- Член од
- 16 септември 2007
- Мислења
- 1.486
- Поени од реакции
- 338
Да кажам нешто како беше во мое време по оваа работа .
Немам многу школо,но тогаш 60-70 години беше „Учи сине занат“
па и нашата чаршија цела беше занати-еснафи и тоа 100%
од казанџиите во Еврејското Маало,до ковачите на Бит пазар.
немаше ни една менувачница или кладионица на цел тој потег.
Јас учев и завршив ви „Коце Металец“-но така беше и во другите
стопански училишта: во АСУЦ, трговско,куварско,столарско и сл.
Еден ден си во школо - а еден ден си на пракса, или некаде беше
една недела на школо - една недела си на пракса.
Не те примаат за редовен ученик во било од кој тие „занатски“
средни школи ако не си нашол каде ќе обавуваш пракса.
Тоа се тогаш викаше „ ЧИРАК “- или просто каде си ти чирак
беше прашањето,а не каде си на пракса или практикант.
Јас завршив Машинбравар,но уште во првата година се научив
да заварувам,и ми било голем мерак да заварувам по цел ден,
сите мајстори ми давале и ми се лупеле рацеве од таа работа.
Имавме „дребонг“во погонот,и по втора година отиде калфата во
војска ,и јас за бргу време го научив и тоа да го работам,
тој ме обучи во тоа,и потоа цела година ( 3 во школувањето )
сите работи на таа машина ги работев јас како чирак.
По цел ден исто како било кој друг вработен и со квалитет.
Откога ќе завршиш со успех и школото ама и праксата,имаш диплома.
Без позитивна оцена од „ ЧИРАЧЕЊЕТО“ нема диплома.
Се полагаше и пракса: правиш некој предмет и операција по струката.
Потаоа си бараш работа ,веќе како обучен и спремен за работа:
БРАВАР; ЕЛЕКТРИЧАР; СТОЛАР; КУВАР: ДРЕАР:АВТОМЕХАНИЧАР.
Но веднаш не добиваш решение за мајстор,бидеиќи немаш ама ИЧ стаж,
одиш си бараш фирма,може и кај што си ЧИРАК бил,ама сега жќе бидеш,
КАЛФА и на платен список со плата.По една година,најдоцна три
добиваш решение за МАЈСТОР АНЧО = КВ БРАВАР.
По некаде пет до десет години работа ,може но и со предлог на шефот,
да бараш да полагаш за ВКВ, тоа е високо-кваливикуван бравар.
А пак тоа значи дека ,покрај тоа што добро-одлично го владееш ЕСНАВОТ , може и да водиш и група, т.с. да бидеш и бригадир.
Ако сакаш пак да одиш понатаму,тогаш си ја вршиш работата ( КВ )
и одиш учиш вечерно школо за техничар,каде бараа нек.год.раб.стаж.
Се разбира на почеток,купување цигари,и четврт леб и кобасица,
беше наша работа на ЧИРАЦИТЕ, а и чистење на машините и метење.
.......................
Ама сега не е така.
Затоа кај мене доаѓаат на работа на„ ПРАКТИКАНСТВО“ деца и што ?
има диплома металска струка. Но појма нема од ЕСНАФОТ. Дибек.
или електричар,или било што друго за к...не ги бива,
затоа треба повеќе пракса,како порано - со работа
а сега доаѓа сабајле,и го вади ливчето од џеб и ми вика :
- „ Гледај за едно, ме заеба ..мам.... му...е.....“
е на тоа мислат, а не да научи да заварува или нареже навој на цевка.
Dobar post covekot pisuva kako togas se ucelo a kako e sega da se ova primeni kako sto bilo veruvam deka nevrabotenosta mnogu ce se namali .....ama sekogas ima ona AMA