Да ви одговорам на сите наеднаш, јас сум прошла скоро се во жолтана зграда па можам да ви кажам. Прво, ако идете на подготвителна не се правете стипси и дајте уште 2000 и идете и на демото, многу е важно поготово сега со промените во пиемниот, за нас се знаеше се, цртање и психо тестирање, сега е малку потешко. Инаку, демо тестирањето не предвидува тестирање кое вклучува поени за приемниот, и без оглед на тоа што е пред подготвителната идете слободно, дури и подобро е што е така, ќе знаете за време на подготвителната на што да обрнете повеќе внимание, веројатно постои нешто што ве бива повеќе и нешто што не ве бива. Студентски ви работат секој ден од 11ипол до 1ипол, тетките се многу фини, броевите ги имам пишано погоре и нека не ве мрзи даја прочитате целата тема, ако сега ве мрзи да читате ич не се запишувајте на овој факултет каде треба да имате предвид дека се е важно од она што е напишано, џабе ви е болдирање и извлекување на поважни работи од она што ви е дадено да се прочита, па така и на форумов, односо темава за факултетот, прочитајте си се за да не биде после не знаев никој не ми кажа. Имајте во предвид, ќе се запишете на еден од најзахтевните факултети во државава, овие 30тина страници нека ви бидат само добр припрема за тоа што ве чека
Ете јас ве искарав ама не приметив дека имало уште една страна, значи во врска со лап топ, десктоп, дефинитивно лап топ, јас се зезнав со десктопот и мака мачев, ќе има доста цртање на факултет од трета година па натака, не дека и порано ќе нема ама нема да осетите толкава потреба. Е сега во однос на брзината, 3Д програмите бараат поголема меморија, искрено ја на работа цртам на антички примероци ама па живци искинав, подобро кога плаќате сега да платите повеќе отколку за некое време да треба да менувате. Што се однесува до монитор, подобро е да си земете нормален лаптоп, 17ка, а за дома да си имате некоја варијата од монитор поголем кој ќе си го поврзете со лаптопот, така со еден удар две муви, мислам дека ова ќе ви даде јасна слика колку ќе ве чини факултетот предвреме, не се надевајте дека ќе биде ефтино, јас веќе се разочарав еднаш па да ве предупредам