Доброто со добро се враќа

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ајде да почнеме од почеток. Очиглегно не си прочител некој дел.
Тема: добро со добро се врака.
Од каде произлегува дека со самото правење на добро очекуваш некој да ти врати за добрината. Што доколку не се деси предизвикува злоба и омраза кај првиот. Од каде пак следува дека добрината не е направена безусловно туку со некоја цел. Од каде пак произлекува дека целиот концепт е погрешен уште од почеток. И после рогатиот ширел нетрпеливост а самиот концепт за награда е виновен али јбг.

За вториот дел и јас пишав дека во тоа е финтата ама почетниот услов го исклучува тоа како и самиот религиски концепт.

А за закони има и други. Како на пример т.н. златно правило од древен Египет: Правиму го на другиот тоа што сакаш тебе да ти го прават.
Сребрено правило од Конфучие: Не му го прави на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
Лао Це:​
If you want to awaken all of humanity,

then awaken all of yourself.

If you want to eliminate the suffering in the world,
then eliminate all that is dark and negative in yourself.

Truly the greatest gift
you have to give
is that of your own self-transformation.
Тоа (црвениот болд) е претпоставен закон во хаосот.

Колку пати да се случува некоја работа за која си ти причината, толку пати последицата, која може да биде причина да ти станеш дел од наредната последица, се приближува кон својствата на претходната причина, односно се стреми кон своевиден ред, во хаосот.

Toa е поентата во "Доброто со добро се враќа".:)

Што повеќе пати доброто е причина, поголеми се шансите во "кругот" да се врати доброто.
Доброто како апстрактен поим за множество од чувства кои го дефинираат субјективното добро расположение на единката.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
1. Значи не е објективно, бидејќи говориш како што ти го разбираш, ама може и погрешно да си разбрал, значи, толкуваш по пристапот „мислиш(ам) дека е така“. Така да воопшто не си објективен, туку си подвргнат под сопствената интуиција, инстинкт, логика и смисла за морал и етика. Што не велам дека е погрешно да се раководиш така, но е погрешно истто да го сметаш за објективно, и како такво да го накалемуваш на друг, а при тоа за некој друг таму (во овој случај „атеист“, да му кажуваш дека субјективно гледа на работите). Мислам, кој си па ти да кажуваш што е морално а што не, односно како треба да гледа човекот на тоа што е добро а што не, а особено на философската смисла на изреката „доброто со добро се враќа“ (впрочем ти овде ништо религиски не зборуваш , и во суштина и не треба да зборуваш, затоа што изреката „доброто со добро се враќа“ не е стриктно религиски концепт) ?

2. Како тоа провидноста е спонтана кај Господа? Што Ти подразбираш под провидност, односно провидност кај Господа? И како тоа ти препознаваш на спонтаност кај Господа? В ред, љубовта е спонтана, но тоа е веќе нешто сосема друго и како поим, „љубовта“ е нешто покомплексно отколку да се стави в калап со Бог или било што. Некако имам впечаток дека употребуваш некои зборови без да го сфаќаш нивното реално значење, туку онака како што имаш одредена претстава ти лично, така ги објективизираш за сите.

3. Потенцијалот е во Господа?! Чекај Чекај.. ај објасни го ова?! Од каде ова сеа?!? Што подразбираш ти под „потенцијал“, чив е тој, каков е тој „Потенцијал на Господа“ и дали е тој зависен од нешто друго или се наметнува како таков онаму каде што не постои потенцијал?!
- Како тоа „Немој да си го користиш потенцијалот за да велиш дека (наводно) „некој не те разбрал““ ? Од ова добивам впечаток дека стварно не си ме разбрал.. Каков е тој потенцијал бре што јас го користам (по свему судечи - залудно)?

4. Па не да неможат да и се начудат, него неможат а да не и се восхитуваат. Впрочем затоа и ја истражуваат, а ако не се лажам огромен напредок направија со откривањето на Хиксовиот Бозон. А ниту јас, ниту ти, и ниту било кој овде на форумов не е кадарен за нив па да им соли памет по квантна физика. Пред се затоа што 99 % од овде сме лаици по квантна физика и пљампаме само за она што сме го прочитале во електронскиве весници. И оттука, не ја етизирај и морализирај науката преку фрази „вртење на другиот образ“. Наука си е наука... Ако си физичар изволте, полемизирај на топик физика и наука, ако не.. држи си се до своите знаења - какви такви..
Доблесно прочитај си ја повторно последната реченица. Еве, да кажам еден јузер, колку што го разбрав рече дека како дете бил верник со потенцијал да се развива во Господовата длабочина, и, колку што го разбрав, не бил подготвен на лична трагедија како дете и адхок престанал да Верува...но сеуште доаѓа тука на теми (ин)директно поврзани со Верата. И, да (од погорното): „Не можам да те натерам да се најдеш себеси во горното што го пишуваш, бидејќи за тоа веќе се обидов на некој задоволително да му реплицирам.“
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:37 ---
Па не ме терај.. ниту јас те терам на било што, а што е против твоја воља..

Што да рекламирам?!
Без терање ништо не бива, прашај некој еве од научниците.
Да рекламираш нетолеранција кон реалните отворености коишто самите се наметнуваат...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:40 ---
...и не се даваат да му се покорат на ограничениот човеков Ум...
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Ич не се слагам со овоа „Добро,со добро се враќа“.

Ај сеа сите лично питајте се самите себе , колку пати му имате направено услуга на некој , за да тој коа дојде време да врати/помогни , се заебал ?
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Доблесно прочитај си ја повторно последната реченица. Еве, да кажам еден јузер, колку што го разбрав рече дека како дете бил верник со потенцијал да се развива во Господовата длабочина, и, колку што го разбрав, не бил подготвен на лична трагедија како дете и адхок престанал да Верува...но сеуште доаѓа тука на теми (ин)директно поврзани со Верата. И, да (од погорното): „Не можам да те натерам да се најдеш себеси во горното што го пишуваш, бидејќи за тоа веќе се обидов на некој задоволително да му реплицирам.“
Како и да е, не се ни труди да ме тераш на нешто, а за што мислиш дека не сум се пронашол...Не ми е јасно само зошто толку месијански и витешки го поставуваш сето тоа.. имам впечаток дека е излишно...

А патем речено, темава е „Доброто со добро се враќа“, така?

Чинам дека треба да се смести во групата - Филозофија и психологија, оти вакво еднолично религиско гледање е сувопарно и ограничено, а ко што гледам повторно ќе доведе до религиска расправа и повторно ќе се наметне глупавоно прашање „Дали постои Бог?“

Затоа и ти пишав погоре дека денес излишни се религиите да ни кажуваат „што е добро а што не“, односно „дали доброто со добро се враќа или не“ - кога требало тие си ја завршиле својата работа..
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:55 ---
Доблесно прочитај си ја повторно последната реченица. Еве, да кажам еден јузер, колку што го разбрав рече дека како дете бил верник со потенцијал да се развива во Господовата длабочина, и, колку што го разбрав, не бил подготвен на лична трагедија како дете и адхок престанал да Верува...но сеуште доаѓа тука на теми (ин)директно поврзани со Верата. И, да (од погорното): „Не можам да те натерам да се најдеш себеси во горното што го пишуваш, бидејќи за тоа веќе се обидов на некој задоволително да му реплицирам.“
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:37 ---


Без терање ништо не бива, прашај некој еве од научниците.
Да рекламираш нетолеранција кон реалните отворености коишто самите се наметнуваат...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:40 ---
...и не се даваат да му се покорат на ограничениот човеков Ум...
Точно, „Со сила убајна не биват“.

Искрено, ниту рекламирам, и ниту ми се рекламира, не сум Влада на РМ :))))))
Ако тебе не ти се допаѓа со каков тон пишувам, тоа е друга работа, не значи дека сум нетолерантен, и обратно.
Башка, во поглед на „толеранцијата“ искрено и не сум баш нешто многу приклонет.
Денес „толеранцијата“ (а како што гледам и овде на форумов) се сфаќа како: „Јас имам едно мислење, ти имаш друго. Моето е различно од твоето. Ти не го сакаш моето мислење и се противиш кон тоа, и јас исто така. Е затоа, за да не се караме, ќе се толерираме - значи, јас не те чепкам тебе, ти верувај во што сакаш да веруваш, но ни ти не ме чепкај мене, остави ме да верувам во што сакам да верувам. Значи, имаш една бариера, која што само ги држи работите на страна, а во моментот кога ќе се судрат, ееееее тука е чичо администратор да избрише коментар или да банира член (а во „вистинскиот свет“ нели преку други методи).
Така да ова со толеранцијава е некако смешна работа, го спречува она клучното, а тоа е борбата заради самиот антагонизам. Ако не се соочиш, нема ништо да научиш...“
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Затоа и ти пишав погоре дека денес излишни се религиите да ни кажуваат „што е добро а што не“, односно „дали доброто со добро се враќа или не“ - кога требало тие си ја завршиле својата работа..
Добра поента, дали искуство во кое некој не повредил не е добра лекција во животот? Горчливоста на лекот незначи дека не е лековит.
Добро и зло се субјективни перцепции, обично втемелени на човечката емпатија како критериум.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Како и да е, не се ни труди да ме тераш на нешто, а за што мислиш дека не сум се пронашол...Не ми е јасно само зошто толку месијански и витешки го поставуваш сето тоа.. имам впечаток дека е излишно...

А патем речено, темава е „Доброто со добро се враќа“, така?

Чинам дека треба да се смести во групата - Филозофија и психологија, оти вакво еднолично религиско гледање е сувопарно и ограничено, а ко што гледам повторно ќе доведе до религиска расправа и повторно ќе се наметне глупавоно прашање „Дали постои Бог?“

Затоа и ти пишав погоре дека денес излишни се религиите да ни кажуваат „што е добро а што не“, односно „дали доброто со добро се враќа или не“ - кога требало тие си ја завршиле својата работа..
Мислам...
Квантните научници не се восхитуваат (добро ги знаат границите), туку не можат да и се начудат на рецентната физика, бидејќи таа е вон восхит. За да се восхитиш треба да си знаел нешто претходно. Рецентната физика е вон знаење на нешто претходно физикално.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Мислам...
Квантните научници не се восхитуваат (добро ги знаат границите), туку не можат да и се начудат на рецентната физика, бидејќи таа е вон восхит. За да се восхитиш треба да си знаел нешто претходно. Рецентната физика е вон знаење на нешто претходно физикално.
Аха.. а ти за Рецентната физика знаеш „нешто“ или си „широко запознаен“?
Дај сподели малку, со какви методи се користи, некои нови откритија и сл исл..
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Како и да е, не се ни труди да ме тераш на нешто, а за што мислиш дека не сум се пронашол...Не ми е јасно само зошто толку месијански и витешки го поставуваш сето тоа.. имам впечаток дека е излишно...

А патем речено, темава е „Доброто со добро се враќа“, така?

Чинам дека треба да се смести во групата - Филозофија и психологија, оти вакво еднолично религиско гледање е сувопарно и ограничено, а ко што гледам повторно ќе доведе до религиска расправа и повторно ќе се наметне глупавоно прашање „Дали постои Бог?“

Затоа и ти пишав погоре дека денес излишни се религиите да ни кажуваат „што е добро а што не“, односно „дали доброто со добро се враќа или не“ - кога требало тие си ја завршиле својата работа..
--- надополнето: 17 јули 2012 во 13:55 ---


Точно, „Со сила убајна не биват“.

Искрено, ниту рекламирам, и ниту ми се рекламира, не сум Влада на РМ :))))))
Ако тебе не ти се допаѓа со каков тон пишувам, тоа е друга работа, не значи дека сум нетолерантен, и обратно.
Башка, во поглед на „толеранцијата“ искрено и не сум баш нешто многу приклонет.
Денес „толеранцијата“ (а како што гледам и овде на форумов) се сфаќа како: „Јас имам едно мислење, ти имаш друго. Моето е различно од твоето. Ти не го сакаш моето мислење и се противиш кон тоа, и јас исто така. Е затоа, за да не се караме, ќе се толерираме - значи, јас не те чепкам тебе, ти верувај во што сакаш да веруваш, но ни ти не ме чепкај мене, остави ме да верувам во што сакам да верувам. Значи, имаш една бариера, која што само ги држи работите на страна, а во моментот кога ќе се судрат, ееееее тука е чичо администратор да избрише коментар или да банира член (а во „вистинскиот свет“ нели преку други методи).
Така да ова со толеранцијава е некако смешна работа, го спречува она клучното, а тоа е борбата заради самиот антагонизам. Ако не се соочиш, нема ништо да научиш...“
Нема бариери; погледни ја Верата, погледни ја квантната физика. Еве, соочи се. Разговор и интеракција позитивна без толеранција не бива. Не си по толеранцијата, самиот велиш.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Аха.. а ти за Рецентната физика знаеш „нешто“ или си „широко запознаен“?
Дај сподели малку, со какви методи се користи, некои нови откритија и сл исл..
Ми ја зема мислата:P
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Нема бариери; погледни ја Верата, погледни ја квантната физика. Еве, соочи се. Разговор и интеракција позитивна без толеранција не бива. Не си по толеранцијата, самиот велиш.

Добро и? Која е по тебе врската помеѓу Верата и Квантната физика? Со што да се соочам?!?
Па не бива, али еве ко за почеток, ако веќе до толку си запнал за тоа „толеранција“, две прашања:
„Мислиш ли ти дека си толерантен човек? и Што кај тебе предизвикува да се однесуваш толерантно?“

Ми ја зема мислата:P
Па ме заинтригира, да сибиш! o_O Рецентна физика.. мхмхммх...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 14:08 ---
За квантната рецентна физика збориме овде. Дали знаеш каква „физика“ е тоа? Со прашањево во светло на погорното мислам дњека веќе всушност и одговорив за „физикава“.
како како..?
Ако мислиш на рецентно, од англискиот збор recent - скорешно или неодамнешно, па оттука како интернационализам да го употребуваш во нашиов јазик, онда в ред.. али тоа не е некој си правец во физиката?! Не те разбирам што сакаш да кажеш....освен ако не мислиш на скорешните т.е. неодамнешните истражувања..

Во секој случај си ми побајаги нејасен.. и држи се за темава баго! :))))
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Јас се согласувам со насловот на темава. Реципроцитетниот алтруизам е крајно значаен фактор за опстанокот и развојот на еден социјален вид како што е човекот.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Добро и? Која е по тебе врската помеѓу Верата и Квантната физика? Со што да се соочам?!?
Па не бива, али еве ко за почеток, ако веќе до толку си запнал за тоа „толеранција“, две прашања:
„Мислиш ли ти дека си толерантен човек? и Што кај тебе предизвикува да се однесуваш толерантно?“



Па ме заинтригира, да сибиш! o_O Рецентна физика.. мхмхммх...
--- надополнето: 17 јули 2012 во 14:08 ---


како како..?
„мхмхмх...мхмх..“:icon_lol:
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
„мхмхмх...мхмх..“:icon_lol:
Маже^^ напиша: ↑
Нема бариери; погледни ја Верата, погледни ја квантната физика. Еве, соочи се. Разговор и интеракција позитивна без толеранција не бива. Не си по толеранцијата, самиот велиш.

Добро и? Која е по тебе врската помеѓу Верата и Квантната физика? Со што да се соочам?!?
Па не бива, али еве ко за почеток, ако веќе до толку си запнал за тоа „толеранција“, две прашања:
„Мислиш ли ти дека си толерантен човек? и Што кај тебе предизвикува да се однесуваш толерантно?“

Miki1976 напиша: ↑
Ми ја зема мислата
Па ме заинтригира, да сибиш! Рецентна физика.. мхмхммх...
--- надополнето: пред 7 минути ---
Маже^^ напиша: ↑
За квантната рецентна физика збориме овде. Дали знаеш каква „физика“ е тоа? Со прашањево во светло на погорното мислам дњека веќе всушност и одговорив за „физикава“.
како како..?
Ако мислиш на рецентно, од англискиот збор recent - скорешно или неодамнешно, па оттука како интернационализам да го употребуваш во нашиов јазик, онда в ред.. али тоа не е некој си правец во физиката?! Не те разбирам што сакаш да кажеш....освен ако не мислиш на скорешните т.е. неодамнешните истражувања..

Во секој случај си ми побајаги нејасен.. и држи се за темава баго!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom