Што читате во моментов? (со краток коментар)

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Штотуку ја прочитав Fevre Dream (Трескавичен сон) на Џорџ Р.Р.Мартин, авторот на A Song of Ice and Fire. Ова е пократок роман, а нема ни продолженија :) . Трескавичен сон е името на еден величенствен пароброд изграден од двајца бизнис партнери, кој плови низ Мисисипи и низ неговите притоки во 19 век. Приказната, како што прочитав на едно место (јас искрено, не се сетив) е комбинација на она што го напишале Брем Стокер и делумно Марк Твен. Она на што пак, се сетив е поврзаноста на Fevre Dream со True Blood, која не е за занемарување. Солидна книга која е убаво да се прочита. Јас ја начекав во електронска форма, на српско/хрватски. Криво ми е што, како и многу други книги, не е преведена на македонски јазик.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.034
Поени од реакции
24.744
Артуро Перез Реверте- Клубот Дима

Книгата ја меркав уште одамна од кога се појави бидејќи искрено ме заинтересира и бендиса корицата.



Да, книгата не се суди по корицата ама ете зошто сеуште се инвестира во корици бидејќи првиот визуелен впечаток за книгата се добива од корицата. Кај мене барем запали таа маркетиншка тактика. Пролистав за неа на нет и дознав дека по неа е правен филмот Деветата порта на Роман Полански со Џони Деп во главна улога. Филмот го имам од поодмана гледано и ми е еден од поомилените. И покрај тоа се некако се одолговлекувааше моето купување се до овогодинешниот саем кога пак ми забоде очи истата корица и реков дека конечно е ред да ја купам.
Гледањето на филмот ми беше малку спојлер и знаев отприлика што да очекувам. Полански е сепак режисер кој знае како да разработи тематика, а на Џони Деп специјалност му се улоги на ненормални или подобро кажано несекојдневни ликови.
Книгата ми е скоро две третини прочитана. Темата ми е погодена скроз. Како јас да сум разговарал со Реверте за моите интереси што сакам јас да читам, а тој да ја пишувал баш custom made како за мене. Значи мистицизам, окултизам, трилер, библиофилија, антиквитетни книги, заплети, мајндфак моменти и пресврти. Се што сакам е тука. По историските детаљи и техниките на печатење споменати во книгата се гледа дека Реверте е одличен познавач во историјата на печатарските техники вклучувајќи тука типови на хартија користени во минатото, ракописи, обликување на книги, користена машинерија и останати методи. Исто така си ја завршил домашната во областа на библиофилијата, светски каталози на раритетни изданија, библиотеки, класификација по картотеки. Особено е нагласена експертизата за Александар Дима-Таткото која Реверте ја владее во детаљи. Од друга страна писателот има одличен фат за доловување на карактери, потези на тело и гримаси, внатрешни мисли на ликовите, интерперсонална комуникација и познавање на природата на човекот од социо-психолошки аспект. И на сето тоа треба да се додаде и одличната ем течна нарација и тек на дејствијата. Писателите кои ги немаат тие способности на канализирана презентација и комуникација со пубиката (која секако не е хомогена и варира по разни основи од коефициент на интелигенција, вариетет на прифатени вредности и култура, па и вкусосви) често оставаат забуни, нејаснотии и неразбраности со истата, а тоа е сосем спротивно од случајот со Реверте.
Централен лик во книгата е Лукас Корсо кој е трговец со стари книги и за кого етиката дури и кога преминува во нелегалност е нешто кое треба да се остави во подрум ако сака да се успее во тој бизнис. Самиот тој е свесен дека е проститутка на бибиофилската аристократија која го ангажира него кога треба да се заврши некоја валкана работа за да се стигне до посакуваната книга. Професијата го има научено да ги проценува одлично луѓето и следствено да темпира комуникација (и вербална и невербална) со нив согласно нивните карактери се со цел стекнување на симпатија и подмачкување на патот кон целта. Трпелив, аналитичен, и суво рационален, Корсо ги трга и сопствените чест и достоинство на страна за да извлече некоја пара плус. Ако на таа негова манипулативна нарав се додаде и експертизата во книгоиздавателството и книжните антиквитети тогаш кај Корсо гледаме специјалист во својата професија и објаснувањње за големиот број на клиенти кои го ангажираат. Компензација за тоа бесрамно ''проституирање'' и немањето на скоро никаков приватен живот Корсо бара во омиелниот пијалок-џин од марката Болс, цигарите и реконструкција на битката кај Ватерло што ја има поставено како мапа со оловни војничиња во неговиот стан. Откриваме и една жена од минатото која солидно го имала заебано за сите времиња. Се плашам од дрвени коњи, од ефтин џин и убави девојки. Особено кога носат подароци.-ќе рече Корсо на прашањето на една друга млада девојка со која ќе се судри во книгата и која штотуку му беше купила поклон кога го праша од што се плаши.
Книгата и заплетот почнуваат кога еден негов пријател кој е исто продавач на книги, ќе го замоли Корсо да открие дали главата Анжујското вино од книгата Тројцата мускетари до која стигнал е автентичен и оригинален на Александар Дима или е копија. Во исто време еден од најмоќните книгоиздавачи во Шпанија Варо Борха ќе го ангажира Корсо да му ја провери автентичноста на книгата Деветте порти која тој моќник ја поседува. Книгата е окултистичка и била напишана од Аристиде Торчија кој поради таа причина бил запален во Рим 1667ма сосе изданијата од книгата што ја испечатил. Пред да испушти душа на кладата, Торчија признал дека има уште еден примерок кој не им го предал на властите, меѓутоа умира без да им открие нешто повеќе. Меѓутоа Борха знае дека освен неговиот примерок постојат уште 2 примероци на книгата во приватни колекции, и сака да открие дали неговиот примерок е лажниот или другите два, или пак сите три се лажни можеби сите три се автентични. Тие два ангажмани ќе го воведат Корсо во сплетки кои се над сите негови искуства и граници на професијата. И ова што го пишав е многу, прочитајте ја книгата и погледнете го филмот ако сте љубители на криминалистика, Умберто Еко и/или филмови како Адвокатот на ѓаволот, ова ќе ви легне во еден здив.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Адалф Хутлер- Мојата борба
Адолф Хитлер- Мојот поредок на светот
Пред накој ден ги купив. и како по обичај прво ги пролистувам,и ги читам
некој интересни делови,како предговор или резиме ,белешки и сл.
Мислев поради омразата кон фашизмот(и Хитлер) оваа книга не само да никогаш нема да ја читам,туку сум се чудел како е дозволено нејзино печетење. Но испадна спротивното што не сум го знаел.
Хитлер освен што го знаеме за добар говорник - знаел и добро да пишува.
Прво книгата почнала да се печати и е напишана 20 год. пред 2 с.в.
Второ таа е преведена на скоро сите светски јазици.
Трето има и најголем тираж-најчитана книга после Библијата.
Посебно ме радува што таму ќе прочитам за животот на Евреите,
за кое доста се интересирам, (секако најповеќе за нашите Евреи)
(можеби ќе ја оставам за читање за време на год.одмор, на раат )
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Пророштвото на Романови - Стив Бери
Стигната сум некаде до половина, и многу ми се допадна книгата. Историски, но и авантуристички роман, жанр кој најмногу го сакам :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Ноќниот воз за Лисабон“-Паскал Мерсие

На почетокот, до кај што сум со читањето, книгата ептен е интересна и помалку мистериозна. Се работи за професор по класични јазици во средно училиште кој после случајната средба со една туѓунка (Португалка) доживува целосен пресврт во својот рутински живот. Книгата од старата антикварница уште повеќе ја зголемува неговата желба, а тоа е да се напушти се' и да се оди што подалеку од монотоната средина. Некаде далеку кај што ќе може да ја преиспита содржината на напишаното во книгата, но и да се преиспита самиот себе. Една ноќ се качува, малку колебајќи се, и заминува за Лисабон.
 
S

Shaman

Гостин
ова е за викендов планирано.
веројатно ќе имам време.



Аркадиј Бабченко, ветеран на двете војни во Чеченија.
Од обичен наивен млад регрут, до искусен ветеран.



Поднасловот објаснува се.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Периодов се посветив на Чарлс Буковски и неговите дела кои ги најдов, во моментов го читам романот Пошта

Уште еден од автобиографските романи на Буковски исполнет со меланхолија, премногу алкохол, борба за живот, односот на службата кон работникот, 12-те години поминати во поштата, живот пропратен со жените и сексот, обложувањето на коњските трки.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Периодов се посветив на Чарлс Буковски и неговите дела кои ги најдов, во моментов го читам романот Пошта

Уште еден од автобиографските романи на Буковски исполнет со меланхолија, премногу алкохол, борба за живот, односот на службата кон работникот, 12-те години поминати во поштата, живот пропратен со жените и сексот, обложувањето на коњските трки.
Пред некој ден ја прочитав. Уште една добра книга со главниот лик Кинаски. Иако веќе му се навикнав на стилот на пишување, додека ги читав тие 160-тина страни ептен тешко ми паѓаше. Со едно едноставно автобиографско пишување ме стави во мисла. Наредна во план ми е Холивуд.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Пред некој ден ја прочитав. Уште една добра книга со главниот лик Кинаски. Иако веќе му се навикнав на стилот на пишување, додека ги читав тие 160-тина страни ептен тешко ми паѓаше. Со едно едноставно автобиографско пишување ме стави во мисла. Наредна во план ми е Холивуд.
И мене ми е наредна Холивуд само се мислам дали да го читам македонското издание од Бегемот или да ја земам од Кавказ англиската верзија, гледам они ја имаат и Tales of ordinary madness, jа најдов Блудниот син и Љубов за 17 ипол долари. Жени ја имам прочитано на англиски, така да од тоа што е доспатно од него кај нас во план ми е скоро се да опфатам. Интересен лик ми е Буковски меланхоличен, мрачен некогаш со хумор а толку реален не може да не го сакаш.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
После Jane Eyre, On Chesil beach, Гол Човек и Коцкар (секако ова е форум, нели?) ја читам Тунел од Петре М. Андреевски. Што да кажам за книгава... Почнува интересно... Као биографско дело за некоја личност, отворен дневник за нејзините љубови. Но... Има на моменти каде што се задавува во празни одови. Се гледа писателот сака да го опише секое чувство, но на моменти за задушува во некоја т.н. монотонија. Делото како дело си има целина но премногу е задушено во ептитети, компарации. Мала споредба со еднодруго дело - Chesil beach (двете се некако слични во тематиката). И двете се полни со украсеност и одбрани зборови. И двете опишуваат сличен проблем - љубовта како чувство. Но... Додека кај Chesil beach се случува некаква динамика по нивниот живот (се навраќа во некое делче, фрагмет на спомени, па повторно назад) кај Тунел има константен опис. И само опис. Сепак му симнувам капа за одбраните зборови, но би требало малку да внесел динамичност. На моменти помислувам да го оставам, на моменти не ме остава во помисла да правам било што друго.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
И мене ми е наредна Холивуд само се мислам дали да го читам македонското издание од Бегемот или да ја земам од Кавказ англиската верзија, гледам они ја имаат и Tales of ordinary madness, jа најдов Блудниот син и Љубов за 17 ипол долари. Жени ја имам прочитано на англиски, така да од тоа што е доспатно од него кај нас во план ми е скоро се да опфатам. Интересен лик ми е Буковски меланхоличен, мрачен некогаш со хумор а толку реален не може да не го сакаш.

Aко не се лажам ( а се надевам се лажам ) Кавказ е затворен. Или, подобра варијанта преместен. Некој има информации?
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Дали ме чекаш? - Гијом Мисо
Masterpiece:cuc:

Од книгава сум воодушевена!Прекрасна е ми го одзеде здивот.
Иако приказнава не е баш реална бидејќи се работит за капсули кои можат да те вратат назад во времето вие воопшто немат да мислите на нив туку ќе ги прифатите како 'нормална' појава и едвај ќе го чекате следното патување низ времето.Приказна за љубовта и пожртвуваноста која ќе ја прочитате во еден здив.
Топло ја препорачувам и ми беше 100 пати поубава од Затоа што те љубам.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Деновиве одвај ја дочитав Тринаесеттата приказна од Дајан Сетерфилд.
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=321


Ништо не чини: ниту приказната, ниту начинот на раскажување, ниту пак логичниот расплет на нештата.
Како и да е, ме поттикна да ја побарам Џејн Ер на англиски :)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Богат татко, сиромашен татко - Роберт Кијосаки



Богатите и сиромашните не размислуваат за парите на ист начин. Преку приказната за двајца татковци, едниот богат, иако без формално образование, и другиот сиромав, иако високообразован, Кијосаки ни ја прикажува дијаметрално спротивната перцепција за парите. Преку оваа книга ќе научите како парите да работат за вас, наместо вие за нив.

Богатите земаат кредит заради правење пари, а сиромашните заради трошење.

Богатите парите кои ќе ги заработат прво ги реинвестираат, додека сиромашните веднаш ги пласираат, трошејќи ги на ситни задоволства.

Богатите одлучуваат приходот да го остваруваат врз основа на резултатите, а сиромашните прифаќаат да бидат платени врз основа на потрошено работно време.

Богатите се издигнуваат над своите проблеми и пречки, а сиромашните бегаат од пречките и трчаат кон сигурноста.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Лолита од Владимир Набоков
Крајно језива и перверзна со оглед на тоа дека еден безобразен збор нема во книгата. Чудно ја доживувам некако - иако главниот лик е негативец (и тоа од најлош вид) на моменти се наоѓам како по малце да навивам за него. Претпоставувам дека тоа се должи на стилот на писателот кој е неверојатен.
Зборува за еден педофил и неговата мала жртва - 12 годишното девојче Лолита. Содржината изненадува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom