Провинцијалката и нејзините градски жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Не си ни ти Хегел, што да правиме...

На другар ми не му беше ветена работа преку врски, ти тоа априори погрешно си го претпоставуваш. Да, ги обвинив сите оние од внатрешноста кои прифаќаат да работат за помала плата, токму поради тоа што имаат поголеми трошоци во Скопје (кирија, комуналии, храна).Работава е: Имам големи трошоци, ама ќе се задоволам со помалку.
Ако сум во некоја тешка животна ситуација, ќе се борам за повеќе, а не обратно.

Во последново се согласуваме:)
Никој не се задоволува со помалку. Едноставно таква е ситуацијата на пазарот, понудата и побарувачката се среќаваат при таа цена (9000 на пример). Доколку би постоела поголема понуда на работни места платите би биле повисоки, но не се.
Читај погоре за додатни информации да не се повторувам.
 
Не зборував лично за тебе, не те ни познавам. И те молам престани гневот кој го имаш од твоите скопски колеги и менаџери во фирмата да ми го истураш мене.

За тоа колкава би ти била платата да си почнел веднаш да живееш во Скопје тоа си била лично твоја одлука и јас немам ништо со тоа.

Искрено, не знам каква е таа компанија која фаворизира Скопјани, а сите други ги малтретира. Секоја нормална фирма фавозирира пред се квалитетни луѓе, без оглед на тоа дали се од Скопје или друг град.

Немој да ти пречи финансирањето на Скопје 2012. Повели, ако сакаш, слободно дојди земи ги сите врби, ангели факелоносци и споменици. Освен тоа, колку што сум информирана, кај вас ќе заживее Битола 2016, така да нема зошто да се лутиш. За брзо време ќе не стигнете, кај и да е:D

И за крај, за твоја информација, имам поживеано на друго место, сум го пропатувала половина свет. Токму затоа нема да ти реплицирам на твое ниво, како во последниот став од твојот пост.
Да го имаше ти пропатувано пола свет,ќе видеше дека во секоја метропола (како што сакате да го гледате Скопје) има луѓе буквално од секаде,а најмалку локални. За пример ќе ги земам Амстердам,Париз,од локалниве Атина и Белград а најдобар пример е Ну Јорк кај што има луѓе буквално од цел свет.
И можи најбитно од се,да беше малку шетана немаше да застаниш во одбрана на тој сексуално исфрустриран и ограничен дебил што ја напиша колумната со која се отвори темава.
п.с еве ти една колумна да прочиташ http://zemizdiv.com/index.php/provincijalec пошто нели,паричката имаше две страни а јас заминвам да спијам,утре сум на работа
 
Не си ни ти Хегел, што да правиме...

На другар ми не му беше ветена работа преку врски, ти тоа априори погрешно си го претпоставуваш. Да, ги обвинив сите оние од внатрешноста кои прифаќаат да работат за помала плата, токму поради тоа што имаат поголеми трошоци во Скопје (кирија, комуналии, храна).Работава е: Имам големи трошоци, ама ќе се задоволам со помалку.
Ако сум во некоја тешка животна ситуација, ќе се борам за повеќе, а не обратно.

Во последново се согласуваме:)

Оти не ги обвиниш и скопјани кои работат за помала плата во Скопје, чисто ради промена?
Има некоја статистика a posteriori која покажува дека луѓето од внатрешноста работат за помали плати во Скопје или пак тврдењето ти е тебе од ракав?
 
За пример ќе ги земам Амстердам,Париз,од локалниве Атина и Белград а најдобар пример е Ну Јорк кај што има луѓе буквално од цел свет.

И можи најбитно од се,да беше малку шетана немаше да застаниш во одбрана на тој сексуално исфрустриран и ограничен дебил што ја напиша колумната со која се отвори темава.

п.с еве ти една колумна да прочиташ http://zemizdiv.com/index.php/provincijalec пошто нели,паричката имаше две страни а јас заминвам да спијам,утре сум на работа

Ако ме читаше внимателно, ќе разбереше дека јас воопшто не го бранам овој кој ја пишал колумната.

Да, во сите светски метрополи (што Скопје според светски стандарди не е) има луѓе од цел свет. Но, сите тие се интегрираат културно во општеството, во градот во кој дошле. Ај да видам некој емигрант од Чехословачка или од било каде, кој одбива да научи Англиски а се кажува Американец.

Последен пат ќе кажам, немам ништо против никого од помалите градови, но имам против оние кои лебот си го вадат од Скопје, а кога ќе појдат во родниот крај за викенд плукаат по се што е скопско. Толку.
 
Ај да видам некој емигрант од Чехословачка или од било каде, кој одбива да научи Англиски а се кажува Американец.
Кој тоа во Скопје одбива да учи македонски, а се кажува Македонец?
 
Што се однесува на тоа дека само во Скопје се запишувале на факултет а во другите градови не,тоа не е точно ист е бројот на студенти. Тука има околу 15.000 за овие 4 години не се празни веќе почнаа да доаѓаат и деца од Турција. Ви изгледа дека е празно бидејќи се што се работи по шалтерите на УКИМ тука иде електронски и ниеден студент нема пред шалтер.
Никој не ви е крив што има гужва во Скопје тоа е до вработените не до студентите што на време не се услужени и се ствара гужва и ви изгледа како цела Македонија да е таму. ;)
Зошто многу Скопјани идат да студираат на УГД ако не се квалитетни факултетите? :eek:

И не ми е јасно зошто ги мразите таквите личности? Главен град нормално дека ќе има од секаде. И кај нас во Штип дојдоа да студираат од села и помали градови па не ми сметаат иако сум од стара Штипска фамилија.
И тие се луѓе со срце и желба за подобар живот, не се криви што таму се родиле и немаат некои добри услови а сакаат да напредуваат или им треба работа, лекување или студирање во голем град.
Не може цел живот да бидат во помал град или село. Државата нека направи фабрики како што отворија факултети па ќе се намали бројот.
И на вас провинцијалците да ви понудат услови за живот во Париз и вие ќе идете тогаш ќе ви е убаво а? :D

Имам братучетка која се омажи за богат Скопјанец од угледна фамилија со 3 станови и коли за секој член во фамилијата, а она е од источна Македонија и си живеат нормално. Не е она вонземјанин, па да не ја сакаат неговите и да го убедуваат да ја остави. :tapp:
А на вас Скопјаните ако не ви се зима жена надвор од Скопје не мора никој не ве моли да гледате такви. ;)

Инаку мојте сметки се
1300 Струја
300 Вода
1200 за дрва
300 Вип за два броја :D
1000 Интернет, ТВ и телефон
15.000 стандардна плата за еден член, а парите од другите 3 членови остануваат за храна.
Дојдите во Штип поефтини се сметките :icon_lol:

И јас сакам да се греам на струја а не да цепам дрва цело зимо и да пијам кафе од 150 ден на кејот ама пијам од 40, сакам секој викенд да пијам коњак, коктел ама поминувам со пиво, морам да штедам за да ми останат.
Сакам да фрчам со моторот и колата по цел ден ама нема возам ги кога има потреба. Сакам да извадам кредит да си идам на одмор во Хрватска или Шпанија да потрошам 1000 евра па после да плачам немам пари за леб како што прават повеќето со мали плати а сакаат газот да им е исончан па после ејјј многу давачки имаме вие во другите градови немате.
Е нема колку ви е долга чергата толку ќе ги пуштите нозите. ;)
Секаде сметките се исти мала разлика има во цената на некои прехрамбени прозиводи за 10% е поскапо во Скопје но пак облеката е поефтина за 30%.
 
Кој тоа во Скопје одбива да учи македонски, а се кажува Македонец?
Албанските криминалци кога ќе сторат кривично дело надвор од земјава. Особено во Италија.
Не знаев дека Скопје е надвор од земјава, особено во Италија.
 
Не знаев дека Скопје е надвор од земјава, особено во Италија.

Колку ли е убаво некој да испише страни и страни на некоја тема, а ти да го начекаш во 2 по полноќ во грешка...Ма, милина:)
Смислата на мојата реченица беше сосема јасна, а ти се фати за ситница.
Додека се во Скопје, одбиваат да учат македонски. Штом излезат од границите на земјава и сторат криминал, се кажуваат Македонци.

Ова го кажав како пример за некој кој одбива да се интегрира во општеството, а потоа бара привилегии од истото за кои смета дека му припаѓаат (повикување на државјанство, граѓанство и слично).
 
Ова го кажав како пример за некој кој одбива да се интегрира во општеството, а потоа бара привилегии од истото за кои смета дека му припаѓаат (повикување на државјанство, граѓанство и слично).
Па не ги прашуваат за националност туку бараат документ со кој се потврдува од каде се, многу им е гајле на италијаните што националност се туку чии државјани се. Има разлика.
 
Па не ги прашуваат за националност туку бараат документ со кој се потврдува од каде се, многу им е гајле на италијаните што националност се туку чии државјани се. Има разлика.

Гледам дека сега се вклучи во муабетот, па за да нема недоразбирања и за да сфатиш што ми беше поентата, ќе пастирам од претходно, сума сумарум:

Последен пат ќе кажам, немам ништо против никого од помалите градови, но имам против оние кои лебот си го вадат од Скопје, а кога ќе појдат во родниот крај за викенд плукаат по се што е скопско. Толку.
 
Колку ли е убаво некој да испише страни и страни на некоја тема, а ти да го начекаш во 2 по полноќ во грешка...Ма, милина:)
Смислата на мојата реченица беше сосема јасна, а ти се фати за ситница.
Додека се во Скопје, одбиваат да учат македонски. Штом излезат од границите на земјава и сторат криминал, се кажуваат Македонци.

Ова го кажав како пример за некој кој одбива да се интегрира во општеството, а потоа бара привилегии од истото за кои смета дека му припаѓаат (повикување на државјанство, граѓанство и слично).
Темава е Скопје вс. провинција, а не Македонци вс. Албанци во Скопје. Плус, на неколку наврати наназад напиша дека ти смета дијалектот на кои зборувале одредени жители на Скопје. Затоа повлеков заклучок дека паралелата ти беше дека и тие што ќе дојдат од провинција треба да научат македонски, по примерот на Мексиканците кои се населувале во САД. Мојата забелешка беше дека тие всушност знаат македонски. Го препрочитав постот и повторно добив таков впечаток.
 
Ми пречи кога работат во јавни институции, а притоа зборуваат на дијалект, јасно кажав. И да, треба да научат литературен македонски - ако веќе сакаат да се кажуваат Скопјани.
Кажав погоре што навистина ми пречи и мислам дека бев јасна, да не се повторувам.
 
:facepalm:
 
Во јавни институции не сум сретнал дијалект. Барем не во официјална комуникација. Како зборуваат со колегата во канцеларија или со швалерката на мобилен е ирелевантно и апсолутно само нивен проблем.

Слободно може да се кажуваат скопјани (со мала буква), а да говорат на нивниот локален дијалект. Исто како што нигерите во Лондон користат специфичен сленг, Индијците некој смешен англиски, Шкотите не можеш да ги разбереш... А повторно слободно може да се претставуваат како лондончани. И никому да не му пречи тоа. Т.е. има некои на кои им пречи, ама јасно им е дека да не се тие дојденци економијата на градот ќе биде помножена со нула. И мора да ги трпат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom