Не мислев да те „тепа“ и да те малтретира психички работодавачот него едноставно дали си му продуктивен или не. Прочитај го постот на
Anco и ке сватиш на што мислев
Добро се извинувам заборавив да спомнам.
Додека „работевме“- како чираци,земавме некоја плата-не плаќаа.
Значи тоа е 22-24 дневници на 1/2 = 11-12 работни денови.
Платата незнам колку беше да се изразам во парични срества,но
сосем доволна за како месечен џепарец да не бараме од дома,
и сме биле задоволни(иако јас сум ја работе работата,зборам за третата година,па и втората,исто како било кој друг вработен мајстор.
.............................
За сегашнава состојба ако повеќе ве интересират „интелектуалците“
поточно мозоците оние со ВСС-инжињери што доаѓаат по фабриките.
Значи не зборам за канцелариски кадар-компјутер и англиски и кафе.
Туку за оние стручњаци за во погон . З А К У Р Н Е ГИ Б И В А.
Прво,честито завршиле,зеле диплома но пракса за тоа што го учеле
и се стручњаци и знаење од областа ,колку јас од АПОЛО и Шатл и
Абре појма си немаат,а треба од нив да очекуваме да ни кажат,или не дај
боже да унапредат нешто во произвоството или некоја нова иновација да дадат. Зјапат само ко теле во шарена врата,а знаете зошто е така.
Учеле за кранови,дигалки ,сајли.макари,преноси,терети и се разбира формули,ама бре не виделе во пракса како е тоа да дигнеш 24 тони,и како да го врзеш и осигураш,па затоа се дешават несреќи секаде од прости
причини.(како она кај вас смешни инсерти со дизалицата на обала)
овој пример го дадов онака ми дојде најпрост, а за посложено нешто,да не правиме муабет се се остава на нас мајсторите,ништо нема од нив да чуеш,освен како она што спомнав за ливчето и снимки од ороспии.
Па ако му кажеш не знаеш се лути одозгора уште.Јас го рачунам за добар инжињер оној кој почнал од КВ мајстор,што знае каков е тежок животот,и што не го буткал татко му, па потоа и работи и студира,е од него ќе биде добар инжињер,тој веќе го познава произвоството и машините,и работел на нив и на конечниот производ,и ги увидел сите маки и тешкотии во врска со тоа.
Но за жал ретки се вакви. Сега што доаѓаат во погон инжињери се се со препорака НЕЧИИ а НИКАКВИ. И ќе се влечат 5-10 години прво низ погон, во парови по двајца да не се изгубат,не знаејќи ни они што им е работа и што треба да работат а и незнаат.Ако чуеш добар ден и толку.
И не - не доваѓат на практиканство,бидеиќи се повеќето нивни-наши де
се знае одма решение и плата и одма сакат да се Менаџери.
А дипломите е тоа е тајност-строго чувана,не смееш ни да прашаш,
оти да не испадне некој ВСС-бербер или козар а е г-дин дипл. инг.
Тоа е затоа што после средно се оди одма на факултет.Не треба така.
Неколку години 3-4 работа па на факултет.Или и факултет ама и пракса,
секојдневна ,неделна или месечна,ова ги има изгледа само на факултетот за медицински науки.А таму така и треба,за нас се работи.