Провинцијалката и нејзините градски жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Зборував за дијалектите на работно место, не за приватно, дома или на улица, како сакате зборувајте си.

Друго, нека се населува кој сака, но непостоењето на желба да се искултивира малку кога дошол во главниот град е навистина ужас. Па така, секој ден ќе слушнете на улица едно чудо дијалекти за кои се прашувате од каде ли воопшто изникнале, и одбиваат да зборуваат литературно, а сите се демек Скопјани.

Ај легни си, почнуваш да се губиш. Да сум зборувал литературно во Скопје на улица со другар :pos:Еве јас те поканувам да дојдеш во Штип, баш да те слушнам како се обидуваш културно (?) да се вклопиш во средината, т.е. да позборуваш малку штипски.

Ваквите теми се глупи, ама понекогаш знаат да преминат во unintentional comedy.
 
Надвор од мојот град зборувам литературно. Не скопски дијалект (ако се наоѓам во Скопје), не штипски (ако сум во Штип) туку литературен македонски. Ова го правам од причина што е многу дебилно да појдеш во друг град и да се трудиш да зборуваш на нивниот дијалект...

Бидејќи сум од западна Македонија немам проблем ни со дијалектот а уште помалку со акцентот на литературниот говор. И некој од источна Македонија ако сака може да говори литературно не е тоа нешто тешко :)
 
Ми пречи кога работат во јавни институции, а притоа зборуваат на дијалект, јасно кажав. И да, треба да научат литературен македонски - ако веќе сакаат да се кажуваат Скопјани.
Кажав погоре што навистина ми пречи и мислам дека бев јасна, да не се повторувам.
Во Скопје дијалектот е литературен македонски јазик?:icon_lol: Или ова за на Богородица/Евзони...
 
... квази српско наречје

Епа да ми извиниш ама во Скопје е најголем процентот на граѓани што зборуваат стандарден македонски.И знаеш што е потрагично?Тоа што кога ќе дојдат лица од други градови во Скопје, од матичниот дијалект дирекно се префрлаат на Скопски дијалект или жаргон, не знам што им е тешко да го употребуваат стандардниот, ако веќе толку им е под чест да зборуваат скопски нека зборуваат литературно.Ќе ти кажам нешто уште потрагично, 4 години по ред ми доаѓаат студенти/ки што ми предават на дијалект, јас не сфаќам како тоа ги пуштаат, а истиве полагаат македонски јазик, потоа, по градовите Прилеп, Битола, Штип.... сите професорки што предаваат македонски си го предаваат на дијалект, да не бидам сфатена погрешно, јас немам ништо против дијалекти, но ме нервира кога дијалекти се употребуваат во јавни институции особено тоа што наводно тие треба да бидат професионални на таа област а ја уништуваат сосема, ова е исто како да дојде некој и да предава македонски на руски, албански,бугарски дијалект.

Еве ти уште потажна работа, лица кои велат дека дијалектите се темелот на македонскиот јазик, веднаш потоа се вртат против себе и го навредуваат скопскиот, кој исто така е дел од листата дијалекти во нестандардниот јазик.
 
Ми пречи кога работат во јавни институции, а притоа зборуваат на дијалект, јасно кажав. И да, треба да научат литературен македонски - ако веќе сакаат да се кажуваат Скопјани.
Кажав погоре што навистина ми пречи и мислам дека бев јасна, да не се повторувам.
Па изгледа и ти ќе треба да научиш да зборуваш литературно... не се вика плавоока, туку синоока, нема плава боја во нашиот јазик. Инаку пред да дојдат провинцијалците во Скопје, кенлерите земаа плати од 30.000 денари, се возеа секој ден со такси, секој петок одеа на масажа, а во сабота на ручек охридска пастрмка, во недела сите заедно одеа да го бодрат Вардар... И потоа заѕвони алармот и Plavooka се разбуди од слаткиот чистоскопски сон... Немој да ме јебеш, провинцијалците намалувале плати, те прашува работодавачот колкава плата сакаш, ех што убаво ќе беше да можевме да си избираме плата. А професорите на факултет, абе како им пишат оценки на провинцијалците, што да ти кажам, баш има професори кои потешко ги пуштаат оние кои се од нивниот крај. И искрено, многу ми е мило кога ќе сретнам некој од мојот крај, и зошто да не му помогнам ако можам. Ама не сум таков само со нив, на секој би му помогнал доколку би можел. Провинцијалци или не, на крајот на денот сите сме луѓе ;)
 
Епа да ми извиниш ама во Скопје е најголем процентот на граѓани што зборуваат стандарден македонски.И знаеш што е потрагично?Тоа што кога ќе дојдат лица од други градови во Скопје, од матичниот дијалект дирекно се префрлаат на Скопски дијалект или жаргон, не знам што им е тешко да го употребуваат стандардниот, ако веќе толку им е под чест да зборуваат скопски нека зборуваат литературно.Ќе ти кажам нешто уште потрагично, 4 години по ред ми доаѓаат студенти/ки што ми предават на дијалект, јас не сфаќам како тоа ги пуштаат, а истиве полагаат македонски јазик, потоа, по градовите Прилеп, Битола, Штип.... сите професорки што предаваат македонски си го предаваат на дијалект, да не бидам сфатена погрешно, јас немам ништо против дијалекти, но ме нервира кога дијалекти се употребуваат во јавни институции особено тоа што наводно тие треба да бидат професионални на таа област а ја уништуваат сосема, ова е исто како да дојде некој и да предава македонски на руски, албански,бугарски дијалект.

Еве ти уште потажна работа, лица кои велат дека дијалектите се темелот на македонскиот јазик, веднаш потоа се вртат против себе и го навредуваат скопскиот, кој исто така е дел од листата дијалекти во нестандардниот јазик.

И Кина има најголем процент популација во светот која зборува англиски јазик, па сеуште е земја пролетерска. Секако дека е така кога во Скопје живеат добри 40% од популацијата во Македонија.
Кога се обидуваш да ги дискредитираш и девалвираш сите професори од внатрешноста по македонски јазик, фер би било да почнеш да пишуваш и на македонски литературен јазик и да научиш дека придавките како "скопски" се пишуваат со мала буква во реченицата за да не биде толку трагично.
 
Ништо.Не е грешка, подметнато е таму за потоа да одговориш онака како што одговори.

Докази:

...Скопски дијалект...
- намерно е поставено прво, за кога ќе бараш грешки да ја пронајдеш лесно и потоа да го намалиш вниманието, а и да не изгубиш многу време барајќи ја.

...зборуваат скопски...
- твојата потсвест решила да го игнорира ова зашто си ја поставил на мод да детектира само грешки.

...навредуваат скопскиот...
- дефинирање на доказот, потенцирање и воочување на тоа дека "Скопски" е свесно направена грешка да те намами токму овде каде што се наоѓаш.

Мојот одговор на твојот пост:

Одговор!

Ти имаш квалитетна лекција за тоа како ти функционира потсвеста, а јас успешно завршен социјален експеримент.

п.с.Thanks for your cooperation.
 
Епа да ми извиниш ама во Скопје е најголем процентот на граѓани што зборуваат стандарден македонски.И знаеш што е потрагично?Тоа што кога ќе дојдат лица од други градови во Скопје, од матичниот дијалект дирекно се префрлаат на Скопски дијалект или жаргон, не знам што им е тешко да го употребуваат стандардниот, ако веќе толку им е под чест да зборуваат скопски нека зборуваат литературно.Ќе ти кажам нешто уште потрагично, 4 години по ред ми доаѓаат студенти/ки што ми предават на дијалект, јас не сфаќам како тоа ги пуштаат, а истиве полагаат македонски јазик, потоа, по градовите Прилеп, Битола, Штип.... сите професорки што предаваат македонски си го предаваат на дијалект, да не бидам сфатена погрешно, јас немам ништо против дијалекти, но ме нервира кога дијалекти се употребуваат во јавни институции особено тоа што наводно тие треба да бидат професионални на таа област а ја уништуваат сосема, ова е исто како да дојде некој и да предава македонски на руски, албански,бугарски дијалект.

Еве ти уште потажна работа, лица кои велат дека дијалектите се темелот на македонскиот јазик, веднаш потоа се вртат против себе и го навредуваат скопскиот, кој исто така е дел од листата дијалекти во нестандардниот јазик.

1.Насекаде во Македонија, луѓето обично не користат стандарден македонски.Освен делумно околината на Велес и делумно луѓе по институции и шалтери во сите населени места.
2.Пошо велиш ако не користат скопски дијалект да користат литературен.Според ова јас како студент во Прилеп, на факултет да се трудам да зборвам прилепски дијалект?А во Битола на автобуска да барам карта на битолски дијалект?Глупо е да не ги почитуваме и да се одрекуваме од дијалектите до тој степен да бараме зборување на некаков литературен јазик, а да избегнуваме користење дијалект пренесен од детство.Не е проблем Наполитанец во Северна Италија распиштолен на својот дијалект или не знам, некој од Тенеси во Њујорк...ама е проблем кај нас во 2 милиони луѓе, како основа за понатамошни делби...
Дали со користењето скопски или литературен или локален нагласок, сеедно, би станале автоматски подобри студенти, работници или би им се подобрил карактерот на луѓето?
3.Лично ми е најдобро во комуникација со луѓе од други места тие да си користат дијалект без разлика од кој град, можда ќе се помачам ама за понатака ќе ми се најдат во комуникација со други луѓе од одреденото место, а и не е лошо да ги распознаваш дијалектите со еден - два збора разлика :)
 
Па изгледа и ти ќе треба да научиш да зборуваш литературно... не се вика плавоока, туку синоока, нема плава боја во нашиот јазик.

Во мојот јазик има плава боја, затоа ми е и никот таков. Ако јас можам да зборувам литературен македонски, кој не ми е мајчин јазик, не знам зошто вие се буните против тоа и се навредувате. Што толку ве заболе вистината, дека во јавни установи работат луѓе кои не говорат литературен македонски? Или се препознавте можеби меѓу нив?
--- надополнето: 3 јули 2012 во 14:48 ---

Ај легни си, почнуваш да се губиш. Да сум зборувал литературно во Скопје на улица со другар :pos:Еве јас те поканувам да дојдеш во Штип, баш да те слушнам како се обидуваш културно (?) да се вклопиш во средината, т.е. да позборуваш малку штипски.

Ваквите теми се глупи, ама понекогаш знаат да преминат во unintentional comedy.

Ако ме читаше, ќе сфатеше дека мојот муабет беше за оние кои работат во јавни и државни институции, а притоа зборуваат на дијалект. Тука не станува збор за твоите приватни муабети со другар ти или било кој.

Немам никаков проблем да дојдам во Штип или било кој друг град и да пробам да научам нешто од вашиот дијалект. Дијалектите се богатство на еден јазик и народ:).
--- надополнето: 3 јули 2012 во 14:52 ---

Во јавни институции не сум сретнал дијалект. Барем не во официјална комуникација. Како зборуваат со колегата во канцеларија или со швалерката на мобилен е ирелевантно и апсолутно само нивен проблем.

Епа јас имам сретнато, и тоа во Царина и МВР. Ако тебе не ти се случило, тоа не значи дека такво нешто не постои. Поздрав.
 
Епа јас имам сретнато, и тоа во Царина и МВР. Ако тебе не ти се случило, тоа не значи дека такво нешто не постои. Поздрав.
Исто така ако тебе ти се случило не значи дека е правило. Слободно можеш да се буниш за тоа и ако те игнорираат да ги пријавиш на претпоставените.
 
Исто така ако тебе ти се случило не значи дека е правило. Слободно можеш да се буниш за тоа и ако те игнорираат да ги пријавиш на претпоставените.

Живееме ли јас и ти во иста држава? Токму тие претпоставени и ги вработиле, по партиска или некоја друга линија. Ама пошто како граѓанин се бунам, веднаш ќе ми излезат во пресрет...:facepalm:
 
Живееме ли јас и ти во иста држава? Токму тие претпоставени и ги вработиле, по партиска или некоја друга линија. Ама пошто како граѓанин се бунам, веднаш ќе ми излезат во пресрет...:facepalm:
За многу јака работа ќе се буниш, па нив ќе им биде многу тешко да им речат да зборуваат литературно. Многу тешка задача ќе им биде, па затоа ќе ги штитат. :facepalm:

Само ретерираш и ретерираш. Прво рече дека ти смета дијалектот на улица, па сфати дека кажа глупост и сега пробуваш да се извлечеш. Еве стигна до тоа дека шалтерските работници се толку моќни што никој не може да им нареди да зборуваат литературно. :vozbud: Иако, на шалтер во Скопје многу многу почесто имам сретнувано скопски дијалект од било кој друг. Кога ќе размислам малку, само скопски имам сретнато.
 
Ако ме читаше, ќе сфатеше дека мојот муабет беше за оние кои работат во јавни и државни институции, а притоа зборуваат на дијалект. .
Кога го збориш скопскиот, не го говориш македонскиот. Скопскиот не е мак. литературен (што и да значи тоа) така да ...зарем не ти сметаат лица на шалтер кога зборат скопски?
Втора работа би те прашал, дали знаеш дел од маалата како се викале во Скопје? Дебар, Маџир...? ...овде имам нејаснотии за прашување (или како што велеа скопјани прашуење :) )

Инаку овој сега скопски (не се сеќавам на детали, но знам дека има разлика) се разликува од оној да кажеме пред земјотресот и крајот на 60-тите, низ скопските маала.
 
Само ретерираш и ретерираш. Прво рече дека ти смета дијалектот на улица, па сфати дека кажа глупост и сега пробуваш да се извлечеш.

Еве стигна до тоа дека шалтерските работници се толку моќни што никој не може да им нареди да зборуваат литературно.

Каде јас реков дека ми смета дијалектот на улица?? Те молам постирај, затоа што кажав за институциите, не за улица или приватно.

Шалтерски работник со партиска книшка или поврзаност со шефот од типот "од исто место сме" е многу помоќен отколку random обичен граѓанин. Да, можат да им наредат да се поправат, но зошто би се замерувале заради тебе, мене или било кој?

И што ако токму оној кој е претпоставен не ги почитува тие правила? Кој смее нему да му каже нешто? Никој.
--- надополнето: 3 јули 2012 во 15:45 ---
Кога го збориш скопскиот, не го говориш македонскиот. Скопскиот не е мак. литературен (што и да значи тоа) така да ...зарем не ти сметаат лица на шалтер кога зборат скопски?
Втора работа би те прашал, дали знаеш дел од маалата како се викале во Скопје? Дебар, Маџир...? ...овде имам нејаснотии за прашување (или како што велеа скопјани прашуење :) )

Инаку овој сега скопски (не се сеќавам на детали, но знам дека има разлика) се разликува од оној да кажеме пред земјотресот и крајот на 60-тите, низ скопските маала.

Зборувам ли јас овде скопски или литературно? Одговорот на тоето прашање е да, ми пречи ако некои на шалтер зборуваат скопски или било кој друг дијалект, бидејќи е непрофесионално. За жал, на шалтерите имам повеќе искуства со луѓето од провинција кои зборуваат така како што сакаат.
Секако дека јазикот се менува...за 50 години се сменил и сoставот на населението, па и самиот скопски дијалект. Така треба да биде.

Еве некои иинформации за скопските маала, поврзани со миграцијата:

Како последица на доселувањето на население од етничките предели во Македонија и нивно концентрирање во одредени делови на Скопје, тие делови од градот добиле имиња на местата од каде што се доселиле лицата - на пример Дебар маало, Карадаг маало и слично.

Ваквото групирање на доселениците во Скопје давало можност тие да ги сочуваат своите основни етнички белези, како на пример, носијата, народното творештво, дијалектните јазични особености и слично, но и да се прилагодат во новата средина.

Јас зборував за болдираново и велев дека најдобро е кога некој ќе запомни од каде е, но и ќе се интергира во новата средина. Кој сфати - сфати.

Линк:
http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c03maala/c03maala.html
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom