Парите на печалбарите 5 пати поголеми од странските инвестиции

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Печалбарите праќаат во Македонија петпати повеќе пари отколку што доаѓаат од странските инвестиции. Центарот за економски анализи (ЦЕА) во последната "Студија за значењето на приватните трансфери од лицата што работат во Авганистан и Ирак за Куманово и Тетово" укажува дека нашинците лани, и покрај економската криза, влеале во економијата рекордни 1,5 милијарди евра, или околу 22% од бруто-домашниот производ (БДП), додека странските инвестиции изнесуваа 300 милиони евра или 4,2 отсто од БДП.
"Точниот број на Македонци што работат во овие места не е познат, поради тоа што агенциите кои вршат регрутација се многу затворени за споделување информации со јавноста, а и поради тоа што државата нема такви статистики. Неофицијално, во Ирак и во Авганистан работат околу 6.000 Македонци од Куманово и 2.000 од Тетово. Најголемата компанија за регрутација на ваков кадар ФЛОУР од Македонија има испратено околу 1.400 лица, потоа следува Босна и Херцеговина со 1.100 лица, Косово со околу 900 и од Албанија околу 200 лица. ЦЕА во март спроведе анкета меѓу лицата што работат во Ирак и во Авганистан, и резултатите покажуваат дека најголем мотив за заминување е обезбедувањето подобра иднина на сопствените деца, потоа следуваат ниските плати во Македонија и немањето работа. Најважни надворешни фактори се мешањето на политиката во добивањето работа и негрижата на државата за луѓето со ниски примања", вели Христијан Ристески од ЦЕА.
35 отсто од нашинците рекле дека испраќаат во Македонија меѓу 10.000 и 25.000 евра, а исто толкав процент меѓу 25.000 и 50.000 евра годишно. Најчесто парите ги примаат сопругата или сопругот на лицата што работат во Авганистан или во Ирак. Помал дел од околу 23%, своите пари им ги испраќаат на родителите во Македонија, и 12,5% од анкетираните своите пари им ги праќаат на сопствените браќа или сестри. Притоа, тетовци своите пари најмногу им ги испраќаат на своите сопруги и деца. Кај кумановци најчесто приматели на пари се родителите, но за разлика од нив, тетовци своите пари многу малку им ги испраќаат на родителите.
Според анкетата, лицата што работат во воените зони, заработените пари ги трошат за издржување на семејства и за реновирање и доопремување на домовите. По 14,6% од анкетираните одговориле дека парите ги депонираат во банка или за купување куќи и станови, а најмал дел парите ги вложуваат за почнување бизнис.
"Околу 60% од испитаниците се двоумат или не сакаат своите заштеди да ги инвестираат во Македонија. Ги одвраќаат политизираноста на општеството при носење на одлуки кои ги засегаат бизнисите, како и правната несигурност. Тие побараа формирање инвестициски фонд кој би работел со нивните пари, а заинтересирани се и за вложувања во јавно-приватно партнерство", вели Ристески.
И покрај бројките, Владата го става акцентот на активностите за привлекување на странски инвестиции.
"Тоа е политичка одлука. Неопходен е план за насочување на овие значајни средства во економијата, пред сe, во мали бизниси. Позитивен е примерот на поддршката на земјоделството. И во овој сегмент може да се направо добра програма", заклучува Ристески. (А.С.)

Жените ги трошат парите од Авганистан и од Ирак

Анкетата покажала дека во трошењето на парите, кај семејствата што имаат членови што работат во Ирак или во Авганистан, доминантно учество имаат жените со 50,8%, а после нив следуваат мажите со 44,4%. Останатите членови, како деца или родители, во трошењето на парите учествуваат со 4,8%.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
нашинците лани, и покрај економската криза, влеале во економијата рекордни 1,5 милијарди евра, или околу 22% од бруто-домашниот производ (БДП), додека странските инвестиции изнесуваа 300 милиони евра или 4,2 отсто од БДП.
Не се парите од иселениците големи, странските инвестиции се мали. А оваа година се катастрофа.
Ама битно имаме министерство за странски инвестиции, на чело со Теле Самрак.
 
P

Princ

Гостин
Немаат врска БГ пасошите со темава. Мнозинството од оние што зеле БГ пасош секако не ги трошат парите тука.
Башка што БГ пасошите станаа модерни пред ~5 години, а Македонија живее од печалбарите сите години од својата самостојност, значи 20.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Нели има инвестициски БУМ во Македонија? :icon_lol:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
напоменав на неколку теми и секогаш го користам да се запази фактов во врска со темава - да не се исселениците би поумреле многу македонски градови,идат тука престојуваат месец до два и дел од својата заштеда ја оставаат во многу битен сектор за нас - во малите бизниси кои едвај крпарат,а летото го чекаат да заработат некоја ектра банка

Битола е таков пример,тука нема година безброј млади и стари повратници од странство да ја задвижат колку толку економијата,сектор кој ни оди СЕ полошо и полошо !

арам да им е на тие што плукаат по нив,биле предавници или не знам што кога сите тие се тргнати по подобар живот,заборавени од татковината или да речам НЕПРИСТОЈНО НАБРКАНИ !
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Немаат врска БГ пасошите со темава. Мнозинството од оние што зеле БГ пасош секако не ги трошат парите тука.
Башка што БГ пасошите станаа модерни пред ~5 години, а Македонија живее од печалбарите сите години од својата самостојност, значи 20.
20??грешка си.....200!!!
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
После 10 години скоро и ќе нема наши роднини кои ќе ни праќаат пари, фамилиите се оддалечуваат толкав голем број печалбари кои остануваат низ светот денес нема. Сега пари му праќаат на сестри, браќа а по 10,20 години фамилиите нема да бидат толку блиски ме интересира тогаш од каде ќе просперира нашата држава. Во 90тите благодарение на дијаспората Македонија успеа да го преброди тој период.
 
P

Princ

Гостин
Држи вода твојата загриженост ама ваљда нема на истово дереџе да сме за 10-20 години ебаго, не ме разочарувај така. Ваљда тогаш нема многу-многу да ни требаат нивните пари.
Засега сеуште има многу печалбари што одат БЕЗ семејствата на печалба, па тие се оние што испраќаат пари. Оние што се со семејства 100 евра годишно во земјава дали носат.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Држи вода твојата загриженост ама ваљда нема на истово дереџе да сме за 10-20 години ебаго, не ме разочарувај така. Ваљда тогаш нема многу-многу да ни требаат нивните пари.
Засега сеуште има многу печалбари што одат БЕЗ семејствата на печалба, па тие се оние што испраќаат пари. Оние што се со семејства 100 евра годишно во земјава дали носат.
една тртетина од овие пари се од луѓе со привремена работа нив ќе ги има и по 10 и по 20 години и секогаш ги имало во Македонија уште од 40тите во Америка по 50тите,60тите во Австралија па 70тите и 80тите во Европа, сега Блискиот Исток и слично меѓутоа оние кои што се таму преселни а тоа се две третини тие нема да пуштаат уште долго а тоа каде ќе бидеме по 20 години најискрено не знам ама немој да очекуваш дека ќе сме нешто екстра развиени се се гледа во темпото а темпото е катастрофално бавно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom