dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.399
- Поени од реакции
- 85.350
Знам дека е можеби малку рано, ама сите податоци од минатогодишната игра беа избришани, и од денес најверојатно се почнува со новата сезона на фантази. Го подобриле дизајнот, ептен е јако сеа, поттик за повеќе членови да се зачленат
Еве го и линкот: http://fantasy.premierleague.com/
Значи бирате 15 фудбалери од сите англиски екипи. Морате да имате 5 одбранбени, 5 средина, 3 напад и 2 голмани.
Максималната вредност на тимот не сме да помине 100 милиони. Секој фудбалер си има одредена вредност и интересното е што неможете да ги одберете сите ѕвезди од тимовите, па ќе треба навистина да се помачите додека го најдете вистинскиот тим.
Еве како оди и бодувањето:
Голман: За непримен гол +4п, за секои 3 одбрани на натпревар +1п, за секои примени 2 гола -1п(ова важи и за одбраната), за одиграни барем 60 мин од натпреварот 2п(ова важи за сите), за асистенција +3п(ова важи за сите), за помалку од 60 минути на терен 1п(ова важи за сите), за жолт каротн -1п(ова важи за сите) и за црвен картон -3п(ова важи за сите).
Одбрана: За постигнат гол +6п, за непримен гол +4п
Средина: За постигнат гол +5п, за непримен гол +1п
Напад: За постигнат гол +4п
Напомена: На секој натпревар се доделувааат бонуси од 3п, 2п и 1п. Тоа оди за најдобрите играчи на тој дуел. Исто и имате можност да одберете капитен, кај него ви се дуплираат поените.
За секое коло можете да направите еден дозволен трансфер, но можете и повеќе ама при тоа ќе висе одземаат 4п од вашето конто. Имате и да искористите и вајлд карта. Тоа значи ако некогаш правите реконструкција на тимот за да не ви одземе поени кликате на тоа(тоа е само за еднаш во годината). Можете максимум 3 играчи од еден тим да одберете.
За да имате успешна сезона и да бидете топ менаџер потребни ви се околу 50-60 поени неделно.
Се разбира некои трансфери сеуште не се завршени, па така до стартот на првенството можете да го менувате колку сакате тимот и нема да ви бидат минусирани поените.
И да надополнам, се до првиот натпревар можете да правите колку сакате измени, нема да ви се одзимаат поени.
Еве и кодови за лигите:
Кајгана Класик-
Кајгана хед-ту-хед :
Инаку еве го и мојот тим кој што најверојатно ќе се смени уште неколку пати до почетокот на сезоната.

3544-1833
Кајгана хед-ту-хед :
3544-1858