен.
Зборува за еден педофил и неговата мала жртва - 12 годишното девојче Лолита. Содржината изненадува.

Драго ми е што ти се допаѓа Набоков, мене ми е доста пријатен писател исто. Побарај ја смеење во темница од него, слична тематика и е напишана пред Лолита. Не сакам да споредувам, но ти ја препорачувам.
Кафка - Процес..... (трет пат)...



И никако да разберам шо е целата работа... Ама инатлив сам....
Некои викат оти е некаква егзистенцијалистичка тешка книга, на мен ми изгледа како расказче за едно ногу познато реално општество.
На кратко: Они нешто како да сакат да го судат, а Јозеф К. нешто како мисле оти го зафркават, а живото и процесо си течат... И на крајо, смрт.
Кога го читаш Кафка, прати ги внатрешната борба на ликовите ( или, подобро речено внатрешното попуштање во борба ), на што алудира во таа борба, тој процес. Обиди се да дадеш свој суд на тоа што го читаш, а не слепо да прифатиш дека тој процес не означува ништо. Или, бар тоа патешествие до процесот. Обиди се да заборавиш што ти кажале во средно школо, потруди се да го читаш како прв пат, како да не знаеш кој е Кафка, немој да навлезеш во читањето дека сето е тоа бесмислено. Кај Кафка не може да се извади еден дел што предничи, тој пишува со толку многу значења, да со секој нареден пат кога се чита, различно да се доживува. Не треба да се заборави тоа дека неговото творештво е тешко да се објасни, неговата бесмртност е сеуште зачудувачка. За разлика од повеќето модернисти, тој е толку несовршен, толку расцепкан ( несовршенството не може секогаш да се поистовети како негативност ).

Инаку, ја читам волшебникот од Џон Фаулс. Сета таа игра со реалноста и нереалноста ми го отргнува ова сигурно тло што го имам под нозете. Толку настани, тешко да се следи, толку настани а мерак да се следи. Симболики, лавиринти и интертекстуалност. Препорачувам.
 
L

Luki Junior

Гостин
ЈуријАркадиевич напиша:
Кога го читаш Кафка, прати ги внатрешната борба на ликовите ( или, подобро речено внатрешното попуштање во борба ), на што алудира во таа борба, тој процес. Обиди се да дадеш свој суд на тоа што го читаш, а не слепо да прифатиш дека тој процес не означува ништо. Или, бар тоа патешествие до процесот. Обиди се да заборавиш што ти кажале во средно школо, потруди се да го читаш како прв пат, како да не знаеш кој е Кафка, немој да навлезеш во читањето дека сето е тоа бесмислено. Кај Кафка не може да се извади еден дел што предничи, тој пишува со толку многу значења, да со секој нареден пат кога се чита, различно да се доживува. Не треба да се заборави тоа дека неговото творештво е тешко да се објасни, неговата бесмртност е сеуште зачудувачка. За разлика од повеќето модернисти, тој е толку несовршен, толку расцепкан ( несовршенството не може секогаш да се поистовети како негативност ).
Спасиба таваришч.... Ја постарајус взјат ваши совет.
Како прво, јас не се мирисаах со учиталката од средно заради непоправливи идеолошки разлики, за како “треба“ да се доживува литературата и пишанио збор... Па затава и ништо не научих од неа (Не оти сега знам нешто де... :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:)...
Не сам бил комплетно јасен у мојто претходно тврдење... Забравил сам наводниците... :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol: Иначе никаде не сам спомнал дека процесо е глуп, нелогичен, или у најмала рака не означува ништо...
Самата перспектива на читатело потсеќа по малку на инсекто од метаморфоза и целата удобност за набљудувајне на нештата од страна... :):):)
Ниедно читајне не е безсмислено, тава барем го знам... Особено не за егзистенцијализмот како правец...
Не знам, неговото творештво сега не ми е баш тешко да го објаснам (Порано ми беше...Ногу....Ама порано беех непоправлив идеалист и невина душичка...:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:)..

Видел сам нешта, осетил сам нешта, правил сам нешта, шо може тесно да се поврзат со неговите пишаници... И не ми изгледат извештачени, нелогични, глупи, невозможни, или па сосем неинтересни.... Изгледат ми како длабоко стилизирани, уметнички напишани биографии од човеци шо ги е познавал, или е имал контакти со них... Самата несовршеност, расцепканост, разединетост, неадекватност на моменти, е особен и препознатлив знак за човеците.... Кафка успејал да ги преточе тие особини до перфекција у неговите пишаници (самата имперфекција знак за перфекција е малку чудна дефиниција...ама ајде де...)... Тај освежувачки пристап за опис на самото постоење го отскокнува од другите писатели/филозофи на таа тематика...

А за самиот процес и целото градење на основната приказна... Перфектен... ПЕРФЕКТЕН..... ТОлку многу метафори со нашето модерно време... просто немам зборове...


пс. Не ме сфаќајте за озбилно... Не сам толко учен. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:

ппс. Сега оште да ја дочитам... и да се пробам у критичарските води...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
ЈуријАркадиевич

„Инаку, ја читам волшебникот од Џон Фаулс. “

Како е оригиналот на насловот?

Ја читам „Куќа на духови “ од Изабел Аленде.
Според истата книга е снимен и филм кој многу ми се допаѓа, ама од друга страна ме ограничува: ликовите веќе знам како изгледаат. Иако некои работи се појасни кога се чита книгата, сепак за сега, филмот ми се допаѓа повеќе.
https://www.youtube.com/watch?v=DNKBsa23CDo
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.034
Поени од реакции
24.744
ЈуријАркадиевич

„Инаку, ја читам волшебникот од Џон Фаулс. “

Како е оригиналот на насловот?

Ја читам „Куќа на духови “ од Изабел Аленде.
Според истата книга е снимен и филм кој многу ми се допаѓа, ама од друга страна ме ограничува: ликовите веќе знам како изгледаат. Иако некои работи се појасни кога се чита книгата, сепак за сега, филмот ми се допаѓа повеќе.
https://www.youtube.com/watch?v=DNKBsa23CDo
The Magus е во оригинал. Ја има во Или-Или жолти корици со античка графика веројатно од грчкиот или римскиот период. Бајаги дебеличка книга мислам дека сега им е на попуст од 690 на 490.

http://en.wikipedia.org/wiki/The_Magus_(novel)

Јас ја читам Америка од Кафка. Тоа е последниот од трите романи на Кафка преведен на Македонски, Процес и Замок се поодамна преведени. Еден куриозитет што го дознав. Темплум и Антолог скоро паралелно почнале да ја преведуваат книгата без да знаат дека и другата страна го прави тоа. Затоа ја има во 2 изданија и 2 преводи, а јас како љубител на Кафка ги купив и двете :). Сега дојде на ред да ја читам. Главен јунак е Карл Росман кој е пратен во Америка затоа што дома ја затруднил слугинката па неговите сакаат да го избегнат срамот. Кафка никогаш не бил во Америка меѓутоа многу читал патеписи па затоа и пишува со голема сигурност. Одма се приметува разликата помеѓу Америка од една страна и Процес и Замок од друга. Америка е многу пореалистичен роман, ги нема тие парадоксални, надреалистични моменти и дијалози и случки од кои се чешаш за глава, текот на книгата е линеарен со овоземските закони на физиката и логиката :) . Меѓутоа главните мачнини на Кафка-оттуѓеноста, изолацијата, апсурдот на бирократијата, класните разлики се главни теми на муабет.

langelina Или-Или имаат доста солиден превод. Сега не е како да ја преведувал професор од катедра на англиски јазик ама споредено со Ѓурѓа и слично е драстична разлика. Ако не си од оние ситничари што бараат влакно во јајце, преводот е доволно задоволителен.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Sussaro

Фала многу!! Како е преводот? Мислам дека од или-или читавкнига во којашто црните патлуџани ба преведени како модри домати, па ... :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.034
Поени од реакции
24.744
Ако разбереш, те молам кажи ми, јас два пати ја читав, плус и филм имаше, со Кyle McLachan. Што дека, пак несфатливо до даска:tapp:
Баш пред некој ден се помислив филмот да го изгледам, може ќе ме просветли нешто...ме мрзи пак да ја читам:D

Линк за филмот:http://www.imdb.com/title/tt0108388/
Тоа е вториот филм направен по Процес. Првиот е во режија на легендарниот Орсон Велс, самиот тој има изјавено дека од сите филмови што ги направил тој му е омилен. Го имаше на јутуб до скоро со одличен квалитет, ама гледам поради копирајт дека го тргнале.

Најдобрата дефиниција за Кафка е дека Кафка не трпи дефиниции и токму тоа го прави толку загадочен и генијален како автор. Големи имиња на светската книжевност меѓу кои и нобеловци-Томас Ман, Габриел Гарсија Маркез, Хорхе Луис Боргес, Милан Кундера, Карлос Фуентес, Салман Ружди се само дел од имињата кои го ставаат Кафка како влијание. Дел и дале свои критики на интерпретација и тоа сосем различни. Едни мислат дека Кафка цели кон религиозните тематики, други кон отуѓеноста, трети кон бирократијата, четврти кон правото, петти кон нешто сосем петто. Набоков пак се осврнува на симболиката на делата на Кафка и оди до таму што истражувал зоологија за да види на која бубачка мислел Кафка во Преобразба. Во истото дело Набоков тврди дека голема симболика игра бројот 3-3 писма стигнуваат во делото, 3 одаи се главните сцени каде се одвива приказната, 3 жени се спомнати во раскажувањето итн... Кога критичари од такво реноме и познавање имаат толку различни мислења и толкувања, јас како обичен смртник воопшто нема ни да се обидам да тврдам со сигурност било што. Од соц-реалистичките методи (кои толку ги презирам) на толкување и критика на книги ќе се сложам со една работа. За поголема веродостојност при анализа на едно дело строго препорачливо е да се земе личниот живот на писателот, неговата биографија, што се му се случувало во животот, неговите лични преференци и вкусови, подеми и падови и слично со други зборови да му се направи еден психолошки профил. Втора работа која треба да се земе е околностите во кои живеел и условите. Односно тековните историски збиднувања, локалната културата каде што живеел авторот, начинот како општеството тогаш функсионирало и било регулирано и слични параметри и варијабли. Од побитните работи аа Кафка се знае дека бил генерално асоцијална особа, имал проблеми со ерекцијата, немал многу среќа во љубовта (се спомнуваат 3 големи љубови Фелис Бауер, Милена Јесенска и Дора Дијамант), имал строг и авторитативен татко кој имал преголеми очекувања и му вршел преголем притисок на синот. Се знае дека на млади години бил анархист, атеист, пацифист и марксист за подоцна да се наврати на корените-еврејската култура, јудаизмот, ционизмот. Од друга страна станува доктор на правни науки, има значителен прогрес во кариерата и има напишани неколку повеќе стручни критики од областа на правото. Умира од туберкулоза, поточно прегладнетост затоа што не можел повеќе да голта од болки и последните зборови му биле-Убијте ме или сте убиец. Сакал сите негови необјавени дела да бидат запалени и никој повеќе да не ги види што можеби сигнализира крајна несамодоверба дури можеби и срам во сопствениот труд. Да додадеме дека Чешка е генерално резервирана земја во која луѓето се поладни, и дека тој период бил карактеристичен со зголемени технолошки иновации меѓутоа и зголемена експлоатација на трудот, огромни хангари и фабрики кои штанцаат вработени и зомбификација на човекот и токму таа зомбификација и отуѓеност Велс фантастично ја доловува не само во фимот туку и во други негови филмови на огромни библиотеки, архиви со досиеја и колосални згради а внатре нема никој.
Кафка се смета за основоположник на многу работи во литературата од надреализмот кој подоцна Андре Бретон ќе го дефинира во својот Mанифест на надреализмот и ќе го промовира со своите пријатели Луј Арагон, Пол Елијар и многу многу други, до магичниот реализам популаризиран од Маркез, Боргез и останатите претставници од тој таканаречен Латиноамерикански литературен бум, до дистопискиот роман кој ги им донсесе слава на Земјатин, Хаксли и Орвел со нивните последователни дела Ние, Храбар нов свет, 1984 и Животинска фарма, до експресинизмот во литературата кој Брехт ќе го земе како главен правец во своите драми. Со други зборови Кафка е бигбенгот на нешто што подоцна ќе биде именувано како генерална терминологија-модернизам во која спаѓаат малтене сите движења во 20-тиот век. Исто како што на Адам, Ева, Ное, Абрахам, Исак, Јаков не можеме да им ја монополизираме припадноста во чисто јудаистичка, христијанска или муслиманска религија така и Кафка не може а и не смее да се дефинира како правец. И не само тоа, Кафка поставува дилеми кои се разгледувани и од филозофски аспект па му се препишува и е разгледуван и како филозоф од егзистенцијалистичката фела.
Како што може да се види кај самиот Кафка се случувале различни и често контрадикторни вкусови, парадокси и иронии во едно општество непомалку заебано од самиот живот на Кафка. Мислам дека Кафка одлично ги сфатил тие парадокси и иронии и ги внел во своите дела. Зачудувачки ми падна моментот што Кафка кога им читал делови од Процес на пријателите, сам се смеел што остава отворено прашање дека делото го гледал и од хумористично-сатирична нота. За мене тоа беше приметно да речеме во делот кога се среќава со сликарот Титорели, и тој (Титорели) му објаснува дека има два начина како сака да му тече процесот. Еден сликар знае повеќе за правната терминологија од адвокатот претходно спомнат, и му кажува два начина кои се стварно глупи и смешни меѓутоа и крајно логични и Велс одлично го кине тоа во филмот ставајќи го К. во позиција на потење и збунетост од раскажувањето додека мали деца надвор сакаат да влезат во импровизираното живеалиште на К. Иако несомнен е правниот аспект на Процес, еден мој другар се осврна на тоа дека многу е можно и самата туберкулоза да има голем удел во делото на Кафка, он е осуден на таа болест од која бара конечен лек по санаториуми, кои само одолговлекуваат но и не помагаат и сето тоа го има направено низ призмата на правото односно неговата бранша, нешто што и јас лично често и несакајќи го правам, анализа на збиднувања низ моноколот на мојата струка. Оној монокл, златарскиот, што повеќе личи на минијатурен дурбан. Проблемот што ако така се гледа Кафка низ тој монокл се добива прецизност од еден аспект на толкувањето меѓутоа се губи визијата на големата слика. Ако пак ја гледаш големата слика ги губиш деталите. Токму тоа е стапицата во дефинирањето на Кафка.
Сето тоа ти е како интерна зафрканција. Онака седиш ти во друштво со уште 3 другарки и едната од нив кажува некој збор пример-чаша и сите почнуваат да се смеат а тебе не ти е јасно зошто. Сфаќаш само дека е некој интерна зафрканција што им се десила претходната ноќ кога ти не си била со нив, и се дур не ти ја раскажат ти не сфаќаш што е, а дури и да ти ја раскажат нема да ти биде толку смешна колку што им била на нив бидејќи присуствувале додека се случувала. Значи едино чаре е да го воскреснеме Кафка и да го прашаме-Шефе на што печурки си бил бре ти и што ти значеше тебе Процес. Неговиот одгвор најверојатно ќе почнеше со-Ах тој Макс Брод да му ебам мајката, не можеш ни на другар да му веруваш.
Во отсуство на методот на воскресение единствено ни останува методот на толкување. И тука доаѓа до најинтересниот дел. Интерпретацијата на Кафка е како сложувалка. Таман ќе мислиш дека си ги нашла аголните пузли кој нели сите на почеток ги бараат оти се најлесни за воспоставување на рамката, сфаќаш дека тие воопшто не се аголните пузли. Како одиш понатаму сфаќаш дека уствари нема аголни пузли односно дека оваа сложувалка има некоја кружна или овална форма, за после некое време да кажеш дека оваа сложувалка нема форма, за после тоа да кажеш дека веројатно е дека нема форма ама не си сигурна. Толкувањето на Кафка претставува лавиринт како што е и самиот Процес, каков што и му се случува на Јосеф К, како што и Грубах го доживува упадот на апсачите (еден Чех, еден Германец и еден Евреин укажувајќи дека кога си наебал твојата наебаност не е расистички настроена) како што... Влегуваш во лавиринт, на лавиринт на лавиринт. Односно твојата реалност станува реалноста од делото, исто како што почнува филмот на Орсон Велс


Оние децана од 9gag инспирирани од филмот Inception најверојатно истото ова би го нарекле Kafkaception. Сликовито тоа изгледа вака

http://www.google.com/imgres?q=picture within a picture within a picture illusion&num=10&um=1&hl=en&biw=1366&bih=667&tbm=isch&tbnid=SlUOYI8jvmd0cM:&imgrefurl=http://www.maniacworld.com/trippy_mirror.htm&docid=XrkwjKEweXy3eM&imgurl=http://www.maniacworld.com/trippy_mirror.jpg&w=377&h=353&ei=iPALUKTYEfLE4gTp6YHNCg&zoom=1&iact=hc&vpx=1021&vpy=143&dur=605&hovh=217&hovw=232&tx=100&ty=120&sig=100869633477004747720&sqi=2&page=1&tbnh=144&tbnw=151&start=0&ndsp=19&ved=1t:429,r:5,s:0,i:87

или како еден спот од љубимците мои Бленк енд Џоунс преработка на друга песна од Кошин (топло ти препорачувам да го изгледаш спотот)



Единствен излез од лавиринтот е да не влезеш во лавиринтот. Ама па ти веќе си таму.

Ете затоа плавоока немој да се трудиш да го сфатиш делото, оти и самиот Кафка криптографски ти препорачува да не го правиш тоа и да се заебеш како него.

И не се секирај и јас кога ќе си го препрочитам постот ќе си кажам



edit Да не заборавам

Режисерот Стивен Содерберг и сценаристот Лем Добс си го доживеале Кафка на свој начин и решиле да снимат филм онака како тие го гледаат Кафка. Филмот е фантастичен, креативност каква што ретко сум сретнал во филм со Џереми Ајронс во улогата на Франц Кафка. Импресијата ми е дотоклу поголема затоа што станува збор за еден автор толку тежок за даунлоадирање и миксање.

Гледајте го пред да го тргнат ради копирајт


Исто го препорачувам и овој анимиран филм кој го опишува животот на Кафка според неговите дневници. Креативно фо филмот е додадена нота на магичен реализам согласно делата на автророт. Осум дела се јас го ставам само првиот другите ќе си ги најдете. Филмот има доста награди добиено и тука би го пофалил режисерот за идејата и креативноста

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
„Кујна“ од Лили Прајор

Немав поим ни што се работи, ама барајќи било што за да убијам досада една другарка ми ја даде и стилот е таман ко за човек кој убива по 40 мин во автобус додека оди на работа. Лесен стил, опишан е главно животот на Сицилија. Уште ја немам довршено, за да бидам на чисто дали да му ја препорачам на човек или не.

Кај да е ќе се почестам со првата книга од Р.Р Мартин Game Of Thrones, е тоа ќе биде празник:)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Наследството на Скарлати (Роберт Ладлам)

По препорака ја земав за одморот. Првите неколку глави ми делуваа пренатрупено, угушено и неможев да навлезам во приказната (ми доаѓаше да ја шитнам), но понатаму дојдоа работите на место т.е. тек отпосле почна развојот и заплетот. Антихронолошки е поставена од почеток.

На средина сум и ептен се навлеков. Ќе пишам за некое време комплет импресија.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ја читам „Куќа на духови “ од Изабел Аленде.
Според истата книга е снимен и филм кој многу ми се допаѓа, ама од друга страна ме ограничува: ликовите веќе знам како изгледаат. Иако некои работи се појасни кога се чита книгата, сепак за сега, филмот ми се допаѓа повеќе.
https://www.youtube.com/watch?v=DNKBsa23CDo
Денес с енадевам дека ќе ја дочитам книгата. Книгата е многу читка, и многу нешта имаат повеќе смисла отколку настаните во филмот.

„По смртта на свршеницата, убавицата Роза, Естебан Туеба го напушта градот и од пепел го подига имотот Три Марии. Свирепоста, големиот углед и големото богатство се неговите главни белези, се додека не се ожени со Клара, жена која може да ги предвидува настаните и е помалата сестра на Роза. Нивниот заеднички живот е полн со преврати, а љубовта и омразата ќе ги засени диктатурата и лошата политичка ситуација во земјата.
Љубовта на нивната ќерка Бланка со Педро, маж кој според Естебан е недостоен за нејзината љубов и семејство, ќе ги наруши односите до крај.

Изабел Аленде е чилеанска писателка, а критичарите ја споредуват оваа книга со Маркесовата Сто години самотија.“

Со јужноамериканските автори сум се уште на Вие, а најмногу ми се допаѓаат делата на Лаура Ескивел.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
13
Поени од реакции
7
The Provisional IRA, од Tommy McKearney

Интересна книга за постоењето, формирањето и историјата на Ирското национално движење во Велика Британија со векови наназад. Иако авторот е ветеран од Републиканската Армија, прилично е објективен, онолку колку што му дозволува неговата улога и учество во конфликтов. Не е лоша, иако имав многу поголеми очекувања.
 
H

HITCH

Гостин
„Подземна дипломатија“ од Томас М. Џонсон, Ханс Рудолф Берндорф и Командант Ландо.

Книгава е малку постара и се опишуваат застарени методи за шпиунирање, ама е многу интересна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom