Сакам да студирам Архитектура

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Од 100 поени максимум, 40 поени се од приемен, а 60 од средно обарование. Па за тоа според мои пресметки од средно образование имам околу 45 поени. :( Што е во старт губење на 15 поени на конечната ранг листа, па затоа и треба добар приемен за да вопшто се влезе, што дури некогаш и бил пресуден не се гледал просекот од серено што до негде е и правилно. Инаку фала за почита и подршката, ќе останам на големата и искрена желба со волја за да студирам таму, работев и ќе работам уште до тој приемен, ќе се обидам да го поминам солидно и уште ќе верувам во ,,Бога" дека ќе влезам таму. Фала...
 
Кога јас дојдов на приемен искрено бев малку уплашена, сите мои идни колеги имаа претходно зимано часови кај една професорк и веке биле на Демо приемниот, кај мене не беше тој случај. Но сепак влегов и тоа во државна квота :vozbud:, немаше посреќно човече од мене. Е сега, ни јас немав некој значителен просек во средно така да нека не ти биде тоа голем стрес. ;)
 
Здраво... подолго време не бев приклучен на форумов, сега ги прочитав последните пораки па сакав да прашам. Значи од вкупно 100 поени 60 поени се од успехот во средно? или тука спаѓа и матурата? а 40 поени си остануваат само од приемниот? За друго што сакав да прашам е за демо тестирањето? Која е улогата? или тоа се само примери за приемниот тест? И последно прашање, можеби е рано за тоа да се мисли, ама јас имам во план за сместување бидејки не сум од Скопје да барам стан во близина на факултетот, па ако има некој во план слично или пак нешто во врска со сместувањето (ако некој што веќе има најдено стан и бара цимери), нека ми пиши ПП да напрајме некој муабет бидејки знам дека тоа е уште еден (да го наречам) проблем кој ни престои... Позз :)
 
Хммм....да рано ти е сеуште но вреди да се размислува. Да почнам од почеток, колку што знам 60 се од средно, 40 од приемен(претпоставувам бидејќи знам дека 40 се од приемен секако). Демо, мораш да го посетиш, во последно време игра голема улога демото, поготово откако се изменети приемните, не се повеке едноставни како порано, а вака од пва рака ќе бидеш запознаен за тоа што може да те очекува кога ќе седнеш на приемен, верувај многу е полесно со новиот тип на приемен ако претходно си бил на демо тестирање. Сместување, нека не те лаже господ да идеш у студентски, поготово не во оние што се далеку од факултетот. Најдобро ќе ти биде да си најдеш стан, со цимери од нашиот факултет бидејќи само така ќе можеш да се усогласиш со обврските. Не е сега дека сме којзнае колку тека категорија уметници ама навистина не би можел да се ускладиш со студенти од економски или па правен. Со среќа!
 
Уф не би можела да ти одговорам за тоа, доколку в меѓувреме дознаам нешто би ти помогнала секако, доколку не 02/3116367 е бројот од деканат, ќе ти се јави Бети, се ќе ти објасни. ;)
 
Јас не би ти препорачал приватни часови, џабе ти се. Оди само на демо-то и не фрлај пари за приватни часови :) Гледај станот да ти е близу факултетот и да, со студент од архитектура подобро ќе ти е иако ќе бидиш со сите колеги како цимер :)
Не знам кога си полагал приемен но јас минатата година спремав една девојка за приемен и на крај јадната падна, воопшто не е истиот приемен како порано , сменето е сто посто, а и нема повеќе само демо, мораш да одиш на комплет од месец дена спремање и демото, чини 7 000 денари се заедно.
 
Златен Градежен Факултет,не се замарајте со архитектура :)))
 
Златен Градежен Факултет,не се замарајте со архитектура :)))
Не би рекла баш, за креативци не е градежен дефинитивно, тоа е факултет за луѓе кои имаат малку повеќе талент за матаматика и наука воопшто. :)
 
Не знам кога си полагал приемен но јас минатата година спремав една девојка за приемен и на крај јадната падна, воопшто не е истиот приемен како порано , сменето е сто посто, а и нема повеќе само демо, мораш да одиш на комплет од месец дена спремање и демото, чини 7 000 денари се заедно.
И сестра ми одеше на вакво спремање и демо (пред три години), а голем дел од нејзините колеги одеа на плус дополнителни часови. На првиот приемен ако добро се сеќавам поминаа околу 40 души, а за тие што се загрижени за успехот од средно, многу е побитно дали ќе го положиш приемниот од прва, оти имаше деца со многу слаби оценки од средно кои положија од прва и на тој начин се запишаа во државна квота. И за тие што се запишуваат на овој факултет, би им препорачал да го направат тоа само ако ја сакаат струката, ќе треба да се откажат од многу работи и да не се разочаруваат лесно, оти разочарувањата можат да почнат уште од приемниот испит :)
 
Не знам кога си полагал приемен но јас минатата година спремав една девојка за приемен и на крај јадната падна, воопшто не е истиот приемен како порано , сменето е сто посто, а и нема повеќе само демо, мораш да одиш на комплет од месец дена спремање и демото, чини 7 000 денари се заедно.
Да да неубаво се разбравме.. мислев ДЕМО и СПРЕМАЊЕ.. :)
Сакав само да кажам дополнително од тоа ништо да не зема часови за џабе да ги фрла парите. Ако на демото и спремањата не научиш тогаш не оди да полагаш едноставно не те бидува. Логика не се учи :)
 
Дали некој од вас знае кога е подготвителната настава? на web страната пишува дека и демо тестирањето и подготвителната е во прва половина на јуни а тогаш нели полагаме матура. ако е некој информиран точно од кога е нека пиши.бидејќи можно е да се работи и за печатна грешка.поздрав:)
 
Почетокот на јули е подготвителната настава.
 
Edna molba :) Ako ima nekoj na forumot koj e prva godina na arhitektura kje go zamolam da mi pise vo inbox... Imam nekoi prasanja za fakultetot, fala odnapred :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom