Да се надоврзам за муабетот на Saber, кога вчера Вардар изгуби, се изначитав секакви глупави коментари на фан-страницата на клубот, вклучувајќи ја и онаа на ЦЦС. Кога веќе ги спомнав, јас не знам што им е филмот на ЦЦС, првин пуштија пацка дека Град Скопје ќе се повлече од финансирањето и ќе дошол некој не знам од каде, па после со разни критики кон управата дека сме немале напаѓач, како да тие во управата не знаат дека немаат. Се прави непотребно негативна атмосфера!
И не знам што очекуваат некои луѓе во настапите на Европа, освен клубот што подостојно да се претстави. За да клубот ита кон групите на ЛШ, требаат спонзори кои ќе даваат пари за добри играчи, а клубот засега нема доволно спонзори за да може да купува играчи какви што купува на пример Партизан. Инаку јас лично верувам дека управата дава максимум за да собере што е можно подобри играчи, врз основа на моменталниот буџет што го има.
А и нели тоа беше најбитно? Да се консолидира клубот, па потоа да се ита кон групите во Европските лиги? И јас се надевам еве, дека ќе го пројдеме Бате (затоа што во фудбалот секојпат може аутсајдерот да го победи фаворитот), али и да не го пројдеме, здравје следната сезона, кога ќе се соберат доволно заинтересирани компании кои ќе инвестираат во клубот. Затоа што во денешно капиталистичко време, ништо не се прави без пари.