Што се однесува на тоа дека само во Скопје се запишувале на факултет а во другите градови не,тоа не е точно ист е бројот на студенти. Тука има околу 15.000 за овие 4 години не се празни веќе почнаа да доаѓаат и деца од Турција. Ви изгледа дека е празно бидејќи се што се работи по шалтерите на УКИМ тука иде електронски и ниеден студент нема пред шалтер.
Никој не ви е крив што има гужва во Скопје тоа е до вработените не до студентите што на време не се услужени и се ствара гужва и ви изгледа како цела Македонија да е таму.

Зошто многу Скопјани идат да студираат на УГД ако не се квалитетни факултетите?
И не ми е јасно зошто ги мразите таквите личности? Главен град нормално дека ќе има од секаде. И кај нас во Штип дојдоа да студираат од села и помали градови па не ми сметаат иако сум од стара Штипска фамилија.
И тие се луѓе со срце и желба за подобар живот, не се криви што таму се родиле и немаат некои добри услови а сакаат да напредуваат или им треба работа, лекување или студирање во голем град.
Не може цел живот да бидат во помал град или село. Државата нека направи фабрики како што отворија факултети па ќе се намали бројот.
И на вас провинцијалците да ви понудат услови за живот во Париз и вие ќе идете тогаш ќе ви е убаво а?
Имам братучетка која се омажи за богат Скопјанец од угледна фамилија со 3 станови и коли за секој член во фамилијата, а она е од источна Македонија и си живеат нормално. Не е она вонземјанин, па да не ја сакаат неговите и да го убедуваат да ја остави.

А на вас Скопјаните ако не ви се зима жена надвор од Скопје не мора никој не ве моли да гледате такви.
Инаку мојте сметки се
1300 Струја
300 Вода
1200 за дрва
300 Вип за два броја

1000 Интернет, ТВ и телефон
15.000 стандардна плата за еден член, а парите од другите 3 членови остануваат за храна.
Дојдите во Штип поефтини се сметките
И јас сакам да се греам на струја а не да цепам дрва цело зимо и да пијам кафе од 150 ден на кејот ама пијам од 40, сакам секој викенд да пијам коњак, коктел ама поминувам со пиво, морам да штедам за да ми останат.
Сакам да фрчам со моторот и колата по цел ден ама нема возам ги кога има потреба. Сакам да извадам кредит да си идам на одмор во Хрватска или Шпанија да потрошам 1000 евра па после да плачам немам пари за леб како што прават повеќето со мали плати а сакаат газот да им е исончан па после ејјј многу давачки имаме вие во другите градови немате.
Е нема колку ви е долга чергата толку ќе ги пуштите нозите.

Секаде сметките се исти мала разлика има во цената на некои прехрамбени прозиводи за 10% е поскапо во Скопје но пак облеката е поефтина за 30%.