Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Го гледав Butterfly effect 1 вчера и многу ме измори психички...Поентата на филмот можеле и на поинаков и не толку сложен начин да ја прикажат...
Туку за тие што сте ги гледале вториот и третиот дел...-Вреди ли да ги гледам...? Или истото е, а во поинакво пакување од кецот...?
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
Го гледав Butterfly effect 1 вчера и многу ме измори психички...Поентата на филмот можеле и на поинаков и не толку сложен начин да ја прикажат...
Туку за тие што сте ги гледале вториот и третиот дел...-Вреди ли да ги гледам...? Или истото е, а во поинакво пакување од кецот...?
Што те измори толку, не е некој тежок филм/мајндфак :)
Двојката и тројката не ги гледај, како што кажа - истото е, само (по)лошо направено.
Кецов, ако не знаеш, има 4 краја (y), 3 се слични а едниот баајги иде у друг правец, па - бирај. :)
Director's cut-от не чини, не за џабе ги исфрлил режисерот тие сцени.
Единствениот филм у кој сум го видел Ештон Качер добро да одглуми. :D
Ејми Смарт :love:
Го чекам на блуреј, за 2 недели ќе искочи.
Кај Патлиџаните и Метакритик, сега видов, има само 3/10 :facepalm:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Give this guy a medal.
Членот е опоменат. Којзнае колку луѓе се зезнале со рецензијава:facepalm:
Оваа рецензија треба да оди во графа, неверојатно ама вистинито.

Да ја искористам приликава да промрчам дека во последно време рецензииве се катастрофа невидена или се спојлеристика или се имдб стил од три реченици. Да санкционираме како што треба дали пет шест кои се напишани во последниве два три месеци, ќе останат.

Не ги разбирам луѓево, ако си тапа за рецензии или те мрзи да пишуваш, пиши си пост во генерална дискусија ко човек, не билдај постови непотребно, плус да им го уништиш уживањето на луѓе во филмови. Мислам шта речи, а не заплакати....
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
И јас не ги разбирам рецензиите од стил на: одлична глума на [актер], [режисерот] нависитна добро си ја направи работата, перфектна сценографија... Point is, таквите рецензии би одговарале за СЕКОЈ филм, па која е поентата да читам/пишувам такви субјективни рецензии што би одговарале на секој филм? Јас радо би читал спојлери или рецензии од стил: Ми се допаѓаше [БАШ ТОЧНО ОВОЈ ДЕЛ КОГА ОВОЈ НАПРАВИ ОНА], интересен беше делот кога [...]
Don't mind me, just hatin'
 
Не може да издржи тоа во тебе:icon_lol:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Safe House e крими-акција филм, во режија на Даниел Еспиноса, главни улоги во филмот Рајан Рејнолдс (Мет Вестон) и Дензел Вашингтон (Тобин Фрост).​

Overrated.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Аватар е епска потрага по секс

Ова не е само за Aватар, спомнати се многу други. Анализа на филмовите во Холивуд од психолошки, социолошки и политички аспект, нешто што мене многу ми се допадна. Ми личеше ко Вуди Ален и Џорџ Карлин да седнале да јадат бурек заедно :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Sherlock Holmes и Sherlock Holmes: A Game of Shadows
Стара-нова приказна за англискиот детектив, прилагодена за американските гледачи. Добар глумец е Робер Дауни Џ., добар е и Џад Лоу, ама во оваа приказна има други кои се снашле подобро. Гледливо, ама ништо посебно.
Sherlock на пример, е серија, па не би требало да споредувам, ама секоја епизода (сите траат околу час и половина) од неа ми беше подобра од филмовиве.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Pluh ај стави асална слика за да продолжи играта како што треба.
П.С Дечки знаете како се игра играва, не се истрчувајте со постирање додека тој што погодил не стави слика.;)
Тука за да не расипувам тема... Баш е интересна сликата. Можат да се збунат со некој друг филм со пингвини, а тие што го гледале филмот барем 2 пати сигурен сум дека ќе ја погодат. Како и да е... избриши ја сликата ако не е добра
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тука за да не расипувам тема... Баш е интересна сликата. Можат да се збунат со некој друг филм со пингвини, а тие што го гледале филмот барем 2 пати сигурен сум дека ќе ја погодат. Како и да е... избриши ја сликата ако не е добра
Стави си нова, бидејќи гледам дека откако малку настанал хаос во темата си им го кажал одгворот на дечкиве. Така што не е фер, да погодуваат нешто што си им го кажал. Да не го тупиме, ти си си на ред, пуцај стави некоја слика по ќеф:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom