Парите на печалбарите 5 пати поголеми од странските инвестиции

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
Благодарение на печалбарите во мкд влегуваат околу милјарда евра , овие пари за мкд се многу битни за денарот и неговото одржување на едно стабилно ниво.

Е сега за странски инвестиции немам што да зборам прва работа бизнис климата ни е очајна и неможе да бараме да има инвеститори. Место да искористиме тоа дека во време на криза капталот се преместува во земји како нас во развој ние се занимаваме со мн други работи кои тотално се контра инвеститорите
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Поставивте многу тешко прашање за еден член на Форумов кој пред се се занимава со рампи, зони и пајак возила и со АД Топлификација
Ќе се обидам да одговорам со молба да поупатените во економијата ми помогнат.
Девизните средства који ги донесуваат нашите кои работат во странство ги окупува Народната банка. Одкупот на тие девизи се врши со средства од примарната емисија на денари, што допринесува за зголемување на паричната маса во земјата. Ова може да предизвика или инфлација или Народната банка со средствата на монетарната политика ја намалува количината на денари во оптек. Што доведува до намалување на средствата кои се на располагање на домашното стопанство.
Тие пари немаат покритие во стоки кои се произведени во Македонија туку во стоки кои се произведени во странство. Тоа допринесува да се зголемува увозот.
Обично се случува и едното и другото, цените растат, производството опаѓа а увозот се зголемува.
Слично важи и за странските инвестиции.
Приливот на капитал от македонските државjaни надвор от РМ не е гарант за зголемуване на увозот. Ако со тези пари се увезуват машини за развиване на бизнес - да, ако со тези пари се увезуват автомобили - да.Се зависи за што се трошат тези пари. Ако тези пари се користат за копуване на имоти, за плакjaне на трошоците на роднините,изхранване-не. Треба да се знае дека за секо потрошено денарче државата зема 18% ДДВ от тези пари и полни своjaта каса. Ако нема прилив на тези пари некоj треба да покрие дефицитот от увоз и извоз, а тоа ке намали девизните резерви на централната банка,а тоа ке предизвика поголем инфлационен притисок врз денара.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom