Фан Клуб: Вардар

Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
Момци ај да каже некој нај евтина варијанта до Минск, од каде најблиску има авио линија,пари колку би била карта.Секоја информација е добредојдена. Нај сериозно прашувам.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Во тек на вадење мислам дека му е лиценцата. Тетовче многу лесно можеше да биде тренер во младинските категории во Вардар доколку Дон Илчо не ставаше рампа за негов ангажман, ама фраерот не трпи конкуренција во своја близина, особено ако не e од негово најблиско oпкружување. Сега и те како ќе се најдеше Тетовецот. Има харизма човекот, а и омилен меѓу Вардарци.
Аман бре зарем толку е “лош“ Илчо?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.562
Поени од реакции
29.157
Постарите ми рекоа будали како тебе неможе :D
чекераукц!:pos:

Иначе не знам колку сте запознаени ама за во Белорусија за да одите ви треба виза која тешко се добива, а друго чаре е групно одење преку туристичка агенција и не знам они си завршуваат некои процедури. Цената е околу 650 евра директен лет од Белград до Минск. Нема од Скопје.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
чекераукц!:pos:

Иначе не знам колку сте запознаени ама за во Белорусија за да одите ви треба виза која тешко се добива, а друго чаре е групно одење преку туристичка агенција и не знам они си завршуваат некои процедури. Цената е околу 650 евра директен лет од Белград до Минск. Нема од Скопје.
На темата Евтини авионски карти, има пишано дека Скопје-Минск(преку Истанбул) излегувала 290евра повратна.
http://forum.kajgana.com/threads/Евтини-авионски-карти.5022/page-42#post-5130257
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Каков авион бре , ВОЗ ! ВОЗ ! ВОЗ! :D
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Филип Петров сепак останува во Вардар. Потпишал нов 2 годишен договор. Од утре иде на Златибор :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
На Сајбер му се исполни желбата за Петров :)

Значи уште еден класичен шпиц ни фали, и комплетни сме.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Двајца млади италијански фудбалери, офанзивци, изданоци на школите на Рома и на Лацио, преку менаџерска агенција му се понудени на Вардар, а Илчо Ѓорѓиоски треба да ги прегледа нивните ЦД-иња... Доколку му „фатат око“, иако со другото око веќе ја проверува својата програма за влез во ФФМ, ќе издаде наредба да дојдат на проба во Вардар. Покрај тоа, во „црвено-црните“ редови се врати и Филип Петров, кој потпиша двегодишен договор со најтрофејниот клуб. Тој беше на проба во Романија, но откако увиде дека не е така лесен гастарбајтерскиот живот, сепак, си се врати во редовите на Вардар.


„Филип Петров се врати во Вардар и потпиша нов двегодишен договор со клубот. Тој беше на проба во Романија, но откако не успеа, сепак, се врати во старото јато. Има најави и за некои млади италијански фудбалери, кои му се понудени на Вардар, изданоци на младинските школи на Рома и на Лацио, а ЦД-иња со нивните игри се испратени кај шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски. Доколку забележи нешто интересно, можеби и ќе пристигнат на проба“, информира за ЕКИПА, извршниот директор на Вардар, Горан Митев.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=9452
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Многу размислував и дојдов до прашања штом има можност да се доведе играч од 3та шпанска ... значи ни таму платите не им изнесуваат над 2/3 000 неделно( Месечно на наш стандард)
Па еве пример.. Алжир? Екипа која е некаде 50то место на Фифа и Ело(мислам вака се викаше ) ранкинг листите... пример еве 2 играча кои се и не регуларни повремени репрезентативци, при години пред се (26/30) што сигурно не ќе напредуваат уште повеќе од тоа што веќе се..
http://www.youtube.com/watch?v=vK7doaVLwbw
http://www.youtube.com/watch?v=sUmtuL77R7g
http://www.youtube.com/watch?v=pi7H_-dHiy0
http://www.youtube.com/watch?v=hk69Ecw43L8
Да не ги закачувам како видеа зашто сепак сум офтопик...
Доколку квалитетни играчи не може да се носат ( Кои секако НЕ коштаат пари ) , поради ПЛАТА... зошто вакви минимални но за наши стандарди сигурен сум квалитетни играчи...
По една сезона со некои мизерни Алжирци ( пример давам.. Иран Миран нешто глупости... секаде и во Сиера Леоне има 2/3 квалитетни играчи дури не па во овие високо котираните репрезентации..) сигурно ќе се поттикне моралот на пензионираниве македонци... на 20 години стигнале прв тим и не им се трча веќе не им е битно ништо.. па лигата ќе ја пцујат.

ПС: Воедно http://en.wikipedia.org/wiki/Ivan_Klasnić доколку би биле барем на ниво на Србска или Хрватска лига би можеле да доведуваме вакви пред пензија докажани играчи кои веќе парите и не им се во преден план зашто се осигурани за цел живот, но кој би сакал со вакво име да игра кај нас?

Едно огромно извини до сите ако не се согласувате со коментарчево, слободно нека биде избришан доколку наиде на лоша репутација или комични сцени во фан клубов. :) Едноставно се молам да се исполни се што се претпоставува за Хаџи и да го избркаат а да не победи пак тој или некој од неговите па да оди Македонија малку по малку нанапред.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.096
Поени од реакции
74.904
Филип Петров сепак останува во Вардар. Потпишал нов 2 годишен договор. Од утре иде на Златибор :)
Тооо Цецоооо :icon_mrgr:
Подобро Филип Петров него ли некои што треба допрво да се вклопуваат во тимот :)
Останавме само на уште еден или двајца напаѓачи како и десно бекче како замена за Мичка :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
Искрено, се надевам дека ќе ви позајмиме неколку фудбалери, тоа би било од корист за сите три страни. Ние имаме вишок од фудбалери под договор, секако дека има и таленти кои значајно би го подобриле квалитетот на Вардар.

Имаме нов бран на талентирани фудбалери, но не можат сите да добијат шанса. По мои проценки, Асамоа 90% оди на позајмица затоа што кај нас е 3. или 4. шпиц. Инаку, сигурно е дека ќе биде спремен кондиционо и за првиот меч против БАТЕ затоа што Звезда го има еден од најдобрите кондициони тренери во последнава деценија.

Се работи за екстра брз играч, многу вреден и со желба за успех. Во прилог на тоа говори фактот што своеволно останува после тренинзи да се унапредува. Како што реков, играч со екстра брзина (само на овој квалитет у Мак Лига ќе даде 15+ голови), солидна техника и учество во игра. За реализаторските способности да се коментира, сепак треба да го одгледаме повеќе пати. Како и да е, не е дрво, туку играч со добар потенцијал. Има и играчи на други позиции кои можат да бидат отстапени на позајмица и се надевам дека одговорните од ФКВ ќе контактираат некого од Звезда. Додуше сигурен сум у тоа пошто ќе бидат некое време заедно на Златибор.

Инаку, со среќа против БАТЕ, заебани се, ама мора да се дадат 100% - па што биде.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.562
Поени од реакции
29.157
Се шпекулира дека Александар Гелов бил пред потпис со Вардар.
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 20:32 ---
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.096
Поени од реакции
74.904
За Тони нормално е што ставил таква слика ипак потпиша и официјално за Пелистер. Со среќа нека му е...
Кој е овој Александар Гелов?
Стави некое инфо како божем имаме идеја за кој играч се работи :icon_mrgr:

Според суперспорт извесен Филипо Скардина му бил понуден на Вардар...
http://supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=10589:vardar-po-italijanci&catid=50:shpekulacii&Itemid=129
А најверојатно и некој Кофи ама за тоа не биле сигурни :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom