PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.495
Пази за чистачка/хигиеничарка бараат врски бе и тоа ептен јаки врски(партиски пред се секако), за вратар, портир, чувар, магационер, болничар, транспортер... ако за вакви пониски и послабо платени места се бараат врски и тоа јаки врски, замислете какви се врски ви требаат за да се вработите по струката, доколку сте на пр. доктор, хирург, економист, инженер, правник... абе целото општество со децении наназад функционира на принципот на врски и познанства т.е. ти мене-јас тебе/дај ми го-на ти го !ТИ ИБАМ држаата кога за најобична работа чувар магационер треба врски а не квалитет и компетентност.
Инаку проблемот е тоа што кај нас повеќето сакаат да работат исклучиво во државниот/јавен сектор и тоа било што и за било колку пари, не дека приватно не може да се најде било каква работа, ама во државното се смета дека работните места се доста постабилни и ниту еден газда нема да те е*ава у смисол да не ти дава одмор и слободни денови, да не ти дава викенд, да не ти дава редовни плати, да не ти плаќа дополнителни часови, да не те осигурува, пријавува... кај нас, еве конкретно во Скопјево животен сон на повеќето млади лица е да работат во државната администрација и тоа било што и покрај тоа што сите знаеме дека платите во јавниот сектор се стабилни и неменливи со години/децении у смисол еднаш ќе дојдеш до 300 евра на пр. и цел живот со децении ќе зимаш толку, без разлика колку труд ќе вложиш на работното место т.е. а си работел повеќе, а си работел помалку платите се фиксни, неменливи и редовни, но напредок нема, ниту пак покачувања на платите !