Провинцијалката и нејзините градски жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Благослов е да се живее во било кој планински предел.

Тотално се слагам, само треба да имаш обезбедено егзистенција таму.
А тоа најчесто е доста тешко.
 
провинцијалките имаат мотив ко што скопјанките се провинцијалки у однос на Амстердам Лондон нив им е мотив поише демек нема гробишта у секој град и тоа е. Они од љубов од чиста искрена љубов идат за богатите ебачи од запад.
 
...
6000 денари за сметки?????????Многу е!
...
futuramafry.jpg
 
Веќе одредено време живеам на релација Скопје-Прилеп, па ќе ти го кажам мојот заклучок: тој твој Скопски мит....е само твој. Не е ефтино во Република Скопје, трошоците кои се имаат во основа, се во глобала исти. Тоа важи ако имаш твое живеалиште во Скопје, инаку плаќање кирија драстично ја менаува работата. Струја, нафта, телекомуникации, вода, комуналец....овие работи имаат во глобала исти цени (иако вода+ѓубре е поскапо во Прилеп отколку во Скопје (за Карпош ова го тврдам)), освен за нафтата за која е поскапо ако поминуваш многу пат за работа. Сума сумарум, основните трошоци можи и поголеми да излезат за град во внатрешноста. Тинекс, на пример, цените се исти секаде колку што знам. Облеката, конкертно за Прилеп, во најголем дел се носи од истите тие Шутка и Битпазар, или пак од Грција и Турција. Дури и одредени парчиња облека од Фиори Рамстор се поефтини од истите или слични кои сум ги гледал низ Прилеп, на пример.
Тоа што е генерално поефтино, се кафичите, иако зависи, можиш и во Скопје да најдиш кафич со слични цени како во Прилеп, само не на кеј на Вардар или по улица Македонија.

Што е главната разлика меѓу Прилеп и Републиката Скопје?
Во Прилеп најголема инвестиција е плоштад со бекатон плочки.
Во Скопје? Не знам, ти кажи.

Не збориме за луксузи друже, кафичите, кафаните и сл. се сепак луксуз .......... зборам за основен живот .......... пола и више Скопје се облекува од БитПазар и Шутка, пола и више Скопје купува храна(зеленчук, овошје...) од пазарите, тие пак кои што живеат во периферните населби и села најчесто(не сите) самите си садат бавчи, колку за во своја куќа да си подмират ....... не се сите Скопјани кремови кои шопингуваат секој ден низ трговските центри, ниту пак се сите Скопјани фраери и шизици кои седат по кафичите на кеј или на улица Македонија, дури има и голем процент на Скопјани кои воопшто не одат по никакви кафичи, дури ни во најефтините, тие кремовите тие се само одреден процент(претежно од градските луѓе) ............ друга работа Скопје не е само Центар, Карпош, Аеродром... Скопје е и Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Гази Баба, Илинден, Кисела Вода и.т.н. и покрај тоа што сите Скопјани(и од градот и од периферијата) плаќаат потполно исти сметки, комуналии, даноци... сепак се уредуваат и се градат/украсуваат претежно централните градски општини ........... Центар, Аеродром и Карпош ........... остатокот од Скопје е батал, иако цените на вода, струја, парно, ѓубретарина, даноци се потполно исти на целата територија на Скопје !
Исто така и во Скопје има солиден процент на невработеност и на немаштија, ај да не речам ултра-сиромаштија, ќе го употребам зборот немаштија, било да е во поблаг или пак во поекстремен степен .......... така да митот за Скопје е гола вода ОК можеби процентот на невработеност и на сиромаштија е повисок во внатрешноста, но тоа незначи дека тука е се розово и тече мед и млеко по улиците ........ патем секој трет млад Скопјанец(било машко, било женско) од што е тука многу убаво и прекрасно, својата иднина си ја гледа некаде во странство !
Ние се расправаме каде било поскапо, каде било поевтино у смисол во Охрид кафето било 5 ден. поскапо, во Прилеп било 3 ден. поевтино, во Битола било 5 ден. поевтино, во Струмица било 4 ден. поевтино и.т.н. а ситуацијата во глобала е туткал, неколку денари + или - не играат некоја голема улога, за наш просечен МК стандард веќе секаде е скапо, како во внатрешноста, така и во Скопје !
А и крај краева вината треба да се бара во лицата кои не владеат 2 децении наназад и кои не носеа/носат директно во амбис, дали тоа се прави свесно или несвесно, или пак се само обични марионетки во рацете на некои надворешни/странски центри на моќ тоа е веќе под знак ? и можеме само да си нагаѓаме !
 
Од тоа што можев да видам, ретко кој од внатрешноста (намерно не го користам терминот провинцијалци, бидејќи не сакам да омаловажувам) останува без работно место овде. Протекциите започнуваат уште на факултет, кога професорите им даваат прелазна, бидејќи се од истиот град.Тоа не се случува со Скопјаните, кои некогаш мораат многу повеќе да учат, бидејќи ете, ги гледаат како поразгалени и понесериозни.

Едно прашање до сите вас од внатрешноста. Зошто го девалвирате нашиот труд прифаќајки да работите во Скопје за дупло помала плата од предвиденото? Зарем до толку немате пари, па ќе работите било што? Најчесто за такви суми се наоѓа работа и кај вас, не само овде.

Друго, нека се населува кој сака, но непостоењето на желба да се искултивира малку кога дошол во главниот град е навистина ужас. Па така, секој ден ќе слушнете на улица едно чудо дијалекти за кои се прашувате од каде ли воопшто изникнале, и одбиваат да зборуваат литературно, а сите се демек Скопјани.

И трето, највеќе ми одат на нерви оние кои живеат тука, работат, се омажиле, буквално ништо не им фали, и повторно потенцираат како во Скопје не чинело?! Било валкано, загушливо, нездраво и што ли све не. Епа знаете што, јас сум родена Скопјанка, и го сакам Скопје какво и да е, затоа што е мој град и немам резервен во внатрешноста во кој можам да одам и да го плукам кога ќе ми се смачи, по желба.
 
провинцијалките имаат мотив ко што скопјанките се провинцијалки у однос на Амстердам Лондон нив им е мотив поише демек нема гробишта у секој град и тоа е. Они од љубов од чиста искрена љубов идат за богатите ебачи од запад.

Секогаш во природата се настојува да се оди од пониско кон повисоко, таква е човековата природа, без разлика дали на нас тоа ни се свиѓало или не ........... таа што е од Кратово на пр. сон и е да се омажи за некој Скопјанец и тоа рандом тип, немора да е којзнае што типацот, а пак таа што е Скопјанка, градска женска што би се рекло таа не ти легнува со рандом Скопјанец, туку со некој Шваба, Енглез, Амер, Грк, Италјан, Френк и.т.н. ................ секако неможеме да генерализираме 100% ............... но отприлика вака стојат работите ......... на пр. на некоја Скопјанка да и се претставиш како Србин, Црногорец, Хрват...(демек од таму си ова она) автоматски ќе имаш повеќе можности за успех кај неа, отколку да си обично рандом Скопјанче, знам дека можеби звучи смешно, но така е ........ а пак што ќе остане за странците и тоа од запад !
И пак ќе повторам ова не се 100% генерализации !
 
Од тоа што можев да видам, ретко кој од внатрешноста (намерно не го користам терминот провинцијалци, бидејќи не сакам да омаловажувам) останува без работно место овде. Протекциите започнуваат уште на факултет, кога професорите им даваат прелазна, бидејќи се од истиот град.Тоа не се случува со Скопјаните, кои некогаш мораат многу повеќе да учат, бидејќи ете, ги гледаат како поразгалени и понесериозни.

Едно прашање до сите вас од внатрешноста. Зошто го девалвирате нашиот труд прифаќајки да работите во Скопје за дупло помала плата од предвиденото? Зарем до толку немате пари, па ќе работите било што? Најчесто за такви суми се наоѓа работа и кај вас, не само овде.

Друго, нека се населува кој сака, но непостоењето на желба да се искултивира малку кога дошол во главниот град е навистина ужас. Па така, секој ден ќе слушнете на улица едно чудо дијалекти за кои се прашувате од каде ли воопшто изникнале, и одбиваат да зборуваат литературно, а сите се демек Скопјани.

И трето, највеќе ми одат на нерви оние кои живеат тука, работат, се омажиле, буквално ништо не им фали, и повторно потенцираат како во Скопје не чинело?! Било валкано, загушливо, нездраво и што ли све не. Епа знаете што, јас сум родена Скопјанка, и го сакам Скопје какво и да е, затоа што е мој град и немам резервен во внатрешноста во кој можам да одам и да го плукам кога ќе ми се смачи, по желба.
Senior Flash Developer (програмер) со безмалку три години стаж во Invideous limited во Битола зема плата 18 000 a скоро секој ден седи прекувремено и по 2-3 сати.
Junior Flash Developer во истата Invideos limieted ама во Скопје со два месеци стаж и без никакво предходно искуство има почетна плата од 25 000 a времето го врви на ps3 и на пинг понг кој шо ги имаат во канцеларите, додека чека овај од Битола да му го напиши кодот и да му го прати на skype.

еве ти го мојот коментар од пред две страни. (сам за себе си зборувам во трето лице ако не скопча) Кажи ми кој на кого му го девалвира трудот!!
 
Навистина човек не знае од каде да почне да те демантира.

Од тоа што можев да видам, ретко кој од внатрешноста (намерно не го користам терминот провинцијалци, бидејќи не сакам да омаловажувам) останува без работно место овде. Протекциите започнуваат уште на факултет, кога професорите им даваат прелазна, бидејќи се од истиот град.Тоа не се случува со Скопјаните, кои некогаш мораат многу повеќе да учат, бидејќи ете, ги гледаат како поразгалени и понесериозни.

На факултетот кај што студирав на професорите им беше важно дали знаеш или не. На други факултети им беше важно дали студентот има кеш да им даде или не. Никој никого не пуштил на испит затоа што бил од провинција/Скопје.

Едно прашање до сите вас од внатрешноста. Зошто го девалвирате нашиот труд прифаќајки да работите во Скопје за дупло помала плата од предвиденото? Зарем до толку немате пари, па ќе работите било што? Најчесто за такви суми се наоѓа работа и кај вас, не само овде.

Познавам и Скопјани и провинцијалци кои бараат работа на принципот битно е да се има работа не е битно колку е платена. Џабе генерализираш.

Друго, нека се населува кој сака, но непостоењето на желба да се искултивира малку кога дошол во главниот град е навистина ужас. Па така, секој ден ќе слушнете на улица едно чудо дијалекти за кои се прашувате од каде ли воопшто изникнале, и одбиваат да зборуваат литературно, а сите се демек Скопјани.

Што има врска дијалектот со културата на некој човек?? На крај краеви и скопскиот е дијалект.

И трето, највеќе ми одат на нерви оние кои живеат тука, работат, се омажиле, буквално ништо не им фали, и повторно потенцираат како во Скопје не чинело?! Било валкано, загушливо, нездраво и што ли све не. Епа знаете што, јас сум родена Скопјанка, и го сакам Скопје какво и да е, затоа што е мој град и немам резервен во внатрешноста во кој можам да одам и да го плукам кога ќе ми се смачи, по желба.

И Скопјаните и провинцијалците сакаат да го видат главниот град во најдобро светло, ако и едните и другите се жалат дека е валкано, тогаш можеби навистина има валкани квартови и улици во градот.
Тоа го кажуваат со добри намери за да се среди состојбата, ако не се пожалиш на ниту еден градоначалник нема да му текне да подзачисти.
 
Никој никого не пуштил на испит затоа што бил од провинција/Скопје.

Што има врска дијалектот со културата на некој човек?? На крај краеви и скопскиот е дијалект.

Ова дека никој никого не пуштил на испит затоа што е од провинција не ти држи вода...Со свои очи го имам видено тоа, на УКИМ, повеќепати, а кој наводно е многу поквалитетен и пружа повеќе знаење од приватни факултети каде што се бара само кеш.

Да, и скопскиот е дијалект, но јас овде се изразувам литературно, а не скопски. Приватно може секој да си зборува како што сака, но на работа?? Зошто да си ја трескам главата кога некоја на шалтер растура на нејзиниот дијалект, прашувајќи се дали зборуваме ист јазик.
--- надополнето: 2 јули 2012 во 18:29 ---
quote="Branchez, post: 5137966, member: 54626"]
Познавам и Скопјани и провинцијалци кои бараат работа на принципот битно е да се има работа не е битно колку е платена. Џабе генерализираш.
.[/quote]

А кој прв започна со овој тренд? Немој само да ми кажеш дека се тоа Скопјани.
Видоа што се случува, па одат по линијата на помал отпор, тоа е се.
 
Како што и тука нема работа и Скопјаните веќе бараат работа за мали пари, без разлика дали имаат или немаат факултетски дипломи по дома(закачени на ѕид), колку да не седат дома што би се рекло т.е. колку за џепарац, да не им бараат на родителите ........... јас на пр. работам до сега скоро 5 год. за ситни пари, но барем моите се на раат од мене, не им барам ни денар ......... а Скопјанец сум, така да и не гледам баш некаква девалвација на трудот од страна на новодојденците, трудот е девалвиран тоталка, но за тоа не се криви ниту Скопјаните, ниту оние од внатрешност !
А што се однесува за нечистотијата, загаденоста, баталот... па зар јас ако сум Скопјанец треба да ја кријам под тепих валканоста и несреденоста на Скопје и да лажам пред сите дека се е кристално ........ како што кажав и претходно цело Скопје плаќа иста висина на сметки/комуналии(струја, вода, ѓубретарина, парно...), даноци... а се гради и украсува само во централното градско подрачје(Центар, Карпош и Аеродром)кои горе-доле личат на Европски квартови, но затоа остатокот од Скопје е батал .......... е сега имаш батал, ептен-батал и баш-батал, зависи каде живееш, каде работиш, каде се движиш и каде ќе се загледаш во кој уличен кратер или пак во која мини-депонија, а ги има прилично подоста !
 
Ова дека никој никого не пуштил на испит затоа што е од провинција не ти држи вода...Со свои очи го имам видено тоа, на УКИМ, повеќепати, а кој наводно е многу поквалитетен и пружа повеќе знаење од приватни факултети каде што се бара само кеш.

И јас студирав на УКИМ па не видов ваква појава.
Еве нека каже некој друг форумџија дали забележал професор да пушти некого на испит само заради тоа што е од Скопје/провинција.

Да, и скопскиот е дијалект, но јас овде се изразувам литературно, а не скопски. Приватно може секој да си зборува како што сака, но на работа?? Зошто да си ја трескам главата кога некоја на шалтер растура на нејзиниот дијалект, прашувајќи се дали зборуваме ист јазик.

За ова си во право, службен јазик е литературниот македонски јазик.
Ама ај одговори ми дали ги разбираш рамковните скопјани кои работат на шалтер?? Ко есперанто да ти зборуваат, а се жители на Чаир, Топаана, Бутел... Струмичани се Блаже Конески за нив

А кој прв започна со овој тренд? Немој само да ми кажеш дека се тоа Скопјани.
Видоа што се случува, па одат по линијата на помал отпор, тоа е се.

Прв почнал тој што имал мака во животот, без оглед дали бил скопјанец/провинцијалец.
 
Не збориме за луксузи друже, кафичите, кафаните и сл. се сепак луксуз .......... зборам за основен живот .......... пола и више Скопје се облекува од БитПазар и Шутка, пола и више Скопје купува храна(зеленчук, овошје...) од пазарите, тие пак кои што живеат во периферните населби и села најчесто(не сите) самите си садат бавчи, колку за во своја куќа да си подмират ....... не се сите Скопјани кремови кои шопингуваат секој ден низ трговските центри, ниту пак се сите Скопјани фраери и шизици кои седат по кафичите на кеј или на улица Македонија, дури има и голем процент на Скопјани кои воопшто не одат по никакви кафичи, дури ни во најефтините, тие кремовите тие се само одреден процент(претежно од градските луѓе) ............ друга работа Скопје не е само Центар, Карпош, Аеродром... Скопје е и Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Гази Баба, Илинден, Кисела Вода и.т.н. и покрај тоа што сите Скопјани(и од градот и од периферијата) плаќаат потполно исти сметки, комуналии, даноци... сепак се уредуваат и се градат/украсуваат претежно централните градски општини ........... Центар, Аеродром и Карпош ........... остатокот од Скопје е батал, иако цените на вода, струја, парно, ѓубретарина, даноци се потполно исти на целата територија на Скопје !
Исто така и во Скопје има солиден процент на невработеност и на немаштија, ај да не речам ултра-сиромаштија, ќе го употребам зборот немаштија, било да е во поблаг или пак во поекстремен степен .......... така да митот за Скопје е гола вода ОК можеби процентот на невработеност и на сиромаштија е повисок во внатрешноста, но тоа незначи дека тука е се розово и тече мед и млеко по улиците ........ патем секој трет млад Скопјанец(било машко, било женско) од што е тука многу убаво и прекрасно, својата иднина си ја гледа некаде во странство !
Ние се расправаме каде било поскапо, каде било поевтино у смисол во Охрид кафето било 5 ден. поскапо, во Прилеп било 3 ден. поевтино, во Битола било 5 ден. поевтино, во Струмица било 4 ден. поевтино и.т.н. а ситуацијата во глобала е туткал, неколку денари + или - не играат некоја голема улога, за наш просечен МК стандард веќе секаде е скапо, како во внатрешноста, така и во Скопје !
А и крај краева вината треба да се бара во лицата кои не владеат 2 децении наназад и кои не носеа/носат директно во амбис, дали тоа се прави свесно или несвесно, или пак се само обични марионетки во рацете на некои надворешни/странски центри на моќ тоа е веќе под знак ? и можеме само да си нагаѓаме !
Не те разбирам искрено, која е поентата овде?
Дека Република Скопје е жив очај? Не е точно. Жив очај е Прилеп каде ЛС е најголем инвеститор со плоштад од бекатон плочки, а и најсигурен работодавач преку јавните претпријатија како Комуналец и Водовод, кои се оддвоени баш за таа намена, вработување шо појќе луѓе кои се на листите на партиските заводи за вработување со што и сметките се поголеми во однос на Скопје (овде мислам на Карпош, таму помнав најмногу од цело Скопје па затоа знам).
Дека во Република Скопје не тече мед и млеко? Тоа е точно. Но во Република Скопје барем нешто се движи, нешто се случува. А во Прилеп ако не си во шемите на ЛС или уште неколку поголеми фирми (моментално на 4 такви ми текнува) тогаш перспективата е само преживување, дишење на шкрги, и ништо повеќе.

Пак ќе ти кажам, нема мит за Скопје, има поединци кои бараат нови работи во животот, движење и напредок. Јас лично не знам некој да дошол од Прилеп во Република Скопје со возвишена цел да таму живее за навек. Не, сите доаѓаат по работа која ќе им донесе пари за полагоден живот во Прилеп или пак по напредок на професионален план кој ќе им трасира пат за надвор од државава. Тоа што луѓето ги задржува во Република Скопје не е нивна желба, туку тоа е срамната политика која и сам ја спомна, политика на ненормална централизација која од година во година е се позасилена, еден пример од парите кои УЈП ги собра од прилепските дуќанџии за даноци и казни јас гледам само плоштад со бекатон плочки. А ко ќе влезам низ Република Скопје, одма друго гледам во очиве, ко во друга држава да сум пошол.

Во глобала се согласуваме, но во една работа апсолутно не: а тоа е дека луѓето доаѓале во Скопје инспирирани од некаков скопски крем или не знам што и сакале таков живот. Не верувам во тоа.
--- надополнето: 2 јули 2012 во 20:44 ---
1. Од тоа што можев да видам, ретко кој од внатрешноста (намерно не го користам терминот провинцијалци, бидејќи не сакам да омаловажувам) останува без работно место овде.Протекциите започнуваат уште на факултет, кога професорите им даваат прелазна, бидејќи се од истиот град.Тоа не се случува со Скопјаните, кои некогаш мораат многу повеќе да учат, бидејќи ете, ги гледаат како поразгалени и понесериозни.

Едно прашање до сите вас од внатрешноста. 2. Зошто го девалвирате нашиот труд прифаќајки да работите во Скопје за дупло помала плата од предвиденото? Зарем до толку немате пари, па ќе работите било што? Најчесто за такви суми се наоѓа работа и кај вас, не само овде.

Друго, нека се населува кој сака, но непостоењето на желба да се искултивира малку кога дошол во главниот град е навистина ужас. 3. Па така, секој ден ќе слушнете на улица едно чудо дијалекти за кои се прашувате од каде ли воопшто изникнале, и одбиваат да зборуваат литературно, а сите се демек Скопјани.

4. И трето, највеќе ми одат на нерви оние кои живеат тука, работат, се омажиле, буквално ништо не им фали, и повторно потенцираат како во Скопје не чинело?! Било валкано, загушливо, нездраво и што ли све не. Епа знаете што, јас сум родена Скопјанка, и го сакам Скопје какво и да е, затоа што е мој град и немам резервен во внатрешноста во кој можам да одам и да го плукам кога ќе ми се смачи, по желба.
1. За вакво нешто не сум слушнал досега, знам за слични примери, но за студент и професор/вработен и работодавач кои лично се познавале од претходно, имале лични релации. Ама исклучиво заради исто место на живеење, не.
2. „Дупло помала плата од предвиденото“ - што е тоа „предвиденото“, не те разбирам овде, би те замолил да дообјасниш. И за какви суми се наоѓа каква работа, би сакал да ти одговарам, ама цел овај дел не ти го разбирам воопшто, што сакаш да прашаш и што сакаш да кажиш.
3. Не знам зошто имаш против дијалектите, кога впрочем постои и специфичен скопски дијалект. Јас еве на пример, кога слушам скопјанка никогаш не ми било ништо посебно чудно. Ама да слушнам скопјанец? Особено млад скопјанец? Одбивно ми било до немајкаде. Но со време навикнав, едноставно секој човек си е посебен свет и тоа е тоа.
4. И јас сум против луѓе кои се жалат без да знаат да кажат што е тоа што не им чини. Како и да е, во град со преку 500000 редовни жители + постојани луѓе во транзит (сите знаеме дека многу луѓе од Велес, Куманово и Тетово секој ден патуваат на работа во Скопје + тие од подалечните места кои за викенди се враќаат дома а преку работна недела работат во Скопје), секогаш ќе сретнеш секаков профил на човек.
Конкретно за тебе, кога си родена скопјанка, земи си еден асолен сопруг од внатрешноста, па да видиш што е живот и со втор, или како што велиш „резервен“ град со роднини и пријатели. (y)
 
Се ОК си напишал само уште ова да го додадам .......... викаш дека кога ќе дојдеш во СК гледаш многу работи изградени, средени... знам ама ти конкретно збориш за централното градско подрачје, ти збориш за Карпош, за Центар и Аеродром кои впрочем се јадрото на Скопје и кои се скоро целосно урбани општини ........... високи згради, големи булевари, кафани, кафичи, трговски центри, бутици, продавници за се и сешто, луксузни автомобили, кремчиња и шмизлици со тони, глумење лудило... ахха и секако да го спомнене и проектот СК-2014 ............ кој е ограничен на само еден мал простор од пет чекора(мал ринг) и ништо повеќе ............ но затоа ако отидеш во останатиот дел од СК. останатите општини и приградски населби/маала ќе се фатиш за глава, е баш тој остаток од СК е ист како вашиот Прилеп и остатокот од државава !
Што се однесува за партиските вработувања кои ми ги кажуваш за Прилеп и овдека во СК е потполно исто, можеш да прашаш кого сакаш и секој истото ќе ти го одговори !
А што се однесува до миграциите од внатрешноста на државава во главниот град Скопје ............. интересно ............. можеби лицата од внатрешност ја гледаат својата иднина во СК, а пак од друга страна секој трет млад Скопјанец(било машко, било женско) својата иднина ја гледа некаде надвор од државава ............. значи сума сумарум секој трага по нешто боље ......... убаво кажа еден член претходно на пр. Прилеп(како пример го земам) или пак некој друг МК-град е провинција за Скопје, а пак од друга страна Скопје е провинција и обично маало за Виена, Берлин, Лондон, Париз, Рим, Њујорк... !
 
Првиов дел, можам само да додадам....
Потпис:
Централизација, Влада на Република Македонија (во иднина Република Скопје).

Знам дека е така и во СК во врска со партиските списоци за вработување, ама има една битна разлика - на големите приватни фирми кои ги има во доста поголем број во Скопје во однос на Прилеп еве, на еден или двајца примени од партиските заводи примаат по еден професионалец кој ја знае работата, па не се будали само партиски да примаат, нејќат да пропаднат луѓето. А во Прилеп таквите фирми, на прстите на раката се бројат, тоа е проблемот.
Иднината надвор ја гледаат и многумина од внатрешноста, Р.Скопје е само транзитот, за поголемо искуство, познанства, па и некој денар/евро настрана и сл.

Но на крајот, точно, се се сведува на последното болдирано. А Скопје е такво какво што е сега благодарение на веќе напишаното:
Потпис:
Централизација, Влада на Република Македонија (во иднина Република Скопје).
 
Од тоа што можев да видам, ретко кој од внатрешноста (намерно не го користам терминот провинцијалци, бидејќи не сакам да омаловажувам) останува без работно место овде.1. Протекциите започнуваат уште на факултет, кога професорите им даваат прелазна, бидејќи се од истиот град.Тоа не се случува со Скопјаните, кои некогаш мораат многу повеќе да учат, бидејќи ете, ги гледаат како поразгалени и понесериозни.

2.Друго, нека се населува кој сака, но непостоењето на желба да се искултивира малку кога дошол во главниот град е навистина ужас. Па така, секој ден ќе слушнете на улица едно чудо дијалекти за кои се прашувате од каде ли воопшто изникнале, и одбиваат да зборуваат литературно, а сите се демек Скопјани.
.
Чекај сеа си запознала двајца такви и сите во исти кош ги ставаш? Шо да речам ја за една Скопјанка, не се појави цел семестар на факс, не доби потпис и пред полагања бараше број од професорот еј!!! Дамата разгалена, којзнае што нема изнапраено за да положи и нормално положи во сесија. И сеа според ова Скопјанките сите се со врски, протекции, не учат ?

Муабетот со дијалектите везе ти нема(литературно на улица да зборувам :icon_lol: ), а непостоењето култура и мене ме нервира, ама тоа не е само кај луѓето од внатрешноста, туку и кај голем број Скопјани. И не зависи тоа кој од каде е, многу добро го знаете, али мора секаде да се исплукаат провинцијалците нели? ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom