- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.795
- Поени од реакции
- 8.818
Тоа не спаѓа под ,,култура,, туку под кршење на закон. Секое куче, без оглед дали пит бул или лабрадор, треба да носи маска. За мене најнеодговорни се оние кои без маска и ланец ги шетаат животните, не само што кршат закон, туку животните се во опасност да изедат некој отров од земја. И да, истите треба да се казнат за двојна неодговорност, и према човекот, и према животното.Убав си е насловот на темава, македонска КУЛТУРА. Зачи не се работи за докажување дека лигите и бактериите (не) би можело да се пренесат ако се излигави некое куче на фонтана. Станува збор за култура (не кучешка), култура на сопственикот на тоа куче. Ако сакате да чувате куче имате одговорност да го одгледувате кучето без да им пречите на граѓаните.
Го шетате надвор, температурата е над 30 степени и предвидливо е дека ќе му се пие вода. Не е толку тешко да си понесете сад од кој ќе може да ја угаси жедта.
Ако пие од фонтана никој нема да го осуди кучето, ќе го осудат сопственикот јбг.
Друго, ме згади еден пост поназад, односно вест за дечкото што го нападнал питбул.
Не ќе да е уличен питбулот, си има газда. Ако го пуштаат од ланец да се истрча, постојат чуда кои им се ставаат на муцките бидејќи ова не е ни прв ни последен случај питбул да нападне човек. Тука не се работи само за култура туку треба да се земат превентивни безбедносни мерки.
Возам на кеј и гледам 3 пуштени добермани, срцето ми застана кога проаѓав покрај нив. Половина километар подоцна полека ми се врати на место и си го допрев задникот да проверам дали е цел.
Муабетот ми е да не ги мешате животните со луѓето, тоа само дома, или дур се дружите со други кучкари, мачкари и луѓе што ќе ви изразат желба дека сакаат да ви го дружат животното.
И затнете им ги муцките на милениците кои се потенцијално опасни, порфавор.
--- надополнето: 14 јули 2012 во 03:43 ---
Ни мене.Одличен пост.
Нормално дека го делам мислењето дека не е соодветно да им се дозволува на кучињата да се пијат од фонтана. Сто пати сум налетал на таква случка, и воглавно сум избегнувал после да пијам од фонтаната...
Едноставно грда глетка, така работи мозокот и кај голем дел од луѓето СО ПРАВО се ствара одбивност.
Друга работа е како ги чуваат своите миленици.
Сред бел ден во жена парк шета дога, си ставил слушалки на уво, ја пуштил без ланец и кур го боли. Кучево иде накај мене, магаретина 2 метра, и почнувам да му се дерам на крембилов да си го прибере. Не сме сите љубители на кучиња. Ако од нешто ми фуфи тоа дефинитивно се кучињата. Зошто? Заради тоа што од невнимание на еден ист таков кретен ме касна ротвајлер кога имав 4 години. Го пуштил сред игралиште полно со деца, ПОШТО КУЧЕТО НЕ КАСАЛО. Е не сакало, ама мене ме касна тогаш...
И овој со слушалкиве не ме ебе 2%, се здрвив ко споменик, дојде кучево почна да ме душка, и среќа си замина. И нормално после ме примети и ми вика НЕ СЕ СЕКИРАЈ НЕ КАСА.
Кој ми го гарантира тоа?
Кој ми гарантира дека на куче високо 2 метра нема да му прдне да ме искасапи. Никој не е должен да се сере во гаќи, пошто газдата мисли дека кучето не е способно да касне некого.
Друга приказна од пред месец дена. Си седам на клупа со женска ми, и одеднаш ни се избацува една волетина од куче ни рипа на нас и почнува да не лиже со јазикот. Газдарицата го тегне неможе да го довлече, и ни вика не се плашете не каса...
Женска ми две минути се тресеше неможев да ја смирам, остај тоа што не излигави...
Катастрофа е културата на голем број на луѓе кои чуваат кучиња. Поголемиот дел пуштаат расни кучиња сред паркови, на кеј, на играчишта, сигурно едно 95% ги шетаат без маски итн...
Да земат сите до еден да ги испоказнат ич око нема да ни трепне.
Се додека тие не се единствените кои треба да бидат казнети.