Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Печалбарите праќаат во Македонија петпати повеќе пари отколку што доаѓаат од странските инвестиции. Центарот за економски анализи (ЦЕА) во последната "Студија за значењето на приватните трансфери од лицата што работат во Авганистан и Ирак за Куманово и Тетово" укажува дека нашинците лани, и покрај економската криза, влеале во економијата рекордни 1,5 милијарди евра, или околу 22% од бруто-домашниот производ (БДП), додека странските инвестиции изнесуваа 300 милиони евра или 4,2 отсто од БДП.
"Точниот број на Македонци што работат во овие места не е познат, поради тоа што агенциите кои вршат регрутација се многу затворени за споделување информации со јавноста, а и поради тоа што државата нема такви статистики. Неофицијално, во Ирак и во Авганистан работат околу 6.000 Македонци од Куманово и 2.000 од Тетово. Најголемата компанија за регрутација на ваков кадар ФЛОУР од Македонија има испратено околу 1.400 лица, потоа следува Босна и Херцеговина со 1.100 лица, Косово со околу 900 и од Албанија околу 200 лица. ЦЕА во март спроведе анкета меѓу лицата што работат во Ирак и во Авганистан, и резултатите покажуваат дека најголем мотив за заминување е обезбедувањето подобра иднина на сопствените деца, потоа следуваат ниските плати во Македонија и немањето работа. Најважни надворешни фактори се мешањето на политиката во добивањето работа и негрижата на државата за луѓето со ниски примања", вели Христијан Ристески од ЦЕА.
35 отсто од нашинците рекле дека испраќаат во Македонија меѓу 10.000 и 25.000 евра, а исто толкав процент меѓу 25.000 и 50.000 евра годишно. Најчесто парите ги примаат сопругата или сопругот на лицата што работат во Авганистан или во Ирак. Помал дел од околу 23%, своите пари им ги испраќаат на родителите во Македонија, и 12,5% од анкетираните своите пари им ги праќаат на сопствените браќа или сестри. Притоа, тетовци своите пари најмногу им ги испраќаат на своите сопруги и деца. Кај кумановци најчесто приматели на пари се родителите, но за разлика од нив, тетовци своите пари многу малку им ги испраќаат на родителите.
Според анкетата, лицата што работат во воените зони, заработените пари ги трошат за издржување на семејства и за реновирање и доопремување на домовите. По 14,6% од анкетираните одговориле дека парите ги депонираат во банка или за купување куќи и станови, а најмал дел парите ги вложуваат за почнување бизнис.
"Околу 60% од испитаниците се двоумат или не сакаат своите заштеди да ги инвестираат во Македонија. Ги одвраќаат политизираноста на општеството при носење на одлуки кои ги засегаат бизнисите, како и правната несигурност. Тие побараа формирање инвестициски фонд кој би работел со нивните пари, а заинтересирани се и за вложувања во јавно-приватно партнерство", вели Ристески.
И покрај бројките, Владата го става акцентот на активностите за привлекување на странски инвестиции.
"Тоа е политичка одлука. Неопходен е план за насочување на овие значајни средства во економијата, пред сe, во мали бизниси. Позитивен е примерот на поддршката на земјоделството. И во овој сегмент може да се направо добра програма", заклучува Ристески. (А.С.)
Жените ги трошат парите од Авганистан и од Ирак
Анкетата покажала дека во трошењето на парите, кај семејствата што имаат членови што работат во Ирак или во Авганистан, доминантно учество имаат жените со 50,8%, а после нив следуваат мажите со 44,4%. Останатите членови, како деца или родители, во трошењето на парите учествуваат со 4,8%.