Фан Клуб: Динамо Загреб

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Ќе биде интересно во Бугарија ако отпатуваат.Донекаде ги оправдувам БББ со постапките што ги превземаат против Мамиќ..
Иако ги претставуваат ко хулигани дека правеле глупости и прекинувале утакмици,но за тоа што го кажуваа на видеото имаат моја поддршка.Кријат каде ќе се играат утакмиците како змија нозете,гледаат секоја прилика што ја имаат да забранат доаѓање на навивачи......
Не им се слуша на Мамиќ и Баришиќ пеењето,па сакаат да забрануваат.Ќе ги видиме до кога ќе траат гомната уште.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Иако ги претставуваат ко хулигани дека правеле глупости и прекинувале утакмици,но за тоа што го кажуваа на видеото имаат моја поддршка.Кријат каде ќе се играат утакмиците како змија нозете,гледаат секоја прилика што ја имаат да забранат доаѓање на навивачи......
Тоа е тоа..Знаеш какви се медиумите во Хрватска а и кај нас се истите.Само не ми е јасно зошто еднаш не напишат статија за сите матни игри на Мамиќ со и околу Динамо Загреб.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Тоа е тоа..Знаеш какви се медиумите во Хрватска а и кај нас се истите.Само не ми е јасно зошто еднаш не напишат статија за сите матни игри на Мамиќ со и околу Динамо Загреб.
Како да пишат кога пола му се на платен список на него.Со тие што пишуваат јако се има рчнато.Цели пресконференции и монолози има држено кај што сере по тие што пишуваат против него.
Типот е премачкан со сите бои,само во балканско мочуриште може да опстои таков лик.Значи имаш докази против него,по закон не смее да ја врши работата што ја има,крши уште неколку закони со кршење на статутот на клубот.....за се тоа и затворска казна е предвидена,а мува не го лази.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.263
Поени од реакции
14.574
А бе, навивачи треба да навиваат, а не да водат клуб. Ако одат по нивен памет Динамо ќе заврши како Хајдук.

И не верувам дека некој може да го смени Мамињо, сега во фудбал во Хрватска нема веќе ни опозиција откако на него и на Шукер им се приклучи и Штимац.

И Динамо последниве години е најдобар тим од бивша СФРЈ. Тимови што беа великани како ЦЗ и Хајдук може сега само да учат од Динамо.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
А бе, навивачи треба да навиваат, а не да водат клуб. Ако одат по нивен памет Динамо ќе заврши како Хајдук.

И не верувам дека некој може да го смени Мамињо, сега во фудбал во Хрватска нема веќе ни опозиција откако на него и на Шукер им се приклучи и Штимац.

И Динамо последниве години е најдобар тим од бивша СФРЈ. Тимови што беа великани како ЦЗ и Хајдук може сега само да учат од Динамо.
Динамо е здружение на граѓани.Здруженијата на граѓани мора да имаат избори на кои секој член има право да гласа и да избере претседател.Си има правила кој се не смее да се кандидира и да биде член.
Е сега,како прво нема избори во клубот.Мамиќ никој од членовите не го избрал,што значи дека на таа функција тој е илегално.
Човек кој што самиот е спортски агент/менаџер или е во блиско сродство со некој таков не смее да врши никаква функција во клубот.Мамиќ поседува цела агенција,а син му е менаџер.Еве и сега ќе лапне некое милионче од трансферот на Модриќ.....
Човекот е пример за како не треба да се однесува некој на чело на клуб,посебно не еден од најголемите во регионот.Сељачина тешка што има повеќе скандали него ли сите политичари заедно.

ЦЗ и Хајдук можеби пропаѓаат,но не играат утакмици пред 500 души. Не слават титула пред 200 и не им треба малтене бесплатно да делат карти за утакмици.Тие 2 клуба имаат 17 и 22 000 просек на утакмица во куротн лиги како хрватската и српската.Динамо од друга страна со се дерби со Хајдук има просек од едвај 2500 души.Да не се БББ просекот ќе биде накај 500 до 1000 што и во Хрватска би го правел втор најнепосетен клуб(после нормално Локомотива).

Нит е Мамиќ нешто способен,нит ќе пропадне клубот ако се тргне он.Во клубот е 10-12 години,во негова ера ги имаш најлошата екипа во историјата на ЛШ во која се поебани 20-25 милиони евра.Најлошиот пласман на Динамо во лигата на сите времиња (играње лига за опстанок).
Има ненормално перење на пари и искористување на клубот исклучиво како полигон за продажба на играчи и нормално големи провизии во џеб.
Му се погодија 3 фудбалери да се екстра класа и да ги продаде за поголеми пари во времето кога Хрватска репрезентација беше најголем хит во Европа и кога тие играа за нејзе.Пред тоа продаваше играчи како Прањиќ,Цесар и слични за по 500 000 евра.Да не му дојдеше градот Загреб и да не ги финансираше секоја година со по 6-7 милиони евра ќе пропаднеше одма клубот.Се фрлаат секоја година 15-20-25 милиони евра,а се има резултати кои може да се постигнат со 5 до максимум 10 милиони.Ејјј замисли биле прваци во лига како само они редовно ги плаќаат фудбалерите.Замисли кој успех е тоа.
Менува тренери ко чорапи,само полтрончиња му траат на клупа.Имаше тренерски имиња како Халихоџиќ и Иванковиќ во клубот и во налив на бес (после само 1-0 победа против Интер едниот и пораз од Хајдук во ревијален куп во мал фудбал другиот) ги истера затоа што не ќутеа ко пички дур им пцуел се живо.
Башка што цела фамилија и кумови му се вработени во Динамо и вршат функции.
Е тоа е Мамиќ,сељандура што сам лично го исфрли Динамо од Европа 92/3 година давејќи за врат еден од делегатите.
Сељак што парите ги стекна со матни зделки во приватизацијата во 90ти години,клошар што има стирпопор продавано пред стадион за столчињата да не седиш на мокро.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.340
Поени од реакции
26.275
Овие Лудогорец добри се, добри играчи купиле, ништо чудно да го избацат Динамо
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Овие Лудогорец добри се, добри играчи купиле, ништо чудно да го избацат Динамо
Најинтересна утакмица од сите двојки... Очекувам тврда утакмица а Динамо според мое мислење ќе оди понатаму бидејќи се поискусни во европа од татариве иако и они не се за потценување.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.263
Поени од реакции
14.574
Бадељ во ХСВ за 5 милиони евра!

Со оглед дека следната година му истекува договор, а не сакаше да го продолжи ова е максимум што може да се земе за него. Башка, во последно време и стагнира во развој, изгледа го преценија (демек нов Лука Модриќ). Подолг период плаче дека го надраснал Динамо и ХНЛ, сакаше да си оди уште лани, но изборија ЛШ, па го задржаа... еве му сега шанса да се докаже...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Овој изгледа е нов играч на Динамо :icon_mrgr:


 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
По поразот од незгодната Ријека доаѓа големото дерби Динамо З.-Хајдук Сплит..

 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Ако има вкупно 10 000 души ќе биде огромен успех......
Па и реално некаде од 8-10.000 моја проценка.Торцида допатуваа во импозантна бројка како и секогаш.Одлична игра на Динамо иако прерано примен гол некаде почнувајќи од 15 мин. ја презеде иницијативата и се до крајот на мечот ја диктираше играта.Да не заборавиме дека играат ЛШ во среда.Ademi и Beqiraj одлични ги имаше на секој дел од теренот.Малиот Duje Cop со маестрален погодок им го начука до јаја на својот поранешен тим.Респект за Хајдук за младиот состав,ако не се лажам голманот Blazevic им беше најстар на теренот.Не ги догледав последните неколку минути имало нешто инциденти Торцида со ACAB..
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Па и реално некаде од 8-10.000 моја проценка.Торцида допатуваа во импозантна бројка како и секогаш.Одлична игра на Динамо иако прерано примен гол некаде почнувајќи од 15 мин. ја презеде иницијативата и се до крајот на мечот ја диктираше играта.Да не заборавиме дека играат ЛШ во среда.Ademi и Beqiraj одлични ги имаше на секој дел од теренот.Малиот Duje Cop со маестрален погодок им го начука до јаја на својот поранешен тим.Респект за Хајдук за младиот состав,ако не се лажам голманот Blazevic им беше најстар на теренот.Не ги догледав последните неколку минути имало нешто инциденти Торцида со ACAB..
Толку од 8-10 000,што за ваква утакмица е срамотна посета.Торцида едно 2000 души максимум,знаеле и тие повеќе да дојдат.Сепак имаат огромен број на далматинци низ Загреб и тие се секогаш на ниво и го полнат југ доста.
За играта стварно одлична,сите беа добри.Хајдук ни посед на топка 80 минути немаше.....
Адеми и Беќирај добро ги примети,иаку пропуштија и двајцата одлични шанси.Чоп сега ептен стана омразен лик во Далмација после голот.Тешко него да се врати дома доле после ова.....има да го линчуваат,не толку за голот колку за реакцијата после голот.Иаку стварно не знам што да очекуваат од него кога 2 пати како крпа го исфрлуваа од таму.Секогаш бил коректен,а го исмеваа и го исфрлуваа од екипа 2 пати.
Други што ептен ми направија мерак како играа беа Ковачиќ, Самир и малиот Халиловиќ.Првиве двајца се знае дека се играчишта,но малиов стана најмлад дебитант во првата лига на сите времиња,16 години и 104 дена мислам.Како одигра во последните 7-8 минути,секоја чест.Да не забеше судијата одма асистенција ќе забележеше на дебито.Одлично изигра во таа ситиација и пред тоа подели неколку добри топки и неколку пати прати по некој играч по бурек.Не за џабе цела Европа се тепа за малиот......само уште малце физички да зајакне и прашање на време е кога ќе направи 20 милионски трансфер некаде.Ковачиќ во каков играч со само 18 години има прераснато......стварно игра како Лука Модриќ,само што има и подобар шут од него.
Немаше само Хајдук млади играчи,иако оваа им беше и најсикусната постава.Просекот кај Динамо 24, кај Хајдук 22 години.......утакмица направена како за Венгер.И на двете страни по еден 16 годишник, + 4-5 играчи до 19 години......а сите огромни потенцијали.
Кај Динамо : Пивариќ и Вида (23), Адеми (21), Келава (24 овој е голман и 24 е малку за него), Ковачиќ (18), Чоп (22), Халиловиќ (16), Брозовиќ (19)
Кај Хајдук : Миловиќ и Малоќа (23), Радошевиќ и Милиќ (18), Бенцун (19), Цакташ (20) , Башиќ (16), Јоњиќ и Луштица (21)

За инцидент со полицијата не знам........не сум чул.Мислам дека се помина без проблеми,дури Торцида и БББ заедно навиваа против ХНС и Мамиќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom